Од економски аспект, амортизацијата го претставува трошењето на долгорочните средства кои фирмата ги употребува во период подолг од една година, а од финансиски аспект тоа се парични средства со кои се овозможува замена на потрошените долгорочни средства со нови.

Целта на пресметка на амортизацијата за сметководствени цели е да се процени векот на употреба и да се определи методот на амортизацијата со кои трошокот на амортизацијата ќе овозможи искажување на реална и објективна вредност на долгорочните средства, а соодветно на тоа и реално и објективно искажување на резултатите од работењето.Пресметката на амортизацијата се темели на сметководствените политики на претпријатието и одредбите на Меѓународните сметководствени стандарди. Терминот има латинско потекло и означува „умртвување“.

Амортизираат се долготрајните активи и нематериалните. Моралното трошење се должи на развивањето на технологиите, а физичкото трошење е сврзано со елементите на машината, без кои таа не може да работи. Амортизацијата не се пресметува на земји, гори, споменици на културата, наполно амортизирани активи, коишто се во процес на придобивање. Овде има мал исклучок: при новоизградена зграда ако дел од неа може да се искористува полноценетоо, амортизациите ќе се пресметуваат само за оној дел.

Методи за пресметување

уреди

Методите за амортизација претставуват начинот, по кој се определува размерот на амортизацијата во определен период во рамките на срокот на годноста на амортизациониот актиив. Тие условно се разделуваат на линеини и нелинеини :

При линеиниот метод амортизацијата се разпределува пропорционално во периодот на предпочитаниот рок на годност на производот. Ако имаме долготраен актив со пресметена вредност од 1200 и предпријатието е определило рок на искористување на производот 10 години, тоа означува дека секоја година амортизационата квота на овој производ ќе е 120 евра.

При нелинеините методи размерот на амортизацијата е различен во рамките на периодот. Тие можат да бидат:

  • намалени нелинеини методи на амортизација, при што во секој следен период во рамките на предпочитаниот рок на годност на амортизираните производи размерот на амортизацијата е понизок од претходниот период. Овие методи се приложуваат тогаш кога фирмата е определила, дека користа од производите е определено во почетокот на рокот на годноста и со тоа таа се намалува. Такви методи се:
  • метод на намалување на остатокот
  • метод на рамномерното намалување
  • метод на намалување на сумата на вредноста
  • метод на нерамномерното намалување
  • големени нелинеини методи на амортизација, при кои во секој следен период размерот на амортизацијата е поголем од претходниот период.

Овие методи се приложуваат кога предпријатието е пресметило, дека користа од производите е определено во крајот на рокот им на годност, а не во почетокот. Такви методи се:

  • метод на рамномерното зголемување;
  • метод на зголемување на сумата на вредноста
  • метод на нерамномерно зголемување.

Реалното утврдување на амортизацијата како трошок за еден пресметковен период е важно за реално и објективно искажување на расходите а со тоа и точното утврдување на финансискиот резултат. Термини кои се употребуваат при амортизацијата

  • Амортизациона вредност е вредноста на производот, која подлежи на амортизација во испланираниот му рок на годност. Оваа вредност претставува разликата помеѓу почетната му вредност и неговата вредност која останува.
  • Амортизациона квота е оној дел од амортизационата вредност, која се разпределува помеѓу оделните периоди.
  • Амортизациона норма се пресметува како 100/ рокот на искористување.