Фактори на производство

Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Инпутите во економијата уште се нарекуваат и фактори на производство. Според класичната економија тие се делат на три категории:

Земја

уреди

Земјата, или поопшто природните ресурси, се дел од природата. Овде влегуваат обработливите земјоделски површини, земјата како фактор врз кој се подигаат фабрички згради, патишта, куќи, станбени згради и сл. како и рудните богатства во земјата, енергетските ресурси (сонце, вода, јаглен, нафта, природен гас и сл.).

Капиталот е составен од најразлични произведени добра кои служат за производство на други стоки и услуги. Овде се вбројуваат различните видови maшини и алатки, опремата во халите, самите производствени хали, зградите, компјутерите, крановите, камионите, тракторите, косалките, жетварките и сл.

Трудот, т.е. работната сила, човечките ресурси, значи трошење на физичката и умствената способност на луѓето во производството на најразлични добра и услуги. Притоа луѓето имаат различни квалификации, знаења, умеења, стекнати преку образованието и практичната работа.

Претприемништвото претставува процес на откривање на можности и преземање активности за реализација на тие можности со рационална употреба на ресурсите.

Претприемачи се сопствениците на капитал, односно на фирми, кои се способни да вршат постојано разместување на ресурсите кон најпродуктивните точки на нивната употреба, да ги комбинираат и рекомбинираат природните фактори (како замена на постојните фактори со поевтини), да воведуваат иновации заради остварување повисок доход, да преземаат ризик и сл.