Гостиварски дијалект
Гостиварски дијалект или горнополошки дијалект — дијалект што спаѓа во подгрупата на западни и северозападни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува во областа Горни Полог, односно во градот Гостивар со околните села, во соседната област Горна Река и во селата покрај брегот на Мавровското Езеро. Гостиварскиот дијалект е близок дијалект со кичевско-поречкиот дијалект и со реканскиот дијалект. Дијалектот е карактеристичен по тоа што нема поделба на машки и женски директен и индиректен објект.
Гостиварски дијалект | |
---|---|
Горнополошки дијалект | |
Јазично семејство | индоевропски
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | – |
Гостиварскиот дијалект на картата на македонските дијалекти. |
Фонолошки одлики
уреди- Фиксиран акцент на третиот слог од крајот на зборот како во стандардниот македонски јазик.
- Стариот ѣ е заменет со е
- Отсуство на гласот х од фонолошкиот систем, комплетно заменувајќи го со в : страх – страв; прах-прав, бех-бев...
- Употреба на а наместо јон и јен
- Согласната група цвь- добива резултат цу- : цути.
Морфолошки одлики
уреди- Лична заменка за прво лице еднина е ја.
- Лична заменка за прво лице множина е мие.
- Употреба на дативната кратка заменска форма за машки род во индиректен објект и за женски род : Дај му ја топкава на Тони / Дај му ја топкава на Ивона.
- Скратување на наставката -ови во -ој кај едносложните именки од машки род: столови-столој, волови-волој.
- Употреба на трите членови : човеков, човекон, човекот.
- Се чува наставката -т кај глаголите во трето лице еднина: одит, јадет, гледат, спиет…
- Употреба на глаголските форми со има/нема + глаголска придавка во среден род : Имам носено, немам јадено.
- Жива употреба на формите на минатото неопределено свршено и несвршено време што е одлика во стандардниот македонски јазик: сум одел, не сум гледал, сум ја прочитал оваа книга.