Персиска книжевност
Персиската книжевност (на персиски: ادبیات پارسی) опфаќа два и пол милениуми, иако многу од предисламскиот материјал е изгубен. Нејзините извори често доаѓаат од далечни региони кои се надвор од границите на денешен Иран, бидејќи персискиот јазик процветал и преживеал и во региони на Средна Азија. На пример, Руми, еден од најсаканите персиски и исламски поети пишувал на персиски, но живеел во Конија, денес во Турција, а тогаш главен град на Селџуците.
Класична персиска книжевност
уредиПо арапската инвазија во VII, па сè до IX век, Персијците често пишувале научни дела на арапски јазик, а и песни. Кога завладеал народниот јазик, настанала "персиската ренесанса". Веќе во X век се појавиле значајни поети (како Рудаки, Дакики и други), а без сомневање најголем епичар е Фирдуси, кој ги напишал Шахнамите. Во XI век се јавуваат лиричарите Минучихри и Унсури, како и многустраниот Насир Хусрав, додека XII век го има славниот Омар Хајам, поет кој се прославил со познатите рубаи (четиристишија), потоа Анвари, главниот дворски фалопоет и Низамија, најголемиот романтичен поет.
Суфиска поезија
уредиСуфиската (или мистичната) поезија, која уште од порано имала одлични поети, во XIII век го добила Руми, својот најголем претставник и извонреден лиричар. Неговиот современик шеј Сади проповеда практична филозофија и стекнува голема популарност. Сепак, суфизмот толку многу ја окупира книжевноста, што го насочува Шабистари (?-1320) во некој вид на стиховен прирачник.
Други поети од класичниот период се Иби Јамина, поет на ситни лирски фрагменти; Заканија, најголемиот сатиричар; Нахшабија, преработувачот на индиските збирки за седумдесетте папагалски приказни и Хафиза, најголемиот лиричар и мајстрор за газели. За последен класичар се смета Џами (XV век), лиричар, епичар и многустран прозен писател. Прозата, на пример, се среќавала и во одделни песни (како на пример во „Ѓулистан“), а особено во збирките со раскази, како и во повеќе светски и верски книги.
Персија воопшто била главен посредник помеѓу Индија и Европа при раширувањето на расказите и новелите (како на пример Илјада и една ноќ). Прозаисти се и главните историчари Рашидудин, Хамдулах, Мирхонд и други.
Посткласичен период
уредиПо 1500 година, за време на владеењето на Сефевидите (1502-1736), настапува посткласичниот период на персиската книжевност. Во почетокот овој период дал помалку поети, од кои најпознат е Мухташам (?-1588). Поради недостатокот на домашни мецени (материјални помагачи), некои поети наишле на добар прием во Делхи, во дворците на големите могули (особено кај царот Акбар), како Урфи (?-1590), Фејзи (?-1595) и други. Персискиот шах Аббас Големиот (1587-1629) воспоставил врски со Европа (англичанецот Шерли му бил министер). Неговиот двор во Исфахан бил полн со панегичари кои ја немале славата на старите поети. Од постарите, најмногу се истакнал Саиб (?-1677), па Сефевидите. Во XVIII век познат е поетот Хазин (?-1766, Бенарес). Во Персија тогаш бил познат и Лутф Али Азар, писателот на Атешкедите, биографски лексикон со повеќе од 800 песни. Во XIX век, Фатх Али-шах, од Канџарската Династија, создавал стихови и се обидел да ја обнови традицијата на Махмуд од Газна, но неговиот министер Нашат (?-1828) е подобар и како поет, и како допишувач со западните сили. Сепак, најдаровит писател на XIX век е Ка'ани (1807-1853), наречен и вториот Хафиз, хуморист и песимист. Лиричарите Јагма (?-1860) и Шејбани (?-1888) се прави сатиричари на тогашните жалосни услови. На крајот на XIX век делувал Насируддин-шах (кој бил и владетел од 1848-1896), кој станал пример со своите патописи за Европа на другите поети. Најистакнат книжевник за време на неговото владеење е Риза-кули-хан Хидајет (?-1871), кој напишал две важни дела за персиските поети.
Странското влијание се согледува и во драмите, кои повеќето биле комедии преведени од турски или азербејџански, како Везирот од Ленкорањ. Драмите не се изведувале, но често се прикажувале т.н. та'зии, дела за шиитските маченици Хасан и Хусејн.
Посткласичната поезија сегогаш била во знак на владеечката вера (отпрво шиизам), но во средината на XIX век се јавило верското движење бабизам, кога мирзот Али Мухамед од Шираз ги прогласил "вратите" ("баб" на арапски значи "врата") низ кои единствено се стигнувало до вистината (всушност, тоа било еден вид на мистичка и пантеистичка теософија). По неговата смрт, повеќето бабоисти тргнале по стапките на некој Бахауллаха, па ова движење по него често се нарекува и бахаизам.
Современа перисиска книжевност
уредиМодерната перисиска книжевност датира од XX век, кога во неа преовладувале народниот говор и домашните мотиви. Тогаш настанале романите и расказите од животот на обичниот човек. Тие ја нагласуваат заостанатоста и бедниот живот на жената, работниците и другите граѓани. Имало и романи од народното минато (пред арапското освојување), дури и 2-3 фантастични романи, но и некои кои се одраз на борбата за уставност, демократија и република.
Драма и поезија
уредиСе јавуваат трагедии и комедии, но во поезијата која има сјајна традиција, новото тешко можело да се спроведе. Затоа и оние кои пееле за современи теми не можеле да ги избегнат пораните поетски (класични) форми (како Едиб Пишавари, кој бил историчар, германофил и политичар). Останати позначајни поети се мирзот Садик-хан (со псевдоним Емири), Ираџ-мирза (се борел за еманципација на жените), Ариф Казвини (бард на уставната револуција), Шуриде Ширази (продолжувач на газелите) и Техеранецот Бахар (роден 1884), кој се смета за најголем персиски поет.
Најновите ирански поети стојат и во поглед на формата под влијание на западните или напредни култури: комунистот Лахути, Пури Давуд (англо-индиско влијание), Рашид Јасими, а воедно и видниот книжевен историчар, поетесата Парин (1910-1941), Феридун Таваллали и други.
Проза
уредиВо прозата е направен голем пресврт. Во неа појасно избива борбата за политички и социјални права, а главни претставници се Џемалзаде, Зејнулабидин, Аббас, Халили и Санатизаде.
Од современите романописци и романописци се истакнуваат Мухамед Хиџази, Садик Хидајет, потоа реалистичниот набљудувач на селскиот и работнички живот, поштар и преведувач Кафке Бузург Алави.
По книгата Записи од затворите, повеќето книжевници и научници пишуваат критика и книжевната историја по европски терк. Влијанието на персиската класична книжевност било необично големо на турската и урду-книжевността (сега пакистанска). Од сите источни поети, во светската книжевност влегле најмногу персиски.