Јасеновац (логор)
Јасеновац — логор во истоимениот град во Хрватска.
Логорот Јасеновац е формиран во август 1941 година, а ликвидиран во април 1945 година.
Системот на концентрациони логори Јасеновац го дизајнирал Вјекослав Макс Лубуриќ додека бил во егзил. Бил и негов прв командант. Прв директор на логорот бил бившиот свештеник Мирослав Мајсторовиќ, а подоцна Динко Шакиќ.
Логорот е граден од август 1941 до февруари 1942 година. Поголем дел од логорот се наоѓал во местото Јасеновац, околу 100 километри југоисточно од Загреб. Логорите 1 и 2 бил во селата Брочици и Крапје, али брзо се расформирани poради честите поплави. Затворениците се префрлени во логорот Циглана (Јасеновац 3), кој бил најголем логор и вклучувал и крематориум. Во Долна Градина од другата страна на Савa се вршени погубувања. Логорот за деца бил во Сисак, а женскиот логор во Стара Градишка на југоистокот од Јасеновац, иако жени и деца имало и во Јасеновац.
Бројот на жртвите никогаш не е точно утврден. Логорската архива е на двапати уништувана (почетокот на 1943 и април 1945 година). Државната комисија на Хрватска констатирала во извештајот на Меѓународниот воен суд во Нирнберг, дека бројот на жртвите е помеѓу 500.000 и 600.000. За ѕверствата на усташките касапи постои голема документација. Меѓутоа властите во бившата СФРЈ никогаш не дозволиле истата да се истражи, па дури ни во најтајните форми. Најверојатно од страв да не би се избришала одредницата усташ = четник. Жртвите на логорот биле скоро исклучиво Срби, Евреи и Роми,а и значителен број на Македонци.
На 9 октомври 1942 година Вјекослав Лубуриќ т.н. "Макс" бил на свеченоста во Јасеновац, кој ја приредил како прослава на годишницата на своето крваво владеење и во својот одржан говор рекол: "...и така ние во оваа година овде во Јасеновац сме ви испозаклале и повеќе луѓе отколку Османлиското царство за цело време на престојот на Турците во Европа".