Рајко Аврамовски (Радиовце, Тетовско, 9 февруари 1914 - Радиовце, Тетовско, 2 ноември 1987) — македонски партизан, учесник во НОБ.[1]

Рајко Аврамовски
Роден 9 февруари 1914
Радиовце, Тетовско, Држави на Словенците, Хрватите и Србите СХС
Починал 2 ноември 1987
Радиовце, Тетовско, НР Македонија СР Македонија
Занимање партизан, учесник во НОБ

Животопис

уреди

Аврамовски е роден на 9 февруари 1914 година во земјоделско земејство во тетовско Радиовце. Како млад родител заминува на печалба во Белград, каде го затекнува војната. Веднаш зема учество во истата и испратен е на сремскиот фронт во Третата Војводинска ударна бригада. Бил заменик-командант со кодно име Папандреу. Бил ранет 11 пати, а рамото му страдало најмногу, кога бил ранет во јануари1945 кај Питомача, Подравина. Како преживеан партизан, се вработува во државна служба. Бил даночник во тогашната општина во Жеровјане сè до пензионирањето. Умира на старост од 73 години во родното Радиовце на 2 ноември 1987 година. Носител е на повеќе воени медали и ордени.

Наводи

уреди
  1. Панин, Радован; Трећа војвођанска НОУ бригада, 1980, Пролетер Рума

Надворешни врски

уреди