ОУ „7 Март“ - Челопек
Основно училиште „7 Март“ (официјално: Основно општинско училиште „7 Марси“ - Челопек; скратено: ООУ „7 Марси“) — централно основно училиште во тетовското село Челопек, Општина Брвеница.[1]
7 Март
7 Марси | |
---|---|
![]() Поглед на училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Брвеница |
Наречено по: | 7 Март |
Нас. место: | Челопек |
Адреса: | с. Челопек |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1982 |
Директор: | Јасин Река |
Број на ученици: | 545 (2024/25) |
Настава на: | македонски и албански |
Контактни информации | |
Мреж. место | 7marsi.weebly.com/ |
Е-пошта | ou-7marsi-brvenica@schools.mk |
Телефон | 044/457-626 |
Факс | 044/457-626 |
Училиштето е именувано по денот на албанските наставници 7 Март.
Местоположба
уредиУчилиштето се наоѓа во тетовското село Челопек.
Историја
уредиЦентралното училиште било изградено во 1982 година,[2] а како посебно училиште било основано во 1985 година.[3]
Во минатото училиштето се викало Братство-Единство, за потоа да се преименува во Братство. Подоцна локалните Албанци поднеле барање за преименување до Министерството за образование. Предложеното име, инаку го одбележува Денот на албанските наставници, кој всушност е датумот на кој е отворено првото училиште на албански јазик во историјата.
Во текот на 2006 година, наставата била во прекин за македонските паралелки, бидејќи македонските ученици биле напаѓани и малтретирани од албанските ученици или група повозрасни жители (Албанци), поради што учениците и нивните родители ја бојкотирале наставата.[4]
Во 2008 година, во училиштето повторно имало бојкот, откако биле назначени двајца директори истовремено.[5]
Настава
уредиВо училиштето наставата се изведува на албански и на македонски наставен јазик во 33 паралелки, од кои 2 комбинирани.
Подрачни училишта
уредиВо составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „7 Март“ - Долен Челопек, подрачно деветгодишно училиште на албански наставен јазик;
- ПУ „7 Март“ - Милетино, подрачно деветгодишно училиште на албански и на македонски наставен јазик; и
- ПУ „7 Март“ - Блаце, подрачно певетгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
уреди-
Поглед на училиштето
-
Детското игралиште
-
Влезот
-
Летниковец
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-02.
- ↑ „Годишна програма за 2024/25“ (PDF). ОУ „7 Март“ - Челопек. август 2024. Посетено на 29 декември 2024.
- ↑ „За нас / Për ne“. ООУ “7 Марси“ - Челопек / SH.F.K. "7 Marsi" - Çellopek. Посетено на 2024-12-29.
- ↑ Е., Г. (16 октомври 2006). „Децата не одат на училиште, бидејќи биле напаѓани и малтретирани“. Утрински весник. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Посетено на 29 декември 2024. - ↑ „KISS“. web.archive.org. 2008-04-05. Архивирано од изворникот на 2008-04-05. Посетено на 2024-12-29.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)