Знамиња во Океанија

список на статии на Викимедија
(Пренасочено од Океански знамиња)

Ова е галерија на знамиња во Океанија. Галеријата вклучува знамиња на меѓународно признати држави, како и зависни територии во Океанија.

Океанија.
Океанија.

Независни држави целосно во Океанија

уреди
знаме држава усвоено на употреба опис
  Австралија 3.9.1901 официјално државно знаме Темносина површина, со приказ на соѕвездието Јужен крст во неприцврстениот дел, федерална ѕвезда во прицврстениот дел и знамето на Велика Британија во кантон. (Знамиња на Австралија)
  Вануату 13.2.1980 официјално државно знаме Две хоризонтални ленти во црвена и зелена боја, поделени со црна поширока и жолта потенка лента кои се формираат црн триаголник со жолти граници во прицврстениот дел. На триаголникот има приказ на златен заб од вепер и два папрата.(Знамиња на Вануату)
  Кирибати 12.06.1979 официјално државно знаме Површината е поделена на два дела, црвено горно поле и сино-бели бранови во долниот дел. На црвената површина има приказ на изгрев на сонце и златна фрегата.(Знамиња на Кирибати)
  Маршалски Острови 1.5.1979 официјално државно знаме Темносина површина, со приказ на две ленти во портокалова и бела боја кои се протегаат од долниот лев агол кон горниот десен агол. Во кантонот има приказ на ѕвезда.(Знамиња на Маршалските Острови)
  Микронезија 10.11.1979 официјално државно знаме Сина површина со приказ на четири бели ѕвезди.(Знамиња на Микронезија)
  Науру 31.7.1968 официјално државно знаме Темносина површина со златна лента и бела ѕвезда под неа.(Знамиња на Науру)
  Нов Зеланд 24.3.1902 официјално државно знаме Темносина површина, со приказ на соѕвездието Јужен крст во неприцврстениот дел во бело-црвена боја и знамето на Велика Британија во кантон.(Знамиња на Нов Зеланд)
  Палау 1.1.1981 официјално државно знаме Светлосина површина со златен диск во средината.(Знамиња на Палау)
  Папуа Нова Гвинеја 1.7.1971 официјално државно знаме Дијагонално поделена површина во црна и црвена боја. На црното поле има приказ на Јужниот крст во бела боја, а на црвеното поле има приказ на златна Рајска птица.(Знамиња на Папуа Нова Гвинеја)
  Самоа 24.2.1949 официјално државно знаме Црвена површина, а кантонот темносин со приказ на Јужниот крст.(Знамиња на Самоа)
  Соломони 18.11.1977 официјално државно знаме Дијагонално поделено поле, разграничено со златна лента, во темносина и темнозелена боја. На темносиното поле има пет бели ѕвезди.(Знамиња на Соломините)
  Тонга 4.11.1875 официјално државно знаме Црвена површина со цел кантон, а во него црвен крст.(Знамиња на Тонга)
  Тувалу 11.4.1997 официјално државно знаме Сина површина, со златни ѕвезди кои одговараат со бројот на острови и знамето на Велика Британија во кантон.(Знамиња на Тувалу)
  Фиџи 10.10.1970 официјално државно знаме Светлосина површина, со националниот грб во неприцврстениот дел и знамето на Велика Британија во кантон.(Знамиња на Фиџи)

Независни држави кои понекогаш се сметаат за дел од Океанија

уреди
знаме држава употреба опис
  Источен Тимор официјално државно знаме Црвена површина, а во прицврстениот дел два триаголника во црна и жолта боја со бела ѕвезда на црниот триаголник.
  Индонезија официјално државно знаме Две исти хоризонтални ленти во црвена и бела боја.

Зависни територии во Океанија

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди