Знаме на Тувалу
Знамето на Тувалу е официјалното знаме на оваа океанска држава. Ова знаме било усвоено во 1978 година по независноста во 1978 и одвојувањето од Кирибати во 1976.
Употреба | државно и пловно знаме |
---|---|
Сразмер | 1:2 |
Усвоено | 1978 |
Опис
уредиЗнамето е составено од позадина во уникатна нијанса на сина боја, која не може да се најде на други сини симболи. Во кантонот на знамето се наоѓа знамето на Обединетото Кралство, пракса која ја користеле скоро сите зависни британски територии. Во слободниот дел од знамето има поставено девет златни ѕвезди кои ги претставуваат деветте атоли и острови на државата кои се распоредени исто како што се островите, но во правец кон исток, не кон запад.
Промени и контраверзи
уредиИмето на државата Тувалу значи „осум заедно“, што се однесува на осумте населени острови до 1949, а деветтиот бил населен нешто по таа година. Така, во октомври 1995 година една ѕвезда била тргната од знамето според името на државата. Во јануари 1996 година се дизајнирало ново знаме без знамето на Обединетото Кралство, но пак се зачувале осумте ѕвезди. Сепак, народот не го прифатил тоа знаме бидејќи не ја симболизирала монархијата (кралицата Елизабета II) и во 1997 година се вратило старото знаме со девет ѕвезди.[1]
Други знамиња
уреди-
Државно знаме на Тувалу.
-
Знаме на Генералниот гувернер на Тувалу.
-
Симболизам на ѕвездите.
Историски знамиња
уреди-
Знаме на Гилбертски и Елиски Острови.