Грбот на Фиџи е официјалниот грб на оваа океанска држава. Грбот бил претставен како грб на колонијално Фиџи на 4 јули 1908 година.

Грб на Фиџи
Подробно
Усвоен4 јули 1908
Челенкаброд
Штитштитот е поделен на пет дела со по еден елемент во нив
Држачистароседелски фиџиски војници
МотоRerevaka na kalou ka doka na Tui

Опис

уреди

Централен елемент на грбот е штитот. Горниот дел од штитот е во црвена боја на која има приказ на златен британски лав кој во рацете држи кокос. Под лавот се наоѓа Крстот на Св. Џорџ кој го дели белиот штит на четири полиња. Во три од нив има симболи на локалната флора, како што се шеќерна трска, кокосова палма и банани, а во четвртиот има приказ на гулаб на мирот, кој бил симбол на првиот крал на Фиџи. Како држачи на штиот се јавуваат двајца фиџиски војници, од кои левиот е свртен нанапред и држи копје, додека десниот е свртен кон левиот и држи боздоган. Над штитот се наоѓа приказ на брод, а под штитот националното мото Rerevaka na kalou ka doka na Tui или во превод „Плаши се од Господ, слави го кралот“. Грбот бил претставен на 4 јули 1908 година како грв на колонијално Фиџи, но грбот се користи и за независно Фиџи. Штитот од грбот се појавува и на знамето на Фиџи. Британските елементи (крстот и лавот) ги симболизираат врските со Британија и историјата на Фиџи, гулабот е симбол на првиот крал на Фиџи, а фауната природата на Фиџи.[1]

Наводи

уреди

Поврзано

уреди