Знаме на Куковите Острови
Знамето на Куковите Острови има сина основа на која се наоѓа знамето на Обединетото Кралство во горниот лев агол. На десната страна од знамето се наоѓаат петнаесет бели ѕвезди подредени во круг кои ги претставуваат всушност Куковите Острови.