Знаме на Маршалските Острови
Знамето на Маршалските Острови — официјалното знаме на оваа океанска држава кое било усвоено на 1 мај 1979 година. Знамето е составено од сина позадина поделена со лента во бела и портокалова боја со бела ѕвезда над лентата. Знамето ја претставува местоположбата на државата во Тихиот Океан. Лентата го претставува екваторот, додека ѕвездата го симболизира архипелагот во северната полутопка. Белата лента ги претставува ланецот острови Ратак („изгрев“), а портокаловата го претставува ланецот острови Ралик („залез“), како и мир и храброст. Ѕвездата има 25 краци ги претставува изборните окрузи во државата, додека четирите главни краци ги претставуваат главните центри во државата: Маџуро, Џалуит, Вотџе и Ебеје. Знамето било дизајнирано од Емлаин Кабуа. Низ историјата, државата користела различни знамиња, меѓу кои и знамето на Доверливата Територија на Тихоокеански Острови, каде Маршалските Острови биле дел од територијата.
Употреба | граѓанско, државно и пловно знаме Национален симбол на Маршалските Острови. |
---|---|
Сразмер | 10:19 |
Усвоено | 1 мај 1979 |
Опис | сина позадина со со портокалова и бела дијагонална лента и со бела ѕвезда. |
Творец | Емлаин Кабуа |