Знаме на Соломоните
Знамето на Соломоните е официјалното знаме на оваа океанска држава, кое било усвоено на 18 ноември 1977. Знамето е составено од два триаголника во сина и зелена боја, поделени со дијагонална златна лента. На синиот триаголник, во кантонот, има пет бели петокраки. Петте ѕвезди ги претставуваат петте главни острови.[1] Сината боја го симболизира околното море на Соломонските Острови, зелената боја ја симболизира земјата, додека златната боја го симболизира сонцето.
Употреба | државно знаме Национален симбол на Соломоните. |
---|---|
Сразмер | 1:2 |
Усвоено | 18 ноември 1977 |
Опис | два триаголника во сина и зелена боја, поделени со дијагонална златна лента |
Граѓанската инсигнија[2] (за трговски бродови) и државната инсигнија[3] (за владини невоени бродови) е малку поразлично од државното знаме. Имено, во двете знамето е поставено во кантонот, а целото знаме е со црвена или сина позадина.
Останати знамиња
уредиНаводи
уреди- ↑ "The Solomon Islands Flag", Solomon Times, September 23, 2008
- ↑ Civil Ensign (Solomon Islands)
- ↑ State Ensign (Solomon Islands)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди