Фрегата
Фрегата (англиски: frigate) — вид воен брод. Изразот се користи за бродови со различни големини и видови, во зависност од епохата. Карактеристичните белези на фрегатата се брзината и средната големина, така што бродот може да се користи за патролирање, извидување, уништување на мали и трговски бродови на непријателот итн.[1][2]
Современи фрегати
уредиЗа време на Втората светска војна, во Англија и САД имало потреба од голем број мали противподморнички бродови за придружба на трговски бродови на нивните океански премини. Повеќето од овие нови бродови, поради некоја причина наречени фрегати, имаат целосно поместување од 500 до 1000 тона, развиваат не многу голема брзина — околу 20 јазли и се вооружени со артилерија (калибар до 127 мм), подводни бомби и друго. Тие се покажале исклучително корисни и по војната биле подобрени и вооружени со новото оружје. На крајот на XX век, само големите земји имале навистина големи бродови. Останатите земји одржуваат морнарица со поскромна големина и број на бродови, така што во многу случаи фрегатата е најголемиот вид. Современата фрегата има различни способности и е способна за пловење со долг дострел.
Наводи
уреди- ↑ Husseini, Talal (2019-04-24). „Frigate vs destroyer: What is the difference between the two warships?“. www.naval-technology.com. Архивирано од изворникот 19 April 2021. Посетено на 2021-03-30.
- ↑ „фрегата“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
Надворешни врски
уреди„Фрегата“ на Ризницата ? |