Ново Село (Охридско)

село во Општина Дебрца, Охридско
(Пренасочено од Ново Село (Дебарца))

Ново Село — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, Охридско.

Ново Село

Поглед на селото Ново Село

Ново Село во рамките на Македонија
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Македонија
Ново Село на карта

Карта

Координати 41°18′34″N 20°48′20″E / 41.30944° СГШ; 20.80556° ИГД / 41.30944; 20.80556
Регион  Југозападен
Општина  Дебрца
Област Дебрца
Население 39 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6344
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19031
Надм. вис. 759 м
Ново Село на општинската карта

Атарот на Ново Село во рамките на општината
Ново Село на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото Ново Село се наоѓа во областа Дебрца. Најблиски соседни села на селото Ново село се. Црвена Вода и Песочани од север и северозапад, Белчишта од исток и Ботун од Југ.

Историја

уреди

Во XIX век, Ново Село се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.

Селото е настанато средината на XIX век, кога се доселиле неколку македонски родови од околните дебрчки села (Марковци, Сиљановци, Камберовци и Прензовци), кои биле исполџии кај Турците. Селото се зголемило поготово помеѓу двете светски војни.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948201—    
1953210+4.5%
1961241+14.8%
1971176−27.0%
1981184+4.5%
ГодинаНас.±%
1991142−22.8%
199492−35.2%
200268−26.1%
202139−42.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ново Село имало 18 жители, сите Македонци христијани.[2] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село имало 68 жители.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ново Село е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 6 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Ново Село живееле 68 жители, од кои 64 Македонци и 4 други.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 39 жители, од кои 35 Македонци и 4 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 18 68 201 210 241 176 184 142 92 68 39
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Ново Село е македонско село.

Родови во селото се: Марковци (2 к.), доселени се во 1850 година од селото Белчишта; Камберовци (4 к.), доселени се од селото Лактиње во 1850 година, во Лактиње имаат истоимени роднини; Прензовци (1 к.), доселени се во 1850 година од селото Сливово, во Сливово биле староседелци, припаѓале на истоимениот род, а имаат истоимени роднини и во Велмеј; Сиљановци (1 к.) доселени се кога и претходните три рода од селото Врбјани, таму биле староседелци, и припаѓале на родот Ќемаловци.

Родови доселени помеѓу двете светски војни се: Сиљановци (2 к.), доселени се од селото Локов, Малесија; Таневци (4 к.), доселени се од селото Ботун; Стојковци (2 к.) и Пупановци (2 к.), доселени се од селото Белчишта; Треневци (3 к.), доселени се од селото Годивје, таму припаѓале на родот Ѓаковци; Јанкуловци (2 к.), Јановци (2 к.), Новковци (1 к.) и Методија (1 к.), доселени се од селото Црвена Вода; Деспотовци (1 к.), доселени се од селото Лешани; Алексовци (2 к.), доселени се од селото Арбиново; Божиновци (1 к.), доселени се од селото Куратица.[12]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година родови во селото се:

Савевци (4 к.) доселени се од селото Арбиново во 1912 година, таму припаѓале на родот Стамболџиовци, овде биле и пред 1912 година, односно од 1892 година, но не живееле континуирано; Вретовци (1 к.) доселени се во 1919 година од селото Врбјани, каде припаѓале на истоимениот род, овде живееле и во 1850 година, но се вратиле во Врбјани, па повторно отишле во Ново Село; Сукловци (1 к.) доселени се во 1912 година од селото Белчишта, каде припаѓале на истоимениот род, сега се викаат Марковци; Китевци (5 к.) доселени се во 1912 година од селото Белчишта, каде припаѓале на истиот род; Прензовци (1 к.) доселени се во 1912 година од селото Издеглавје, каде имале роднини, подалечно потекло имаат од Сливово, каде припаѓаат на истоимениот род; Јаневци и Наумовци (4 к.) доселени се од селото Црвена Вода, таму припаѓале на родот Шијаковци; Ристевци (1 к.) доселени се во 1912 година од селото Лешани, каде припаѓале на родот Трајковци; Силковци (4 к.) доселени се во 1915 година од селото Белчишта, а таму дошле од селото Ботун, каде припаѓале на родот Каравиловци; Сиљановци (1 к.) доселени се во 1917 година од селото Локов, Малесија, каде припаѓале на родот Петковци; Балтаковци (2 к.) доселени се во 1918 година од селото Црвена Вода, а таму се доселиле од селото Брежани во првата половина на XIX век; Савевци (2 к.) доселени се во 1919 и 1934 година од селото Годивје, таму припаѓале на родот Ѓоковци; Смилевци (1 к.) доселени се во 1919 година од селото Црвена Вода, таму припаѓале на родот Трајановци; Камберовци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Лактиње, каде припаѓале на родот Јоргановци; Божиновци (1 к.) доселени се во 1924 година од селото Локов, Малесија, таму припаѓале на родот Блажевци; Опеловци (2 к.) доселени се во 1927 година од селото Белчишта, таму припаѓале на истоимениот род; Мацевци (1 к.) доселени се во 1927 година од селото Црвена Вода, таму припаѓале на истоимениот род.

Роми: Демировци (1 к.) доселени се во 1934 година од селото Белчишта.[13]

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало седиште на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото влегувало во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Ново Село, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Лешани, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Ново Село се наоѓало во некогашната Општина Ново Село, во која влегувале селата Ботун, Ново Село, Песочани и Црвена Вода.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1315 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница на "охридска трговија.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 67 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Поглед на црквата „Св. Богородица“ во Ново Село
Цркви[16]
Археолошки наоѓалишта[18]

Личности

уреди

Иселеништво

уреди

Од Ново Село како и од другите села во Дебрца населението многу се иселувало, поготово јаки биле иселувањата од крајот на 1950-тите години и до ден денес не се престанати. Највише од населението е иселено во Охрид, а има иселеници и во Скопје, Струга, Германија и прекуокеанските земји.

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1948:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 30.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 октомври 2016.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
  13. 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. Дебрца-Ново Село. Архивски фонд на МАНУ АЕ 89/1.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. „Охридско архијерејско намесништво — Белчишка парохија“. Дебарско-кичевска епархија. 30 јануари 2015. Посетено на 3 октомври 2016.
  18. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 253. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски

уреди