Лаишта (Ново Село)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Лаишта“
| |
Местоположба | 41°18′23″N 20°47′49″E / 41.30639°N 20.79694°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Ново Село |
Општина | Дебрца |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Лаишта — археолошко наоѓалиште во охридското село Ново Село, Општина Дебрца. Претставува гробница од римско време.
Се наоѓа на околу 2 км југозападно од селото и на околу 50 м од магистралниот пат Охрид - Кичево (А2). Претставува елипсовидна тумба со правец на протегање југ-север. Во нејзиниот југоисточен дел случајно е откриен архитектонски објект поставен во правец исток-запад.
Најверојатно претставува ѕидана гробница со сводеста конструкција. Ѕидовите се градени од тули и малтер во комбинација со бигорни камења. Внатрешниот дел од гробницата е малтерисан. Во источниот дел има отвор со димензии од 0,60 × 0,88 м.[1]
Поврзано
уреди- Црква — црква и некропола од средниот век
- Црква - Бело Гумно — црква од средниот век
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 253. ISBN 9989-649-28-6.