Лилјана Гавриловска
Лилјана Гавриловска (Москва, 1951) – универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии во пензија.[1]
Лилјана Гавриловска | ||
Роден | 1951 Москва | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | универзитетски професор |
Животопис
уредиЛилјана Гавриловска е родена во Москва во 1951 година. На Електротехничкиот факултет во Скопје дипломирала во 1976 година, каде и докторирала во 1995 година, а магистрирала во 1985 година на Електротехничкиот факултет во Белград. Во 1977 година е вработена на Електротехничкиот факултет како помлад асистент, во 1985 е избрана за асистент. Во 1995, 2000 и 2005 година e избрана во звањата доцент, вонреден професор и редовен професор, соодветно. Била добитник на Karl-Duisburg стипендијата за студиски престој во Ерланген, Германија (1982) и на билатералниот канадско-југословенски грант за 18-месечен престој на Универзитетот во Торонто, Канада (1991 – 1992). Во текот на својата академска кариера повеќекратно престојувала како гостин професор и како вонреден професор на Универзитетот во Алборг, Данска (2000, 2001-2002, 2007-2008).
Била раководител на Лабораторијата за телекомуникации и е основач на одделот за телекомуникации при Македонската секција на IEEE (Senior Member od 2001). Автор/соавтор е на повеќе од сто научни трудови и на книгата „Ad Hoc Networking Towards Seamless Communication“ (Springer, 2006). Партиципирала и во „Towards a 3G Global System“ (Vol.1 and 2, Artech House, 2001) во рамките на ASAP FP4 проектот. Активно учествувала како раководител/кораководител во повеќе истражувачки европски проекти (во рамките на програмите FP5, FP6 и FP7), NATO SfP програмата, TEMPUS-и, билатерални истражувачки проекти (Siemens/Германија/ Данска), проекти финансирани од GTZ - Германија, и домашни проекти. Поканета била за главен технички менаџер на FP6 IP проектот MAGNET Beyond. Нејзиниот научен интерес е во областа на безжични и мобилни мрежи, ad hoc и персонални мрежи, сензорски мрежи, телесообраќано инженерство, меѓунивовски оптимизации, хетерогени мрежи, интероперабилност и когнитивно радио.[1]
Награди
уреди- Награда „Гоце Делчев“ во 2014 година заедно со Владимир Атанасовски за делото „Learning and Reasoning in Cognitive Radio Networks”[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 50 ГОДИНИ ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ. Скопје: Факултет за електротехника и информациски технологии. 2009. стр. 219. ISBN 978-9989-630-58-3.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ „Награда Гоце Делчев за 2014“. Посетено на 19 март 2021.