Бранко Панов (Струмица, 22 март 1932Скопје, 10 јануари 2002) – втемелувач на современата македонска медиевистика и основоположник на македонската византологија.[1]

Бранко Панов
Роден 22 март 1932
Струмица
Починал 10 јануари 2002
Скопје
Националност Македонец
Занимање историчар

Животопис

уреди

Бранко Панов е роден во Струмица на 22 март 1932 година. Основно и средно образование завршил во родниот град, потоа дипломирал (1955) и докторирал на Филозофскиот факултет – група Историја во Скопје (1955). Бил долгогодишен професор по Историја на Византија и по Историја на македонскиот народ – среден век на Филозофскиот факултет во Скопје (1976–1997). Низа учебни години бил професор и на студентите по географија, етнологија и новинарство и на постдипломските студии на Природно-математичкиот и Правниот факултет во Скопје. Учествувал на голем број научни собири во земјата и странство – Атина, Букурешт, Вашингтон, Виена, Копенхаген, Краков, Москва, Нитра, Салцбург и Регенсбург. Бил главен и одговорен уредник на списанието „Историја“, претседател на Управниот одбор, претседател на Советот, раководител на Советот на постдипломските студии и раководител на ННСГ за историја на Филозофскиот факултет, член на Југословенскиот византолошки комитет и прв претседател на Собранието на Македонско-украинското друштво за културна соработка.[2]

Творештво

уреди
  • Теофилакт Охридски како извор за средновековната историја на македонскиот народ, Скопје, 1971;
  • Средновековна Македонија, т. Ⅱ и Ⅲ, Скопје, 1985
  • Охрид и Охридско низ историјата, кн. I, Охрид, 1985 (соавтор);
  • Македонија низ историјата, Скопје, 1999;
  • Историја на македонскиот народ, т. I, Скопје, 2000 (соавтор и уредник).

Автор е на повеќе учебници и прирачници за основното и средното образование.

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1113. ISBN 978-608-203-024-1.
  2. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1114. ISBN 978-608-203-024-1.