Манол Пандевски
Манол Пандевски (Габрово, Струмичко, 3 септември 1925 - Скопје, 21 мај 1998) — македонски историчар и академик.
Манол Пандевски | |
---|---|
![]() Манол Пандевски | |
Роден | септември 3, 1925 Габрово Струмичко, ![]() |
Починал | 21 мај 1998 Скопје, Македонија |
Националност | Македонец |
Полиња | Историја, Македонското ослободително дело |
Установи | Институт за национална историја, Катедра по историја на Филозофски факултет во Скопје |
Образование | Филозофски факултет - Скопје |
Познат по | „Македонското ослободително дело во XIX и XX век“ |
Дипломирал и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Бил директор на Институтот за национална историја, главен редактор на проектот за повеќетомната историја на Македонија. Дописен член на МАНУ од 1976, а редовен од 1981 година. Добитник е на многу високи награди, меѓу кои наградата „11 Октомври“ за животно дело.
Автор е на голем број статии и трудови. Во 1987 година му е објавен избор од научната дејност под наслов „Македонското ослободително дело во XIX и XX век“.
![]() ![]() |
Оваа биографска статија за за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |