Владимир Атанасовски (професор)
Владимир Атанасовски (р. 2 мај 1980 во Скопје) – универзитетски професор и декан на Факултетот за електротехника и информациски технологии.[1]
Владимир Атанасовски | ||
Роден | 2 мај 1980 Скопје | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | универзитетски професор | |
Деца | 3 |
Животопис
уредиВладимир Атанасовски е роден во Скопје во 1980 година. На Електротехничкиот факултет во Скопје дипломирал во 2004 година, магистрирал во 2006, а докторирал во 2010 година. На факултетот се вработил веднаш по дипломирањето како демонстратор, напредувал во асистент во 2006, доцент во 2010, вонреден професор во 2015 и редовен професор во 2020 година.[2] Во мандатниот период 2020-2024 година бил избран за Продекан за финансии и соработка со стопанство.[3] Досега објавил повеќе од 40 трудови во меѓународни списанија и на меѓународни конференции. Учествувал во неколку меѓународни научно истражувачки проекти (FP5, FP6, FP7, NATO SfP). Партиципирал и во поголем број домашни научноистражувачки и апликативни проекти. Член е на Центарот за безжични и мобилни комуникации при Факултетот од неговото основање во 2004 година и на IEEE од 2001 година. Полиња на научно-истражувачки интерес му се вертикалните меѓунивовски оптимизации, управувањето со ресурси во интероперабилни безжични средини, когнитивните радиомрежи и безжичните ad-hoc и сензорски мрежи.[1]
Награди
уреди- Награда „Гоце Делчев“ во 2014 година заедно со Лилјана Гавриловска за делото „Learning and Reasoning in Cognitive Radio Networks”[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 50 ГОДИНИ ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ. Скопје: Факултет за електротехника и информациски технологии. 2009. стр. 223. ISBN 978-9989-630-58-3.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ „Владимир Атанасовски“. ФЕИТ. Посетено на 21 март 2021.
- ↑ „Продекани на факултетот“. ФЕИТ. Посетено на 21 март 2021.
- ↑ „Награда Гоце Делчев за 2014“. Посетено на 19 март 2021.