Петар Атанасов
Петар Атанасов (Ума, 25 декември 1939)– лингвист романист, универзитетски професор.
Петар Атанасов | ||
Роден | 25 декември 1939 Ума, Гевгелиско, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Занимање | јазичар романист, професор |
Животопис
уредиОсновно и средно образование завршил во Гевгелија. Студиите ги завршил во Скопје на Групата за романска филологија на Филозофскиот факултет. Магистрирал во 1975 година во Белград, а докторирал во 1979 година во Скопје на тема „Мегленороманскиот денес. Фонетика и фонологија”. На Катедрата за романски јазици и книжевности ги предавал предметите: Романски јазик, Фонетика и фонологија на францускиот јазик, Историја на францускиот јазик, Споредбена граматика на романските јазици, Историја на италијанскиот јазик, а исто така и Балканска лингвистика за постдипломските студии при Филолошкиот факултет во Скопје. Бил шеф на Катедрата за романски јазици и книжевности во два мандата, претседател на Советот на Филолошкиот факултет, како и член на Универзитетскиот сенат.[1]
Награди и признанија
уредиВо 1995 година го добил орденот „Академски палми“ од Владата на Франција за „неговиот придонес за француската култура“.[2]
Во 2011 година, Атанасов добил медал за „заслуги за образованието“ од кабинетот на претседателот на Романија.[2][3]
Трудови
уредиОбјавил 13 речници и монографии.
- „Meglenoromâna“. Tratat de dialectologie românească. Craiova. 1984. OCLC 17234929.
- With B. Nastev (1988). Aromanski studii. Prilozi kon balkanistikata. Skopje: Ogledalo. OCLC 27434443.
- Le mégléno-roumain de nos jours. Une approche linguistique. Balkan-Archiv, Neue Folge - Beiheft, Band 7. Hamburg: Helmut Buske Verlag. 1990. OCLC 27338043.
- „Meglenoromâna astăzi“. Editura Academiei Române. 2002. OCLC 608489657. Наводот journal бара
|journal=
(help) - „Atlasul lingvistic al dialectului meglenoromân (ALDM)“. Editura Academiei Române. 1–2. 2008–2013. OCLC 876598100.
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 99. ISBN 978-608-203-023-4.
- ↑ 2,0 2,1 „Petar Atanasov, Professor Honoris Causa al Universităţii din Bucureşti“. Infoub.unibuc.ro. Архивирано од изворникот на 2016-08-14.
- ↑ „DECRET nr. 202 din 17 ianuarie 2008 privind conferirea Ordinului Meritul pentru Invatamant in grad de Ofiter“. Monitoruljuridic.ro.