Мишо Докмановиќ
Мишо Докмановиќ (5 јули 1979, Загреб) — македонски правник, универзитетски професор и истражувач. Редовен професор е на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде ги предава предметите „Историја на правото“ и „Современа македонска историја“ на додипломските студии и предметите „Балканот и американската дипломатија“, „Дипломатски протокол“ и „Историја и дипломатија на Блискиот Исток“ на последипломските студии.
Мишо Докмановиќ | ||
Роден | 05.07.1979 | |
---|---|---|
Родно место | Загреб, Република Хрватска | |
Занимање | Универзитетски професор, правник, истражувач |
Бил претседател на Македонско–американската алумни асоцијација (2017-2019) како и член на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование (2017-2020). Од октомври 2017 година, проф. д-р Докмановиќ е член на Делегацијата на Република Северна Македонија во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот.
Животопис
уредиДипломирал на Правниот факултет во 2003 година на групата за Меѓународно право како најдобар студент на генерацијата. Магистрирал (2006) и докторирал (2010) на овој факултет. Покрај тоа, во 2007 година завршил и постдипломски студии на Средоземната академија за дипломатски студии.
За врвните резултати во научноистражувачката дејност професорот Докмановиќ е добитник на наградата „Научник на годината“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2013 година. Тој е најмлад добитник на оваа награда досега.
Професорот Докмановиќ учествувал на конференции, семинари и студиски престои во преку 55 земји. Бил инволвиран во повеќе научноистражувачки проекти (како истражувач и консултант) финансирани од Европската комисија (TEMPUS, FP7), USAID, Австриската и швајцарската развојна соработка, Светскиот универзитетски сервис – Австрија, Институтот Отворено општество, Безбедносниот форум за Централна и Југоисточна Европа на НАТО итн. Тој е ангажиран и како евалуатор на меѓународни проекти и во тоа својство бил ангажиран од страна на Светската Банка, Европската Унија, владите на Ирска, Србија, Црна Гора итн.
Во рамките на кариерата остварил поголем број на студиски посети и научни усовршувања вклучувајќи: визитинг истражувач на Институтот за меѓународни студии на Универзитетот во Мичиген, САД (2014); учесник на Програмата за американска надворешна политика организирана од Стејт департманот и Универзитетот во Флорида (2010), истражувач во Центарот за Русија, Евроазија и Источна Европа на Универзитетот Илиноис во САД (2007). Во 2008 година престојувал на студиски престој во Меѓународниот центар за студии на холокаустот, Јад Вашем, Ерусалим како стипендист на државата Израел. Покрај тоа, остварил студиски престои следниве универзитети: „Ломоносов“ – Москва, Европскиот универзитет во Фиренца, Јагелонскиот универзитет во Краков, Средноевропскиот универзитет во Будимпешта, универзитетите во Лозана, Грац, Виена, Барселона, Бон, Познан итн.
Учествувал на конференции, работилници и други академски и образовни настани организирани од Универзитетот Принстон, Универзитетот на Катар во Доха, Институтот за национално сеќавање – Братислава, Институтот за национално сеќавање –Варшава, Блискоисточниот технички универзитет во Анкара, Средноевропскиот универзитет во Будимпешта, универзитетот Џорџтаун, универзитетите во Даблин, Лајпциг, Јена, Лајден, Солун, Истанбул, Грац, Гдањск, Краков, Архус, Хелсинки, Санкт Петербург, Талин, Мачерата, Тексас – Далас, ТАСАМ – Турскиот центар за стратегиски студии и др.
Проф. Докмановиќ е автор на првиот универзитетски учебник за американската надворешна политика објавен на македонски јазик -„Балканот и американската дипломатија во XX век“.
Награди
уреди- 2022 - Награда „Гоце Делчев“[1] Докмановиќ е добитник на наградата за делото „Сами на своето – кратка историја на македонската независност (1990 – 1993)“.
Наводи
уреди- ↑ „Проф. д-р Мишо Докмановиќ е добитник на државната награда „Гоце Делчев"“. fakulteti.mk. 4.05.2022. Посетено на 15 јануари 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)