Снежана Веновска-Антевска

Снежана Веновска - Антевска (2 јули 1959, во Скопје) — македонски филолог, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, со потесна специјалност – современ македонски јазик и синтакса.[1]

Снежана Веновска - Антевска
Родена 2 јули 1959
Скопје
Националност македонка
Занимање македонски филолог

БиографијаУреди

Завршила гимназија, а потоа дипломирала на Филолошкиот факултет (македонски јазик) во Скопје (1978–1982). На истиот факултет магистрирала на темата „Спротивната реченица кај македонските автори од XIX век“ (1983–1989) и докторирала на темата „Сврзникот НО во македонскиот јазик (синхронија, дијахронија, перспективи)“ (2001). Работи во Институтот, од асистент во Одделението за современ јазик, до директор (2002–2006). Автор е и коавтор на неколку книги, голем број статии и други прилози. Била член е на Советот за македонски јазик при Министерството за култура на РМ.

БиблиографијаУреди

  • Спротивната реченица кај македонските автори од XIX век, Скопје, 1998;
  • Интенцијално-синтаксички речник на македонските глаголи, том 1-4, Скопје, 1992, 1997, 2000 и 2001 (коавтор);
  • Личното име кај Македонците, Скопје, 1996 (коавтор);
  • Благоја Корубин и народните говори, Скопје, 1998 (коавтор);
  • Толковен речник на македонскиот јазик, том И-Ⅲ, Скопје, 2003, 2005 и 2006.

ЛитератураУреди

  • 50 години Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ 1953-2003, Скопје, 2003, 47-50.

НаводиУреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Веновска-Антевска“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)