Сотир Голабовски
Сотир Голабовски (роден 30 октомври 1937 година во Струга - починал на 4 ноември 2014 година во Скопје), е македонски композитор, музиколог и музички педагог, од четвртата генерација македонски композитори.[1]
Сотир Голабовски | |
---|---|
Роден(а) | 30 октомври 1937 Струга |
Потекло | Македонија |
Починал(а) | 4 ноември 2014 Скопје |
Занимања | композитор музиколог музички педагог |
Живопис
уредиМузичкото образование го завршил во Скопје, кога уште како средношколец пројавил интерес за компонирање. Тогаш ги создал и првите свои творби во кои, сосема разбирливо, интересот кон фолклорот е доминантен.
„… Вовед во мојата професионална определба беше конкурсот што во 1952 година го организира Централниот комитет на Народната младина на Македонија, на кој јас освоив две награди за моите први творби: Сонатата за виолина и пијано и Двете народни песни за пијано. Претседателот на жирито … уште тогаш ми понуди со него да работам композиција…“.[2]
Паралелно со ова виреела и љубопитноста за современите композициски струења што резултирало во создавање на оркестарската композиција „Дивретименто“ во кое прави спој на додекафонскиот начин на компонирање со присуство на македонски фолклорни ритми и звучен колорит. Во 1958 година се запишал на Музичката академија во Љубљана, на одделот за композиција, во класата на проф. Луцијан Марија Шкерјанц. На истиот факултет ги завршил и своите постдипломски студии. Потоа се вратил во Скопје и работел, најнапред, како музички соработник во Радио Скопје, а потоа, во еден подолг период – како професор на Педагошката академија во Скопје. Последните петнаесетина години од својот работен век ги изминал како професор и шеф на Катедрата за музикологија на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во меѓувреме, во 1985 година докторирал кај познатиот византолог Владимир Мошин на тема „Музичките ракописи на охридската збирка и најстарите сочувани триоди на словенски јазик“. Пред тоа (во почетокот на седумдесеттите години) посетувал курсеви кај познатите претставници на европската авангарда (Штокхаузен, Холберг и др.) што оставило влијание врз неговиот композиторски ракопис од ова време. Во еден период бил дописен член на Македонската академија на науките и уметностите. Кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години, паралелно со компонирањето започнал неговиот интензивен интерес за проучување на македонската црковно-духовна традиција. Во рамките на тој дел од неговата активност, престојувал во повеќе европски центри каде што се усовршувал за задачите што се наоѓале пред македонската медиевистика. Поттикнат од потребата за еден поорганизиран и посистематски пристап кон оваа проблематика, како и кон проучувањето на современите музички текови во Македонија, кон средината на седумдесеттите години (1975) еден е од иницијаторите на манифестацијата „Струшка музичка есен“, којашто по неколкуте години во кои творештвото и музикологијата се испреплетувале во комплементарна творечка и научна презентација, од почетокот на осумдесеттие години (со почнување на Деновите на македонската музика во Скопје, 1978 година) – станало главно собиралиште на големите музиколошки имиња од земјава и од странство. На чело на Струшката музичка есен останал до средината на првата деценија од XXI век.
Творештво
уредиТворештвото на Сотир Голабовски, во текот на петте интензивни творечки децении минувало низ повеќе фази на кои заеднички именител им е интересот за различните стилски композициско-технички определби. Неговиот опус го сочинуваат дела од солистичката, камерната, вокалната и оркестарската музика. Во почетокот е под влијание на неоромантизмот со присуство на тоналноста и чистата дијатоника. Подоцна интересот го свртил кон посовремените начини на компонирање, при што врската со традицијата ја барал главно во јасната архитектоника на делата. Крајот на шеесеттите, особено целите седумдесетти години се одликуваат со тенденција на разбивање на формата врз основа на користење на алеаториката и на пунктуализмот и оваа творечка фаза, како и кај поголем број други македонски композитори, се поклопува со дејствувањето на ансамблот за современа музика „Света Софија“, како и со рефлексиите што во ова време ги имаат некои авангардни европски музички центри (Дармштат, на пример, каде што посетувал летни курсеви во 1970 и 1972 година). Дека Голабовски ги следел „вибрациите“ на светската композиторска сцена сведочи и фактот што кон крајот на својот творечки век одново се вратил кон јасната формална градба и кон неокласичниот начин на музичко изразување. Сотир Голабовски, освен во музичкото творештво, исклучителен придонес дал и на полето на музикологијата. Бил автор на повеќе книги („Традиционална и експериментална македонска музика“, Скопје, 1984; „Историја на македонската музика“, Скопје, 1999), како и на капиталното издание „Македонски осмогласник 1 и 2“ (1993 и 1995 година). Во неговото музиколошко наследство, освен спомнатите трудови, спаѓаат и голем број статии за различни прашања сврзани за подалечното минато или актуелните состојби во Македонија, македонски композитори, 109 дешифрации на црковно-словенски напеви, напишани со невматска нотација од нивните автори или подоцнежни препишувачи и откриени од различни истражувачи.
Оркестарско
уреди- Три варијации на народна тема – за камерен оркестар, (1961);
- Дивертименто – за оркестар, (1961);
- Анданте – за оркестар, (1962);
- Кроки – за флејта и оркестар, (1963);
- Ексцентрични структури – за камерен оркестар, (1969);
- Симфонија бр. 1 – за симфониски оркестар, (1969);
- Микропростори – за камерен оркестар, (1970);
- Простор 1 – за камерен оркестар, (1971);
- Панче Пешев – за симфониски оркестар, (1972);
- Простор 2 – за камерен оркестар, (1973);
- Простор 3 – за камерен оркестар, (1973);
- Простор 4 – за камерен оркестар, (1974);
- Простор 5 – за камерен оркестар, (1976);
- Суита бр. 1 – за мандолински оркестар, (1976);
- Концерт – за обоа и гудачки оркестар, (1976);
- Простор 6 – за камерен оркестар, (1977);
- Структура 9 – за камерен оркестар, (1977);
- Концерт – за виолончело и оркестар, (1979);
- Суита бр. 2 – за мандолински оркестар, (1979);
- Суита бр. 3 – за мандолински оркестар, (1981);
- Адаџо – за хорна и гудачки оркестар, (1981);
- Караорман – за симфониски оркестар, (1981);
- Суита бр. 4 – за мандолински оркестар, (1984);
- Македонски диптихон – за мандолински оркестар, (1986);
- Концерт – за пијано и гудачки оркестар, (1987);
Музичко-сценско
уреди- „Интроспекција“ – балет (1960);
- „Приказна за штурецот и мравките“, опера за деца (1982);
Вокално-Инструментално
уреди- „Словенско ехо“ – за солисти, хор и оркестар, (1965);
- Пролетна песна – за глас и оркестар, (1970);
Камерно
уреди- Соната – за виолина и пијано, (1952);
- Три багатели – за хорна и пијано, (1959);
- Пет пиеси – за флејта и пијано, (1961);
- Крај езеро – за глас и пијано, (1962);
- Импресија – за виолина и пијано, (1964);
- Полином бр. 1 – за гудачки квартет, (1964);
- Ноќ на осаменици – за глас и пијано, (1969);
- Структура 5 – за гудачки квартет, (1971);
- Структура 6 – за клавирско трио, (1975);
- Адаџо – за контрабас и пијано, (1975);
- Полином х – за хорна и пијано, (1975);
- Структура 8 – за виолина, контрабас и пијано, (1976);
- Структура 7 – за клавирско трио, (1976);
- Суита бр. 1 – за виолина и пијано, (1979);
- Суита бр. 2 – за виолина и пијано, (1980);
- Суита бр. 3 – за виолина и пијано, (1981);
- Две грешки – за глас и пијано, (1982);
- Месец на очистување – за глас и пијано, (1985);
Солистичко
уреди- Соната бр. 1 – за пијано;
- Две народни песни – за пијано, (1952);
- Арабеска – за пијано, (1959);
- Сонатина – за пијано, (1959);
- Лирска пиеса – за пијано, (1961);
- Ноктурно – за пијано, (1962);
- Три багатели – за пијано, (1962);
- Македонска игра – за пијано, (1963);
- Иновација – за соло флејта, (1963);
- Осамен момент – за пијано, (1964);
- Седум пиеси – за пијано, (1975);
- Композиција бр. 1 – за пијано, (1976);
- Суита бр. 1 – за пијано, (1980);
- Прелудиум и фуга – за пијано, (1982);
- Суита бр. 2 – за пијано, (1982);
- Соната бр. 2 – за пијано, (1985);
Хорско
уреди- Зарамнети брегови – за женски хор, (1969);
- Мелодија бр. 1 – за мешан хор, (1969);
- Ракатка бр. 1 – за мешан хор, (1976);
- Ракатка бр. 2 – за мешан хор, (1981);
- Хумореска „Је бре Димо“ – за мешан хор, (1982);
- Епос 1 – за детски хор, (1983);
Музика за деца
уреди- Зајаче – за камерен оркестар, (1960);
- Зимска вечер – за камерен оркестар, (1960);
- Оро на месечината – за камерен оркестар, (1960);
- Санкање – за камерен оркестар, (1960);
- Утро – за камерен оркестар, (1960);
- Куќа, (1984);
Дешифрации и хармонизации
уреди- „Господи возвах – глас 1“;
- „Достојно ест – глас 1“;
- „Достојно ест – глас 5“;
- „Достојно ест – глас 5“;
- „Оца и сина – глас 5“;
- „Оца и сина – глас 8“;
- „Со свјатиму упокој – глас 8“;
- „Страданија спасителни – глас 6“;
- „Владику и свјашчено началника нашего – глас 7“;
- „В’сија благолепие воздржание – глас 4“;
- „Достојно ест – глас 2“;
- „Достојно ест – глас 5“;
- „Достојно ест – глас 7“;
- „Кришчи унглајл – глас 1“;
- „Химна за Св. Кирил и Методиј“;
Музичка публицистика (книги)
уреди- „Традиционална и експериментална македонска музика“[3]
- Музичките ракописи од Охридската збирка и најстарите сочувани македонски триоди на словенски јазик, (1985)
- Осмогласник – книга 1, Скопје, (1992)
- Осмогласник – книга 2, Скопје, (1994)
- Историја на македонската музика, Скопје, 1999, (1999)
Статии
уреди- По путевима – вокално-инструментални циклус Властимира Николовског [4]
- Метроритмичките форми во македонскиот музички фолклор [5]
- Ораториум „Клименту“ Властимира Николовског [6]
- Некои забелешки за мелодиската орнаментика во македонскиот музички мелос [7]
- Васил Хаџиманов – Ин мемориам [8]
- Животот и делото на Јован Хармосин Охридски [9]
- Музичкото минато и сегашност на Струга [10]
- Некои резултати од иследувањето на старата словенска музика [11]
- Прилеп II прилепско низ историјата [12]
- Потеклото на зурлата [13]
- Тековите на современата македонска музика [14]
- Архаични остатоци во сегашната црковно-музичка практика во струшкиот крај [15]
- Музика и револуција [15]
- О творчестве Властимира Николовского [16]
- Од музичкото минато на Струга [17]
- Некои тонални врски меѓу музичкиот фолклор и црковното пеење во Македонија [18]
- Охрид и охридско низ историјата (соавтор: Д. Ортаков), (1978)
- Некои одлики на средновековната музика во Македонија [19]
- Осврт врз музичките текстови во Болоњскиот псалтир [20]
- Периодизација на македонската духовна музика [21]
- Периодизација на македонската духовна музика како можност за согледување на целокупната музичка активност во Македонија[22]
- Преродбенски елементи во македонската музика од XIX век [23]
- Тонални основи на македонската духовна музика од периодот IX-XV век [24]
- „Господи возвах“ – од Дионис Поповски [25]
- Д-р Александар Лимпн (портрет) [26]
- Драгослав Ортаков – Музичката уметност во Македонија (Осврт врз книгата) [27]
- Животот и делото на Јован Кукузел [28]
- Некои согледувања на византиско-словенската естетика како одраз на средновековните морални норми [29]
- Владимир Мошин [30]
- Панче Пешев – револуционер и композитор [31]
- Тодор Скаловски [32]
- За музичката дејност на Кирил и Методиј [33]
- Кирилометодиевската и Климентовата традиција во македонската средновековна музика, во зборникот студии: „Климент Охридски“, (1986)
- Прилог кон дефинирањето на македонското народно црковно пеење [34]
- Усната музичка традиција како еден од можните извори за проучување на традиционалната македонска духовна музика [35]
- Фолклорни елементи во македонската духовна музика од XIX век, во книгата „Македонскиот фолклор во музичкото и драмското творештво до 1945 година“, (1986)
- Мошин за руско-македонските врски за време на покрстувањето на Русија [36]
- Стихирата „Страданија спасителни” од св. Климент Охридски и методологијата на нејзината дешифрација, – Климент Охридски и улогата на Охридската книжевна школа во развитокот на словенската просвета, (1989)
- Кирило-Методиевската и Климентовата традиција во македонската средновековна музика [37]
- Музичката традиција во Охридскиот книжевен центар, (соавтор – Д. Ортаков) [38]
- Македонското народно црковно пеење [39]
- Животот и делото на Јован Кукузел [40]
- Животот и делото на Јован Хармосин Охридски [41]
- Господи Возвах од Дионис Попоски [42]
- Метричките форми во македонскиот музички фолклор [43]
- Д-р Александар Линин [44]
Наводи
уреди- ↑ био СОКОМ
- ↑ Радио Скопје, 24 февруари 1977
- ↑ Македонска ревија, 1984
- ↑ „Звук“, број 69, Сараево, 1966
- ↑ Реферат на Конгресот на Сојузот на фолклористите на Југославија во Дојран, 1966, Скопје, 1966, 1968
- ↑ „Звук“, бр. 85-86, Сараево, 1968
- ↑ „Македонски фолклор“, бр.3-4, Скопје, 1969
- ↑ „Македонски фолклор“, бр. 5-6, Скопје, 1970
- ↑ „Македонска музика“, бр. 2, Скопје, 1970
- ↑ „Струга и струшко“ – монографија, Струга, 1970
- ↑ Меѓународен симпозиум за старата словенска музика, Софија (соавтор: Д. Ортаков), 1971
- ↑ Прилеп (соавтор: Д. Ортаков), 1971
- ↑ „Македонски фолклор“, бр.13, Скопје, 1974
- ↑ „Културен живот“, бр. 10, Скопје, 1974
- ↑ 15,0 15,1 „Македонска музика“, бр. 1, Скопје, 1977
- ↑ Советскаја музика, број 12, 1977
- ↑ „Македонска музика“, бр.1, Скопје, 1977
- ↑ „Македонски фолклор“, бр. 21 – 22, Скопје, 1978
- ↑ Зборник предавања одржани на XI Семинар за македонски јазик, литература и култура, Скопје, 1979
- ↑ „Македонска музика“, бр. 2, Скопје, 1979
- ↑ Весник на МПЦ, год XXI, бр. 5, 1979
- ↑ „Македонски фолклор“, бр. 3, Скопје, 1979
- ↑ Зборник на трудови од симпозиумот посветен на животот и делото на Марко Цепенков, Скопје, 1981
- ↑ „Македонска музика“, бр. З, Скопје, 1981
- ↑ „Македонска музика“, бр.З, Скопје, 1981
- ↑ „Културен живот“, бр. 4-5, Скопје, 1983
- ↑ „Културен живот“, бр. 6, 1983
- ↑ „Македонска музика“, бр. 5, Скопје, 1983
- ↑ „Македонска музика“, бр. 4, Скопје, 1983
- ↑ „Културен живот“, бр. 1-2, Скопје, 1984
- ↑ „Културен живот“, бр. 7-8, Скопје, 1984
- ↑ „Културен живот“, бр. 9-10, Скопје, 1984
- ↑ „Културен живот“, бр. 9-10, Скопје, 1985
- ↑ „Македонска музика“ бр. 6, Скопје, 1986
- ↑ „Македонска музика“, бр. 6, Скопје, 1986 стр. 112
- ↑ „Културен живот“, бр. 1-2, Скопје, 1988
- ↑ Макропроект „Историја на културата на Македонија“; книга 7; МАНУ, Скопје; 1997, стр. 27, 1999
- ↑ Макропроект „Историја на културата на Македонија“; книга 7; МАНУ, Скопје; 1997, стр. 13, 1999
- ↑ Макропроект „Историја на културата на Македонија“; книга 7; МАНУ, Скопје; 1997, стр. 15, 1999
- ↑ Макропроект „Историја на културата на Македонија“; книга 7; МАНУ, Скопје; 1997, стр. 131, 1999
- ↑ Макропроект „Историја на културата на Македонија“; книга 7; МАНУ, Скопје; 1997, стр. 139, 1999
- ↑ Макропроект „Историја на културата на Македонија“; книга 7; МАНУ, Скопје; 1997, стр. 157, 1999
- ↑ Макропроект „Историја на културата на Македонија“; книга 7; МАНУ, Скопје; 1997, стр. 271, 1999
- ↑ Макропроект „Историја на културата на Македонија“; книга 7; МАНУ, Скопје; 1997, стр. 343, 1999