Стеван Габер
Стеван Габер (Велес, 22 септември 1919 – Скопје, 5 август 1999) — бил правник, редовен професор во Скопје, декан на Правен факултет и ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.[1]
Стеван Габер | |
---|---|
Роден(а) | 22 септември 1919 Велес, Македонија |
Починал(а) | 5 август 1999 Скопје, Македонија |
Полиња | Право |
Установи | Правен факултет, Скопје |
Образование | Белградски универзитет, Софиски универзитет |
Деца | Виктор Габер (син) |
Животопис
уредиГабер е роден во Велес на 22 септември 1919 година. Основно образование и гимназија завршил во родното место, а Правен факултет во Белград и во Софија (1943). Во 1956 година докторирал на Правниот факултет во Белград, на тема „Непосредна демократија“. Од 1965 до 1967 година бил декан на Правниот факултет во Скопје, а од 1972 до 1974 година бил ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје (1975) и ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола од 1978 до 1979 година. Припаѓал на комунистичкото студентско движење. Во партизанското движење влегол од август 1944 г., кога бил примен за член на КПЈ. Бил политкомесар на чета во Велешката осма бригада (1944). По Ослободувањето на земјата бил полномошник на ОЗНА, окружен обвинител и обвинител на град Скопје. Бил член на Матичната комисија за основање на Правниот факултет во Скопје (1951). Напишал повеќе од 160 труда од областа на правните и политичките науки.[1]
Стеван Габер се оженил со велешанката Вера Тутунџиева со која има син, познатиот амбасадор Виктор Габер како и ќерката Марика. По смртта на сопругата Вера, професорот се оженил со Гркинката Лела со која ја добиле ќерката Наташа исто така професор доктор на правни науки.[2]
Починал во Скопје на 5 август 1999 година.[1]
Награди
уреди- 1981 - Награда „Гоце Делчев“, групна, заедно со: Славко Димевски, Иван Катарџиев, Александар Христов, Владо Картов, Владо Поповски, Љупчо Арнаудовски и Петар Пепељугоски
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 325. ISBN 978-608-203-023-4.
- ↑ Стоилко Андреевски (28.7.2018). „Велешкото семејство Габерови“. duma.mk. Посетено на 15 јануари 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)