Јасна Котеска
Јасна Котеска (Скопје, 1970) — македонска писателка, теоретичарка, филозоф и универзитетски професор. Таа е авторка на 11 книги објавени во Скопје, Вашингтон, Торонто, Љубљана, Софија и Белград.
Котеска работи како редовна професорка[1] по книжевност, родови студии и теориска психоанализа на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Котеска магистрирала родови студии на Централно-европскиот Универзитет во Будимпешта и магистрирала и докторирала[2] книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Котеска е член на Независните писатели на Македонија, на Филозофското друштво на Македонија и на повеќе интернационални организации и одбори. Таа е уредник на серијата Collection Aut на Kierkegaard Circle/Trinity College, Toronto и Central European Research Center Soren Kierkegaard (CERI-SK) Ljubljana.[3][4] Таа е координатор на студиската група за образование SC8 Futures of Education in the Anthropocene (2021-2023) на Nordic Summer University.[5]
Дела
уредиЈасна Котеска е авторка на 12 книги, од нив седум на македонски јазик (објавени во Скопје), три на англиски јазик (во Вашингтон, Торонто и Белград), една на бугарски (во Софија) и една на словенечки јазик (во Љубљана). Таа работи претежно со 19-вековната филозофија и книжевност, вклучувајќи ги книгите за австрискиот психоаналитичар Зигмунд Фројд, за данскиот филозоф Серен Кјеркегор, како и студиите за Франц Кафка, раната психоанализа, интимноста, санитарноста, траумата и ресентиманот.[6]
Котеска е авторка на преку 200 студии, некои од нив преведени на преку 12 јазици.[7] Котеска периодично објавува колумни и блог постови за актуелните општествени прашања во весниците и на порталите во Македонија и во странство.[8][9]
Признанија
уредиНејзината книга Комунистичка интима (во англиски превод од 2014 година) влезе во списокот на 30 книги за 2015 година на т.н. Финеганова список на книги на Европското здружение на писатели со седишта во Берлин и Париз.[10]
Нејзината книга Киркегард за конзумеризмот (Торонто, Љубљана, 2016) е добитник на државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајно остварување во сите области на науката од интерес за Република Македонија за 2017 година.[11]
Список на објавени книги
уреди- Koteska, Jasna. Kierkegaard on Consumerism (Киркегард за конзумеризмот), Trinity College, University of Toronto, Canada, and Central European Research Institute Soeren Kierkegaard, Toronto and Ljubljana, 2016. ISBN 9781988129020 (на англиски)
- Котеска, Јасна. Фројдовска читанка Рана психоанализа 1893-1899, Култура, Скопје, 2013. ISBN 9789989327193
- Котеска, Јасна. Комунистичка интима Темплум, Скопје, 2008. ISBN 9789989189418
- Котеска, Јасна. Санитарна енигма Темплум, Скопје, 2006. ISBN 9989902879 Котеска, Јасна. Санитарна енигма, Антолог, Скопје, 2020 (реиздание) ISBN 9786082434131 [12]
- Котеска, Јасна. Македонско женско писмо Македонска книга, Скопје, 2003. ISBN 9989460477
- Котеска, Јасна. Постмодернистички литературни студии Македонска книга, Скопје, 2002. ISBN 9989460191
Список на преведени книги
уреди- Koteska, Jasna. Communist Intimacy, NAP, Washington DC, 2014. ISBN 9780989916974 (на англиски)
- Котеска, Яасна. Санитарна енигма, ХК, Критика и хуманизьм, София, 2012. ISBN 9789545871603 (на бугарски)
- Koteska, Jasna. Intimist, Društvo Apokalipsa, Ljubljana, 2008. ISBN 9789616644303 (на словенечки)
Список на уредени книги
уреди- Јакимовска Илина, Котеска Јасна. Етнологот како писател, писателот како етнолог. Табахон, Скопје, 2020. ISBN 9786084566229[13]
- Tatjana Rosic, Ilic, Jasna Koteska, Janko Ljumovic. Representation of Gender Minority Groups in Media: Serbia, Montenegro and Macedonia, Faculty of Media and Communication FMK, Belgrade, 2015. ISBN 9788687107540 (на англиски)
- Котеска, Јасна. Антон Томаж Линхарт, Монографија. Веселиот ден или Матичек се жени, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, 2008. ISBN 99897246336 (на македонски)
Наводи
уреди- ↑ Филолошки факултет „Блаже Конески“ д-р Јасна Котеска[мртва врска]
- ↑ „Докторанти 1996-2006, Котеска Јован Јасна „Моделите на женското писмо во современата македонска книжевност"- 9.7.2002“. Архивирано од изворникот на 2014-09-20. Посетено на 2014-03-08.
- ↑ „Kierkegaard“. dokhausberlin (германски). Посетено на 2020-11-08.
- ↑ „CERI - SK - Publications“. www.kierkegaard-institute.si. Посетено на 2020-11-08.
- ↑ „8. Futures of Education, Cultural Diversity, Imaginations and Collective Transformations in Time of the Anthropocene - NSU“. NSU (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-11-19. Посетено на 2020-11-08.
- ↑ Официјална биобиблиографија на Јасна Котеска на страницата на Филолошкиот факултет Блаже Конески, УКИМ, Скопје, 2018.[мртва врска]
- ↑ „Jasna Koteska - Book Collection“. Посетено на 2020-11-08.
- ↑ Интервју и блог пост за Privacy International, Лондон, 29 март 2016.
- ↑ Колумни на Јасна Котеска за македонското издание на Дојче Веле во 2016.
- ↑ Finnegan's List 2015, The European Society of Authors[мртва врска]
- ↑ „Објавени добитниците на државната награда Гоце Делчев за наука, НоваТВ, 4 мај 2017“. Архивирано од изворникот на 2019-01-29. Посетено на 2018-05-05.
- ↑ „Санитарна енигма“. Антолог. Посетено на 2020-11-08.
- ↑ „Етнологот како писател“. www.goodreads.com. Посетено на 2020-11-08.
Надворешни врски
уреди- Блогот на Јасна Котеска.
- Официјална страница на Јасна Котеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, 2018.[мртва врска]
- Текстови на Јасна Котеска на македонскиот портал „Окно“.
- Текстови на Јасна Котеска во двојазичното книжевно списание „Блесок“. Архивирано на 11 февруари 2009 г.
- Текстови на Јасна Котеска на српски/хрватски/босански јазик во книжевното списание „Сараевски Свески“.
- Колумни на Јасна Котеска за македонското издание на „Дојче Веле“, Бон, 2016.
- Студија за „Комунистичка интима“ од Деспина Ангеловска во „Europeana“, дигитална платформа за културно наследство на Европската Унија, 2011.
- Рецензија за „Киеркегард за потрошуваштвото“ од Ерик Зиолковски/Eric Ziolkowski во канадското списание „Toronto Journal of Theology“, Торонто, 2017.
- Лазар Гогов, Ситно-буржоаската интима на Јасна Котеска, „Окно“, 2017.