Дончо Донев
Дончо Методиев Донев (Штип, 25 септември 1949) – македонски лекар, специјалист по социјална медицина, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје.
Дончо Донев | ||
Роден | 25 септември 1949 Штип | |
---|---|---|
Занимање | специјалист по социјална медицина |
Животопис
уредиМедицинските студии ги завршил во Скопје (1973), специјалистички испит по социјална медицина (1981) и докторирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1993). Бил на усовршување во Атланта, САД (1993-1994, Хјуберт Хамфри програма), а потоа ја основал Македонско-американската алумни асоцијација во Скопје (2000). Основач е на Катедрата за социјална медицина (1994) и на Институтот за социјална медицина (1997). Од 2005 година бил именуван за национален соработник на СЗО за превенција и контрола на незаразните болести. Објавил 140 стручно-научни трудови и соработувал во 15 домашни и меѓународни стручни публикации.[1]
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 481. ISBN 978-608-203-023-4.