Мутимир бил кнез на Србија (851-891) од династијата Властимировиќи и најстарот син на кнезот Властимир, кој најверојатно владеел до околу 851 година. За неговото владеење има малку податоци и практично се сведуваат на делото „ За управувањето со Царството„ на византискиот цар Константин Порфирогенит (913 —959), кое било напишано кон средината на 10-от век, [1] со неколку споменувања во писма, кои се поврзуваат со него. Оскудноста на податоците за него им отворил простор на историчарите да создаваат свои хипотези, кои честопати се контрадикторни, па затоа е тешко со сигурност да се создаде целосна слика за владеењето на Мутимир.

Мутимир
На престол851891 година
ПретходникВластимир
НаследникПрибислав Мутимировиќ
ДецаПрибислав,
Бран,
Стефан
ДинастијаВластимировиќи
ТаткоВластимир

Владеење

уреди
 
Српски кнежевства во 8 и 9 век.

Доаѓање на власт и војна со Бугарите

уреди

Според пишувањето на Порфирогенит, архонотот Властимир го наследиле неговите три сина Мутимир, Стројимир и Гојник, кои ја поделиле власта во Србија. Тој понатаму напишал: „Во нивното време се појавил архонтот на Бугарите Михаило Борис кој сакал да се одмазди за поразот на својот татко Пресија и да започне војна“.[1] Бугарскиот кнез Борис, веројатно од неговото покрстување околу 864 година со името Борис Михаило, од 852-та година го наследил својот татко бугарскиот хан Пресијан (832-852). [2]. Затоа честопати се мисли дека Властимир умрел пред појавувањето на Борис Михајло (852-889) како владетел во Бугарија. Според таа замисла, Властимир најверојатно починал во 851 година, бидејќи неговиот најстар син Мутимир сигурно владеел до околу 891 година, а тешко е да се замисли дека почнал да владее значително пред 851 или 852 година. На Мутимир како најстар веројатно му припаднала врховната власт и најважната област во државата, додека помладите браќа управувале со посебни области како кнезови.

Византискиот цар Порфирогенит во своето дело наведува дека Михаило Борис ги нападнал Србите во желба да се одмазди за поразот на својот татко Пресија, но тоа може да биде само делумно точно.[1] Во текот на деветтиот и почетокот на десеттиот век, бугарските владетели ги напаѓале своите соседи и ја ширеле својата власт, не поради желбата да се одмаздат, туку со намера да создадат поголема и помоќна држава. Ниту Борис немал среќа во војната со Србите. Бугарскиот напад Властимировите синови со здружени сили го одбиле, а во борбите бил заробен најстариот син на Борис Владимир (подоцна бугарски кнез од 889 до 893 година) со 12 најистакнати бојари, што го принудило бугарскиот хан да склучи мир со Србија. После тоа, заробените Бугари биле вратени, а на нивно барање,поради сигурност во нивна придружуба се нашле и синовите на Мутимир Бран и Стефан. [1] На источната граница на Србија, во Рас, затворениците биле предадени на ханот и биле разменети подароци. Тој на Србите им дал големи подароци, а од нив добил:

  • 2 роба
  • 2 'рта (ловечки кучиња)
  • 2 сокола
  • 80 крзнени наметки

она што Бугарите го сметаат за склучено пријателство,[1] односно што Бугарите го сметаат за почит.[3]

Точното датирање на овој српско-бугарски конфликт, како и точниот превод, а со самото тоа и толкувањето, на последните Порфирогенитови констатации во врска со српскиот подарок на Борис Михајло сè уште претставуваат нерешената мистерија за српската историографија.

Конфликтот веројатно се случил помеѓу 852 и 873 година.[2] Ферјанчи во своите коментари кон Порфирогенитовите дела пишувал дека конфликтот бил помеѓу 852 (почетокот на владеењето на Борис) и 867година (почетокот на владеењето на Василиј I Македонецот (867-886)), Живковиќ се определува за 853/854 година, Станојевиќ замислил дека се случил по 864 година, Златарски проценил дека до конфликтот дошло на самиот почеток на владеењето на Борис, додека Рансиман престојот на бугарските мисионери во Цариград во 860 година ги поврзал со овој конфликт. Проценките кои конфликтот го сместуваат по 873 година, како онаа на Веселиновиќ, дека бил околу 880 година се помалку сигурни. Сигурно е дека во моментот на конфликтот:

  • Владимир бил воено способен т.е. тој имал најмалку 14 или 15 години, (Борис имал уште три помали сина, Гаврил, Симеон, кој е роден околу 864 година и владеел со Бугарија од 893 до 927 година. години и Јаков)
  • Бран и Стефан биле деца, но не е јасно колку години имале

Наводот на Порфирогенит за српскиот подарок дел од историчарите не го споменуваат или не го толкуваат (Веселиновиќ, Станојевиќ), Живковиќ, врз основа на преводот што го наведува, извел заклучок дека Мутимир всушност ја признал врховната власт на Борис Михајло, но повторно оваа идеја била побиена внатре во самиот документ, во кој параграфот за Властимир завршува со тврдењето дека „архонтот на Србија никога не бил потчинет на архонтот на Бугарија.“ [1] Исто така Мутимир го победил Борис во војна, така да е ирационално да се претпостави дека победникот ја признал власта на победениот. Поверојатно е дека помеѓу Србија и Бугарија бил воспоставен сојуз отколку вазален однос, а Ферјанчиќ смета дека нема причина да се сметаа дека самиот подарок бил однапред договорен и го толкува како потврда за пријателството остварено при склучувањето на мирот [1]

Конфликт со браќата

уреди
 
Српска делегација во посета на царот Василиј I.

Се чини дека набргу по склучувањето на мирот со Бугарија дошло до судир меѓу браќата, а од судирот ДесаМутимир излегол како победник. Помладите браќа ги заробил и ги испратил кај бугарскиот владетел да ги чува, додека кај себе го задржал синот на Гојник Петар, кој тогаш сè уште бил дете. [1]

Порфирогени, како причини за конфликтот, ја наведува желбата на Мутимир да ја има целокупната власт за себе. Историчарите, воглавно, не се занимавале со подлабоките причини за овој конфликт, туку само ги пренесувале списите на царот. Сепак, Тибор Живковиќ смета дека причината која ја навел Порфирогенит не е точна, бидејќи секогаш делните кнезови секогаш се побунувале и се обидувале да дојдат до власт (Деса (1153-1155, 1162 - 1165 ), Немања ((1165/ 1166 - 1196 ), а никогаш тоа не го правел врховниот владетел. Тој овој судир го толкува како судир на византиско и бугарско влијание во Србија, како оној кој ќе следи по соборувањето на Петар Гојниковиќ во 917 година. Со мировниот договор, Мутимир станал сојузник на бугарскиот хан Борис, наместо власта на византискиот цар, која ја признал порано. Оваа промена била негативно прифатена во Цариград, така што Византија се обидела преку неговите помлади браќа да изврши промена на државната политика во Србија, а тоа можело да доведе до војна меѓу браќата.

Задржувањето на Петар во Србија секако имало за цел да го обезбеди Мутимир од евентуалните нови напади на Стројимир и Гојник. Фактот дека покрај себе не го задржал синот на Стојмир Клонимир, може да се толкува само со фактот дека тогаш сè уште не е роден, туку дека се родил во Бугарија. Него подоцна Борис Михајло го оженил со една бугарска принцеза, со која го добил синот Часлав ( 933 - околу 960). [2]

Борис Михајло околу 864 година го прифаќа христијанството од Византија, но тешкотиите за Византија со Бугарите не престанале. Бугарите му се обратиле на папата во 866 година барајќи од него да именува црковен старешина за Бугарија. Во 870 година Византија морала да се согласи да именува посебен архиепископ за Бугарија и тој да биде прв во рангот помеѓу византиските архиепископи. [2] Привременото опаѓање на бугарската моќ и подемот на Византија доведуваат до фактот дека Мутимир можеби потпаднал под заштита на византискиот цар, можеби уште во 864 година, но секако не подоцна од 867 или 868 година. Кога Арапите го опседнале Дубровник и некои други градови на јадранскиото море во 867 година убровчани побарале заштита од царот. Василиј I (867-886) испратил голема флота која ги протерала Арапите, но и ги убедила српските владетели дека е поразумно да се биде сојузник со византискиот цар отколку да се биде во конфликт со него. [2]

 
Романтичарска претстава за кнезот Мутимир (19 век)

Веројатно во врска со тие нови односи, единственото визаниско мисионерство упатено кон србите било околу 870 година. Извештајот за него се наоѓа во житието на свети Герман, кој во тоа време ги привршувал работите за завршетокот на манастирот посветен на Богородица (манастир Кушница во источна Македонија). Тој останал без средства за да ги плати работниците, но наместо него ги платиле царските пратеници Неофит и Никола, кои се враќале од мисионерството меѓу Србите. Не се знае што правеле кај Србите, но Житието тврди дека тие се движеле низ источна Македонија и Тракија и дека престојувале во континентална Србија или кај приморските кнежевства. Најверојатно поради нив Мутимир најдоцна до 870. бил потврден од византискиот цар како легитимен владетел на Србија. Постои шанса дека не му се обратиле на Мутимир, туку на некој кнез од Панонија со исто име. [3]

Последиот податок за кнезот Мутимир е забележана во 873 година во едно писмото кое папата Јован VIII (872-882) го упатил до словенскиот кнез Мутимир, кој денес се идентификува со Мутимир Властимировиќ. [3] Почетниот успех на Моравско-панонската мисија на Кирил и Методиј и добивање на благослов од Папата за нејзиното продолжување довеле до обновување на Панонската архиепископија, чие седиште порано беше во Сирмиум, а нејзин архиепископ станал Методиј. Во писмото од 873 година, папата побарал од Мутимир да му се потчини на епископот Методиј. Извесно е дека папата Мутимир во 873 година го сметал за христијански владетел, т.е. покрстен. Така јасно е дека во времето на кнезот Мутимир, пред 873 година, било извршено Покрстувањето на Србите. [2] Од друга страна, црковните седишта во окружувањето на Мутимир биле Котор, Дубровник, Сплит и Задар - тие биле во 873 година под Цариградската патријаршија и надвор од црковната власт на Рим. Црковно седиште најблиску до Мутимир најверојатно било во Сирмиум. Не е познато што одлучил Мутимир, но сигурно е дека моравско-панонската мисија и словенското богослужение во средна Европа пропаднале во 885 година со смртта на Методиј. [3]

Ако е точна претпоставката дека почнал да владее околу 851 година, последниот многубожечки и прв христијански владетел на балканските Срби, Мутимир, владеел околу четири децении. Сигурно е дека починал околу 891 година, а го наследил неговиот најстар син Прибислав (891-892). Покрај него, Мутимир имал и двајца помлади, а претходно споменати, синови Бран и Стефан.

Христијанизација

уреди
 
Насоки на мисионерското делување

Србите ги крстиле цариградските мисионери, кои ги испратил Василиј I, по што Мутимир го признал византиското сизеренство.[4] Најверојатно е дека за времето на владеењето на Коцељи (861-872 / 4) постоела врска помеѓу Србија и Моравија. Постои веројатност дека некои од учениците на Кирил и Методиј стигнале до Србија во 870 година, поради што дошло до употреба на христијански имиња.

 
Србите го примаат христијанството.

Првата српска црква била основана во центарот Рас, во близина на денешниот град Нови Пазар на реката Ибар. Црквата на Светите апостоли Петар и Павле во Рас може да датира уште од 9 или 10 век. Епископот бил воспоставен набргу по 871-та година за време на владеењето на Мутимир, и бил дел од општиот план за основање на бискупија во словенските земји, кој го потврдиле цариградските катедрали во 879 - 880 година.

Мутимир и понатаму продолжил да ја одржува комуникацијата со источната црква, сè додека папата Јован VIII предложил да му се признае надлежноста на бискупијата од Сирмиумската жупанија, во писмо од мај 873 година. [1]

Наводи

уреди

 

Извори и литература

уреди

Извори

уреди
  • Moravcsik, Gyula, уред. (1967) [1949]. Constantine Porphyrogenitus: De Administrando Imperio (2.. изд.). Washington: Dumbarton Oaks Center for Byzantine Studies.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Ферјанчић, Божидар (1959). „Константин VII Порфирогенит“. Византијски извори за историју народа Југославије. 2. Београд: Византолошки институт. стр. 1–98.CS1-одржување: ref=harv (link)

Литература

уреди

Викизворник

уреди