Тучепи

село во Албанија

Тучепи (албански: Tuçep) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци-муслимани,[1] иако порано било со мешана вероисповед.

Тучепи
Tuçep
село
Тучепи is located in Албанија
Тучепи
Тучепи
Координати: 41°26′43″N 20°29′54″E / 41.44528° СГШ; 20.49833° ИГД / 41.44528; 20.49833
Земја Албанија
ОбластДебар
ОпштинаБулчица
Општ. един.Острени
Надм. вис.&10000000000000764000000764 м
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.BZ

Географија

уреди

Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, на неколку стотини метри западно од границата со Македонија. Од другата страна, на 1 км источно лежи селото Отишани во Општина Дебар. Крај селото во северен правец минува Остренски Поток по кој понасевер оди по државната граница и го добива името Мирешница пред да се влее во Црн Дрим кај Миреши.

Историја

уреди

Во XIX век Тучепи било македонско село во Дебарската Каза на Отоманското Царство, во процес на исламизација. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тучепи (Toutchépi) е село со 20 домаќинства сочинети од 18 Македонци-муслимани (Торбеши) и 32 Македонци-христијани.[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Тучепи живееле 20 Македонци-христијани и 160 Македонци-муслимани.[2][4]

По податоци на Бугарската егзархија, на крајот од XIX век православното население на Тучепе се состоело од 6 куќи со 21 жител, Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Тучене (Toutchené) имало 32 православни Македонци, сите под егзархијата.[2][5]

Според статистика на весникот „Дебарски глас“ во 1911 г. во Тучепи имало 4 македонски православни и 41 торбешка куќа.[2][6] Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Тучепи имало 6 православни македонски куќи со 21 жител.[2][7]

По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.

Во отчет на Павел Христов, главен деец на бугарската просвета во Албанија, и Глигор Ошавков од 28 јануари 1914 г. „Отишани - Тучепи“ имало 5 православни македонски куќи.[2][8]

Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Тучепи се води како село со 50 куќи на Македонци-муслимани.[9]

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Видоески, Божидар (1998). Дијалектите на македонскиот јазик, том I (PDF). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 339. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-06-20. Во повеќето од спомнативе села живее население - со македонски и со албански мачин јазик. Албанското население доминира во северните голобрдски села (Себишта, Пасинки, Врмница, Големо и Мало Острени). Селата: Лешничани, Требиште, Српетово, Торбач, Љуболези, Владимирица и Тучепи се населени со Македонски муслимани (Торбеши), а во Себишта, Требиште, Г. и М. Острени живее мешано население - православни и Торбеши.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172-173.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 262. ISBN 954430424X.
  5. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 152–153.
  6. Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.
  7. Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр. 213.
  8. Отчет на Трпе Поповски и Павел Христов до Тодор Павлов од 28 јануари 1914 г.
  9. Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров