Лудакрис
Кристофер Брајан Бриџис (роден на 11 септември 1977 година)[1] , подобро познат по неговото сценско име Лудакрис, е американски рапер и актер. Заедно со неговиот менаџер Чака Зулу , Лудакрис е соосновач на Disturbing tha Peace, издавачка куќа дистрибуирана од страна на Def Jam Recordings. Лудакрис е добитник на наградите: Screen Actors Guild, Critics' Choice Awards, МTV видео музичка награда, и три Греми награди за време на неговата кариера. Роден е во Шампеин, Илиноис, на возраст од девет години Лудакрис се преселил во Атланта, Џорџија каде што почнал да рапува. По краток престој како ди џеј , тој го издал својот деби албум Назад за првпат во 2000 година, кој ги содржи сингловите „Southern Hospitality“ и „What’s Your Fantasy“. Во 2001 година тој го објави Word of Mouf, проследен од Chicken-n-Beer во 2003 година. Тој пристапил посериозно со неговите следни три албуми , The Red Light District (2004), Release Therapy (2006), и Theater of the Mind (2008). Неговиот албум , Battle of the Sexes беше издаден во 2010 година. Неговиот последен албум е наречен Ludaversal, издаден во 2015 година.
Лудакрис | |
---|---|
Животописни податоци | |
Родено име | Кристофер Брајан Бриџис |
Роден(а) | 11 септември 1977 Шампеин, Илиноис, САД |
Потекло | Атланта, Џорџија, САД |
Жанрови | Хип-хоп |
Занимања | рапер, глумец |
Период на активност | 1997–се уште |
Издавачи | Disturbing tha Peace, Def Jam, Def Jam South |
Соработници | DTP, Крис Браун, 2 Chainz |
Мреж. место | www.islanddefjam.com/artist/home.aspx?artistID=7310 |
Ран живот
уредиЛудакрис (Кристофер Брајан Бриџис) е роден во Шампеин, Илиноис , единственото дете на Роберта Шилдс и Вејн Брајан Бриџис.[2][3] Тој е од Афроамериканско и Индијанско потекло.[4][5] Бриџис својата прва рап песна ја напишал на возраст од девет години, кога се пресели во Аталанта , три години подоцна се приклучи на аматерска рап група.[6] Посетувал средно училиште во Атланта, Џорџија, а дипломирал во 1996 година.[1] Од 1998 до 1999 година студирал музички менаџмент на Државниот Универзитет во Џорџија.[7]
Музичка кариера
уредиРадио диџеј и соработка со Тимбаленд
уредиБриџис бил стажант, а потоа како ди џеј во радиото во Аталанта Hot 97,5 (сега Hot 107,9) под името „Chris Lova Lova“.[8]
Лудакрис соработувал со Тимбаленд на песната „Phat Rabbit“ од албумот на Тим „Life from the Bassment“ Оваа песна беше хит во многу земји. Таа подоцна беше вклучена во деби албумот на Лудакрис , „Back to the First time“ . Во почетокот на неговата музичка кариера, Лудакрис соработувал со Далас Остин и Џермејн Дјупри .
Incognegro и Назад за првпат (1998-2000)
уредиВо 1998 година , Лудакрис почнал да го снима својот деби албум „Incognegro“. Тој се одликува со уникатен стил за јужни рапери, со неговиот див рап. Тимбаленд управувал со дел од продукцијата. И покрај неговата лоша продажба, тој никогаш не е повлечен од продажба и сè уште се продава и ден денес. Лудакрис во 1998 година се појавува на деби албумот на Тимбаланд во „Phat Rabbit“ , песна што подоцна ќе се употреби во неговото ре-издание на „Incognegro“, именуван „Назад за првпат“. Потоа во 2000 година , Лудакрис го издал својот голем деби албум Назад за првпат, во октомври 2000 година. Овој албум всушност е изменето ре-издание на албумот Incognegro , издаден во 1999 година. Тој беше продуциран со помош на подземниот продуцент Сеси Мелија, кој го направил за кратко време. Албумот достигнал високо четврто место на U.S. Билборд 200, и бил негов голем успех. Лудакрис се обележал во индистријата со неговите синглови како што се : “Southern Hospitality“и “What’s Your Fantasy“, заедно со неговиот прв сингл „Phat Rabbit“ од пред две години. Појавување на гости како 4-ize, I-20, Шана, Пастор Трој, Тимбаленд, Трина, Фокси Браун, UGK, и други. Лудакрис во неговото интервју за МТВ хип-хоп емисијата Direct Effect, изјавил дека неговото сценско име е врз основа на неговата „двојна личност“ дека тој се смета за „смешен “ и „комичен“.[9]
Word of Mouf (2001)
уредиЛудакрис набрзо го заврши неговиот следен албум, Word of Mouf , кој го објави на крајот на 2001 година. Спотот за првиот сингл од албумот „Rollout (My Business)“ беше номиниран за Греми наградите во 2002 , и Лудакрис го извел во живо на доделувањето на наградите . Тој ги објавил сингловите "Saturday (Oooh Oooh)" со Слипи Браун , "Move Bitch" со Мистикал и I-20, и "Area Codes" со Нејт Дог. Овој е еден он неговите најуспешни албуми во однос на продажбите.
Chicken-n-Beer (2003)
уредиВо текот на пролетта 2003 година , Лудакрис по кратка пауза се вратил на музичката сцена со новиот сингл "Act a Fool", саундтракот на филмот Брзи и фуриозни 2, во кој и тој самиот е глумец во филмот. Во исто време објавил насловен сингл од неговиот албум Chicken-n-Beer, наречен "P-Poppin" (скратено од "Pussy Poppin'). Ниту еден од неговите нови синглови не беше добро прифатен од страна на урбаната или поп публиката, туку како неговите претходни песни и двата музички спотови кои добија само ограничена слушаност. Chicken-N-Beer одекнал силно, но без популарен сингл, албумот пропаднал брзо.
Есента 2003 година, Лудакрис отскокнал со неговиот следен сингл "Stand Up", кој бил објавен во Chicken-n-Beer како и во саундтракот на тинејџерскиот хип-хоп/танц филм, You Got Served. Продуциран од страна на Кање Вест, "Stand Up" станал еден од најголемите мејнстрим хитови на Лудакрис до денес, искачувањето на врвот на Билборд хот 100, на мејнстрип поп, ритмички и урбани станици, како и на МТВ, МТВ2 и BET. Лудакрис бил тужен од групата I.O.F. од Њу Џерси кои тврделе дека "Stand Up" е крадена од една од нивните песни, но во јуни 2006 година , судот откри дека песната не ги крши авторските права, „Се надевам дека тужителите уживаа во нивните 15 минути слава“, изјавил Лудакрис по пресудата.[10]
Следниот хит на албумот "Splash Waterfalls", бил објавен на почетокот на 2004 година. Голем хит (и покрај неговиот еротски спот и експлицитност, возрасно-ориентирана содржина и теми), тој подоцна станал хит на урбаното радио и на телевизијата BET, и тоа било единствен пат кога Лудакрис издал 10 синглови од соло албум, освен за Release Therapy (необјавена верзија на видеото, едниствено може да биде видено на BET's Uncut програмата). Тоа било најголемото еротско видео на Лудакрис досега, R & B ремикс во кој настауваат Рафаел Садик и примерокот Tony! Toni! Tone!'s "Whatever You Want". Лудакрис своето прво Греми го добил со Ашер и Лил Џон за нивниот хит-сингл "Yeah!". Лудакрис следно видео го издал "Blow It Out" и "Southern Fried Intro" заедно, проследени со нискобуџетен музички спот.
The Red Light District (2004)
уредиКрис Бриџис имал позрел пристап кон неговиот четврт албум , Red Light District. Соаил Калид помогнал да се продуцира овој албум со различни уметници како што е: Лил Флип и Бан.Б. Лудакрис го режирал и го снимил синглот "Get Back" во кој тој се појавува како мускулеста мечка кој е малтретиран од медиумите и предупредува со критики да го остават на мира. Тој првпат се појавува во Saturday Night Live како специјален гостин , настапи заедно со гостинот Sum 41 во сезоната во 30 епизода со домаќинот Пол Џиамати. Потоа тој го сними "Get Back" со Sum 41 за да направат рок сингл. Следечки сингл беше "Number One Spot" инсириран од Остин Пауерс .Тој беше продуциран од New York City's Hot 97 лично со DJ Green Lantern. Употребува примерок од песната "Soul Bossa Nova" од Квинси Џонс и го забрзува темпото во рапот на Лудакрис. Гости во албумот се DJ Quik, DMX, Трик Деди, Слипи Браун и новодојденците од Disturbing tha Peace, Боби Валентино, Dolla Boi и Small World. Албумот дебитирал на прво место на Billboard топ листите.
Release Therapy (2006)
уредиВо издание на магазинот XXL, Лудакрис бил пласиран на деветто место за најочекуваните албуми во 2006 година за Release Therapy. Албумот Release Therapy бил објавен на 26 септември 2006 година. Лудакрис го форматирал ЦД-то да има две страни, Release страна и Therapy страна на сингл ЦД-то. Појавување на гости ги вклучува Фарел Вилијамс, Р.Кели, Мери Џеj Блиџ, Филд Моб, Боби Валентино, Pimp C, C-Murder и Бини Зигел. Првиот сингл "Money Maker" во кој учествувал и Фарел Вилијамс, бил објавен на американското радио на 17 јули 2006 година.[11] "Money Maker" стигнал до првото место на програмата на ТВ БЕТ, 106 & Park. Тоа било сингл број еден на раперот после шест години. Неговиот втор објавен сингл бил "Grew Up a Screw Up" во соработка со Јанг Џизи. Неговиот трет сингл "Runaway Love" набрзо се искачил на место број еден на Американскиот Billboard Hot за Рап песни и освоил награда за најдобра соработка на BET наградите во 2007 година. Неговиот албум достигнаl број еден на Билборд 200 албум топ листите со продажба од 309 000 илјади копии уште во првата недела. Со објавувањето на овој албум, Лудакрис направил промена во стилот, во неговата музичка кариера. Овој нов албум вклучувал исклучување на светлиот начин на претходните албуми, и вклучува потемна страна. За да го промовира овој албум Лудакрис се вратил во ток-шоуто Saturday Night Live (и како домаќин и како музички гостин ) на 18 ноември 2006 година. Ова е официјално и првиот албум во кој Лудакрис, ги скрати своите познати "плетенки".
Theater of the Mind (2008)
уредиTheater of the Mind бил објавен на 24 ноември 2008 година и во април 2008 година, синглот "Let's Stay Together" се појавил на xxlmag.com, наводно од новиот албум (синглот "Let's Stay Together" бил очекуван како цел но бил објавен како бонус песна на CD-то). Песната со Small World наречена "Pinky Shinin" се очекувало да се најде на албумот, но била изоставена. Во едно интервју за Complex Magazine тој изјавил дека Крис Браун, Лил Вејн, Рик Рос, T.I., Plies, Common, T-Pain, Џеј-Зи, Нас и Game ќе бидат на албумот. Game се појавува во песна со Вили Нортпол со наслов "Call Up the Homies". T.I. бил во албумот во песната "Wish You Would", која означува крај на долгата расправија меѓу нив. Албумот дебитирал на петто место на Билборд 200 со продажба од 213 493 копии во првата недела. Албумот бил објавен во ист ден со 808s & Heartbreak на Кање Вест, кој го освоил првото место на топ листите. Неговиот прв сингл "What Them Girls Like" со Крис Браун и Шон Гарет, се искачил на 33 место на Billboard 100. Неговиот втор сингл "One More Drink" со T-Pain, се искачил на 24 место на Billboard 100. Третиот официјален сингл бил "Nasty Girl" со Plies. Тој потврдил „продолжение“ насловен Ludaversal кој треба да биде објавен во 2012.[12]
Battle of the Sexes (2010)
уредиСедмиот студиски албум на Лудакрис бил објавен на 9 март 2010 година со неговиот прв промотивен сингл "Everybody Drunk" кој го вклучува Калум Смит, оригинално со Шана. Првата концепт идеја на албумот била да има битка помеѓу Лудакрис и Шана, но потоцна била откажана по заминувањето на Шана од Disturbing thе Peace, прекинувајќи го договорот со Лудакрис и приклучувајќи се во продукцијата на T-Pain, Nappy Boy Entertainment. Првиот објавен сингл од Battle of the Sexes е "How Low", кој беше објавен на 8 декември 2009 година. Следниот објавен сингл бил "My Chick Bad" објавен на 23 февруари 2010 година. Третиот сингл е "Sex Room" кој се искачил на 69 место на Billboard 100. Battle of the Sexes на Лудакрис се искачил на првото место на листите со продажба од 137,000 копии во првата недела. Албумот во моментов е сертифициран со злато.
Ludaversal (2012-2015)
уредиНа 15 август 2010 година , Лудакрис на Твитер објавил дека тој се враќа во студио со The Neptunes работејќи на неговиот осми студиски албум , Ludaversal.[13] Неговиот „продолжеток“ албум на Theater of the Mind. На 7 јули 2011, според неговиот Facebook профил, тој неодамна заминал во Париз, Франција за да работи на Ludaversal.[14]
Иако "Jingalin" бил пуштен како прв сингл од албумот, испаднало дека тој сингл е всушност тргнат, и не е вклучен во албумот. Тој издава негов EP во 2014, во кој е вклучен синглот "Good Lovin" во кој подоцна ќе го додаде како прв сингл од Ludaversal. На 3 Март 2015, пуштени се на интернет неколку негови песни од Ludaversal.
Тој официјално албумот го пушта во продажба на 31 март 2015, после 5 години работа. На албумот гостувале: Ашер, пејачката Моника, Big K.R.I.T., и вклучува продукција од David Banner, соработникот на T.I., DJ Toomp, Just Blaze, и други.
Следен албум (2017-до денес)
Во Март 2017 година, Лудакрис потврди дека работи на неговиот деветти албум во интервју со Complex. На 31 март 2017 година, Лудакрис го пушти првиот сингл наречен "Vitamin D" во кој му гостувa Ty Dolla Sign.
Контроверзии
T.I.
- Контроверзијата/караницата помеѓу нив двајца настанала кога T.I. го видел видеото на колегата на Лудакрис, наречен I-20, каде што човек кој носи маичка со натпис "Trap House", и тој во видеото бил претепан. T.I. помислил дека Лудакрис му се заканува дека ќе го претепа, бидејќи T.I. имал албум наречен "Trap Muzik", и затоа на следната песна каде што треба да бидат заедно во колаборација со Јанг Бак од G-Unit, T.I. со неколку реченици го навредил Лудакрис. Поради тоа, Лудакрис ја снимил својата строфа после T.I., во кој тој целосно го навредува T.I. Поради тешките навреди од Лудакрис, тој бил тргнат од песната, и променет од The Game, но сепак, постои и верзија каде што двајцата рапери се на истата песна.
Во 2007, T.I. го нападнал менаџерот на Лудакрис, Чака Зулу, од кој биле раздвоени, и T.I. потоа се извинил јавно на Bet Awards. Со тоа ја смирува тензијата со Лудакрис, и тие веќе следната година имаат направено песна заедно, и се појавуваат заедно на неколку колаборации подоцна.
Бил О'Рајли, Рекламата за пепси
-Во август 2002, политичарот Бил Орајли, ги повика американците да протестираат и да ги бојкотираат пијалаците на Пепси, кажувајќи дека човекот кој ги промовира, поточно Лудакрис, живее гламурозен гангстерски живот, полн со насилствно и слични работи. Поради ова, Лудакрис бил отпуштен од страна на Пепси, и поради тоа, резултирала на неколку навредливи песни од страна на Лудакрис кон Орајли, вклучувајќи ги и: Blow It Out, Hoes In My Room, Number One Spot. Во 2010, Лудакрис самиот потврди дека го решил конфликтот со Орајли на добротворен настан.
Личен живот
уредиЛудакрис од неговата претходна врска ја има ќерката Карма Бриџис.[15]
Во февруари 2007 година го изгубил својот татко кој боледувал од рак. Тој е ко сопственик на Conjure Cognac liquor и Soul headphones.[16]
Во Костарика, на 26 декември 2014, Лудакрис се сврши со неговата партнерка, моделот Еудокси Мбоуанге. Во првиот дел на Јуни 2015, парот објави дека добиле прво бебе, девојче.
Филантропија
уредиВо 2011 година Лудакрис се приклучи на еден заеднички напор помеѓу Dosomething.org и Better World Books за да се соберат книги да им асе помогно не библиотеките во Њу Орлеанс. Тој режирал јавно соопштение за поддршка на Epic Book Drive Архивирано на 31 март 2012 г.. Крис „Лудакрис“ Бриџис исто така ја стартувал Фондацијата Лудакрис на почетокот од неговата кариера во 2001 година. Целта на фондацијата е да ги поттикне младите преку едукација, незаборавни искуства и да им се помогне на младите да си помогнат себеси. Во фокусот е она што Лудакрис го нарекува "3Ls". водство и Едукација , живеење на здрав живот и LudaCares.[17]
Дискографија
уреди- Студиски албуми
- 2000: Назад за првпат
- 2001: Word of Mouf
- 2003: Chicken-n-Beer
- 2004: The Red Light District
- 2006: Release Therapy
- 2008: Theater of the Mind
- 2010: Battle of the Sexes
- 2012: Ludaversal
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Birchmeier, Jason (2008). „Ludacris: Biography“. allmusic. Посетено на July 11, 2008. Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help) - ↑ „Ludacris: rap star keep's conquering music while enjoying success as actor“. Jet. June 20, 2005. Посетено на September 15, 2010.
- ↑ Haynes, Monica (February 27, 2007). „Antonella or no, Bobby Brown needs dough and Foxy tells her side“. Pittsburgh Post-Gazette. Посетено на September 15, 2010.
- ↑ Tannenbaum, Rob (October 1, 2006). „Playboy Interview: Ludacris“. Playboy Magazine. Архивирано од изворникот на 2011-02-24. Посетено на June 8, 2009.
- ↑ DaDa Entertainment (2009). „Ludacris Biography“. Dada Entertainment. Архивирано од изворникот на 2009-05-28. Посетено на June 8, 2009.
- ↑ Dukes, Rahman; Scorca, Shari (March 9, 2001). „Ludacris: Throwing Bows“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2009-06-05. Посетено на March 1, 2009.
- ↑ Alumni Report. Sounds, Fall 2008, pg. 10. Georgia State University.
- ↑ „Ludacris Talks Conjure, Fast & The Furious (EXCLUSIVE VIDEO) | HotSpotATL - Hot 107.9 Atlanta's Home for the Hip-Hop Community“. HotSpotATL. 2010-09-20. Посетено на 2011-08-15.
- ↑ Johnson, Elon (October 19, 2000). „DFX: Ludacris Is "Назад за првпат"“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2003-09-19. Посетено на March 1, 2009.
- ↑ „For The Record: Quick News On Luda, Kanye West, Pharrell Williams, Avenged Sevenfold, Social Distortion & More“. MTV.com. Архивирано од изворникот на 2006-12-11. Посетено на May 24, 2006.
- ↑ „Ludacris Digs Deep On 'Release Therapy'“. Billboard.com. Посетено на July 14, 2006.
- ↑ by DeMarco Williams (October 24, 2008). „Ludacris: Audio Cinematic | Rappers Talk Hip Hop Beef & Old School Hip Hop“. HipHopDX. Архивирано од изворникот на 2009-08-17. Посетено на December 1, 2010.
- ↑ Ludacris. „Back in the studio with Ne“. Twitter.com. Посетено на December 1, 2010.
- ↑ „Ludacris Names New Album [[Ludaversal]] « I AM LUCA“. Iamluca.wordpress.com. 2009-07-30. Посетено на 2011-08-15. URL–wikilink conflict (help)
- ↑ „HIPHOSSIP BLOG.: November 2007“. Hiphossip.com. Архивирано од изворникот на 2009-08-14. Посетено на December 1, 2010.
- ↑ „Ludacris asks for privacy after dad's death“. Associated Press. February 26, 2007. Посетено на March 1, 2009.
- ↑ „The Ludacris Foundation, Green For All and Actress Keshia Knight Pulliam Host "Keep It Fresh" Earth Day Event — Green For All“. Greenforall.org. Архивирано од изворникот на 2012-03-30. Посетено на 2012-03-30.