Лил Џон
Џонатан Х. Смит[1] (англиски: Jonathan H. Smith; роден на 17 јануари 1972 година),[2] професионално познат како Лил Џон (англиски: Lil Jon) ― американски рапер, диџеј и музички продуцент. Имал значителен придонес во хип-хоп културата, особено преку промовирањето на поджанрот познат како „кранк" (crunk) на почетокот од 2000-тите и често се наведува како основоположник на жанрот.[3] Бил фронтмен на групата Lil Jon & the East Side Boyz, со која издал пет албуми.[4][5] Лил Џон исто така бил продуцент на песни за музичари кои го популаризирале жанрот; меѓу нив се: Питбул, Ту Шорт, Е-40, Лудакрис, Сијара и Ашер.[6]
Лил Џон | |
---|---|
Лил Џон во 2007 | |
Роден(а) | Џонатан Х. Смит 17 јануари 1972 Атланта, Џорџија, САД Музичка кариера |
Жанрови |
|
Период на активност | 1991–денес |
Издавачи |
|
Занимање |
|
Сопружник | Никол (в. 2004) |
Деца | 1 |
Страница liljon.com | |
Живот и кариера
уредиЏонатан Смит е роден во Атланта, Џорџија. Бил најстар од петте деца на неговите родители.
1991–2000: Почетоци на кариерата
уредиЛил Џон музичката кариера ја започнал како диџеј и радиоводител[7] во Атланта, а подоцна почнал да се занимава и со музичка продукција.[8] Неговата музичка кариера забрзано се развивала откако во 1996 година бил ангажиран од музичката компанија So So Def, каде работел како извршен продуцент.[9]
1995–2005: Lil Jon & the East Side Boyz
уредиВо 1995 година, Лил Џон заедно со Биг Сем и Лил Бо ја основал рап-групата East Side Boyz.[10]
Во 1996 година, групата го објавила првиот сингл под наслов „Who U Wit?“. Оваа песната го внела терминот „кранк“ во хип-хоп заедницата.[3] Во 1997 година, групата го издала првиот албум, Get Crunk, Who U Wit: Da Album.
Во 2002 година, групата го издала вториот студиски албум под наслов Kings of Crunk со песната „I Don't Give a Fuck“ како прв сингл. Албумот бил сертифициран како мултиплатинест од RIAA во август 2004 година.[11] Синглот „Get Low", кој станал масовен хит, го дефинирал звукот на кранкот и ја зголемил популарноста на жанрот низ САД и пошироко. Песната била вклучена и во видеоиграта Need for Speed: Underground.
2006 – денес: Соло-кариера
уредиВо 2006 година, Лил Џон, во обид да ги исполни обврските кон TVT го издал синглот „Snap Yo Fingers“. По објавувањето на песната, Лил Џон се заколнал дека повеќе нема да снима за TVT Рекордс.[12]
Во 2009 година, Лил Џон бил гостин-пејач во двојно платинестиот[13] сингл од Џеј Шон „Do you remember“ кој бил прикажан во филмскиот римејк на Карате кид. На 8 јуни 2010 година, Лил Џон го издал неговиот прв соло-албум, Crunk Rock. На него учествувале музичарите: LMFAO, Ying Yang Twins, Питбул, 3OH!3, Ајс Кјуб, Waka Flocka Flame, Стивен Марли, Демиен Марли и многу други.[14]
Во 2013 година, Лил Џон соработувал со диџеј Снејк и го издал синглот „Turn Down for What“ под Columbia Records. Песната стигнала до четврто место на Хот 100 и петто место на Мејнстрим Топ 40. Песната биле често употребувана во медиумите и била сертифицирана за шестктратно платинеста од RIAA.[15]
Личен живот
уредиВо 2004 година, Лил Џон се оженил со Никол и имаат еден син.[16]
Тој е страствен навивач на сите спортски тимови од Атланта.[17]
Дискографија
уредиСоло албум
уреди- Crunk Rock (2010)
Со East Side Boyz
- Get Crunk, Who U Wit: Da Album (1997)
- We Still Crunk!! (2000)
- Put Yo Hood Up (2001)
- Kings of Crunk (2002)
- Crunk Juice (2004)
Со Кабир Сехгал
- Total Meditation (2024)
- Manifest Abundance: Affirmations for Personal Growth (2024)
Филмографија
уредиФилм
уреди- Soul Plane (2004)
- Boss'n Up (2005)
- Филм со датум (2006)
- Страшен филм 4 (2006)
Наводи
уреди- ↑ „Credits | off and Running | POV“. PBS. January 10, 2010. Архивирано од изворникот на 2023-04-01. Посетено на 2024-09-12.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 3,0 3,1 Sarig, Roni. „Lil Jon heralds a new Southern music movement“. Creative Loafing. Посетено на January 26, 2019.
- ↑ „Gold and Platinum Certifications“. RIAA. Посетено на January 5, 2019.
- ↑ „Lil Jon:Artist Page“. Recording Academy. Посетено на January 5, 2019.
- ↑ Lavin, Will (April 10, 2020). „Usher, Lil Jon and Ludacris share new song 'SexBeat'“. NME. BandLad Technologies. Посетено на January 13, 2022.
- ↑ „Lil Jon“. www.thrashermagazine.com (англиски). Посетено на January 27, 2019.
- ↑ Sarig, Roni. „Lil Jon heralds a new Southern music movement“. Creative Loafing. Посетено на January 26, 2019.
- ↑ „So So Def at 20: How it all began“. Creative Loafing. February 21, 2013. Посетено на July 20, 2016.
- ↑ Reid, Shaheem (November 1, 2004). „Lil' Jon: Big Chips (page 2)“. MTV News. Архивирано од изворникот на November 12, 2004. Посетено на May 18, 2010.
- ↑ „RIAA Certifications“. RIAA. The Recording Industry Association of America. Посетено на January 27, 2019.
- ↑ „Lil Jon Readies Rock Album“. SOHH.com. Архивирано од изворникот на September 12, 2006. Посетено на February 22, 2006.
- ↑ „Gold & Platinum“. Recording Industry of America. Посетено на December 12, 2019.
- ↑ VIBE: Lil Jon Goes to the Orchard Архивирано на {{{2}}}.
- ↑ „RIAA – Gold & Platinum Searchable Database – November, 2016“. Riaa.com. Посетено на November 11, 2016.
- ↑ „SPOTTED: Lil Jon & His Wife & Son Have Family Dinner At Katsuya“. The Young, Black, and Fabulous. Архивирано од изворникот на April 9, 2023. Посетено на January 30, 2014.
- ↑ Yerdon, Joe (February 8, 2012). „Your moment of zen: Lil' Jon hanging with the Montreal Canadiens“. NBC Sports. Посетено на January 30, 2014.
- ↑ „Famed American rapper Lil Jon embraces Islam“. March 16, 2024. Посетено на 16 March 2024.