Рик Рос
Вилијам Леонард Робертс II (англ. William Leonard Roberts II; роден на 28 јануари 1976), естрадно познат како Рик Рос ― американски рапер и извршен музички продуцент.[1] Рик Рос девет пати бил номиниран за Греми награда, а во 2010 и 2011 година хип-хоп-списанието The Source го прогласил за „Човек на годината“.[2]
Рик Рос | |
---|---|
Рик Рос во 2019 | |
Роден(а) | Вилијам Леонард Робертс II 28 јануари 1976 Кларксдејл, Мисисипи, САД |
Други имиња |
|
Занимање |
|
Активен период | 2000–денес |
Деца | 5 |
Живот и кариера
уредиВилијам Леонард Робертс II е роден во Кларксдејл во Мисисипи,[3][4] а детството го поминал во Керол Сити, Флорида.[5] По матурирањето во средното училиште во Керол Сити, со стипендија од американски фудбал се запишал на Државниот универзитет во Олбени, каде студирал кривично право.[6] По една година ги напуштил студиите и се пријавил да работи како поправен службеник. Следните 18 месеци, до јуни 1997 година, работел како затворски чувар во Прифатниот центар во Јужна Флорида во округот Мајами-Дејд.[7]
Почетоци на кариерата
уредиЗа време на неговите први години во Suave House Records, Робертс настапувал под псевдонимот Тефлон Да Дон. Тој дебитирал со песната „Ain't Shhh to Discuss“ на единствениот албум од Ерик Сермон за DreamWorks, Def Squad Presents Erick Onasis.[8] Кон средината на 2000-тите, тој го променил псевдонимот во Рик Рос. Името го зел од добро познатиот дилер на дрога Рик Рос - „Freeway“, кој оперирал во Лос Анџелес во 1980-тите и 1990-тите и со кого Робертс немал никаква врска.[9]
Во 2005 година, покрај неговата соло-кариера, Рос бил и водечки член на хип-хоп-групата Triple C's, во која членувале раперите Ганплеј и Торч.
По завршувањето на договорот со Suave House Records, поранешна издавачка куќа на рап-дуото 8Ball & MJG, тој потпишал договор со Slip-n-Slide Records која од 2006 година била дел од издавачката куќа Def Jam.
2006–2014: Изданија со Def Jam Recordings
уредиПред да го издаде неговиот прв сингл, „Hustlin“ (март 2006 година), неколку издавачки куќи воделе војна со наддавање за потписот на Рос. Покрај другите, добил понуди од Bad Boy Entertainment во сопственост на Паф Диди и од Murder Inc. во сопственост на Irv Gotti, а на крајот потпишал договор вреден повеќе милиони долари со Def Jam Recordings во сопственост на Џеј-Зи. Во август истата година, неговиот прв студиски албум Port of Miami (2006) по објавувањето се искачил на врвот на Билборд 200.[10][11]
Рос, во 2008 година, ја основал издавачката куќа Maybach Music Group (MMG), преку која потпишал договор меѓу другите и со музичари како Meek Mill, Wale, French Montana и Omarion.
Неговиот втор и трет студиски албум, Trilla (2008)[12] и Deeper Than Rap ( 2009) исто така се искачиле на врвот на Билборд 200. Неговиот четврти албум „Teflon Don“ (2010) го содржел синглот „Aston Martin Music“ (во соработка со Дрејк и Крисет Микел) кој добил тројно платинест сертификат од Здружението на музичките сниматели на Америка (RIAA). Неговиот петти и шести албум, God Forgives, I Don't (2012) и Mastermind (2014) исто така се искачиле на врвот на Billboard 200.[13]
2014–денес: Изданија со MMG
уредиИздавачката куќа MMG станала заедничко вложување со Def Jam, а подоцна и со Epic Records и преку неа Рик Рос ги издал неговите следни студиски албуми: Hood Billionaire (2014), Black Market (2015), Rather You Than Me (2017), Port of Miami 2 (2019) и Richer Than I Ever Been (2021). По објавувањето на Richer Than I Ever Been, ММG станала заедничко вложување со медиумската компанија Gamma. Со оваа издавачка куќа Рос го издал заедничкиот албум со Meek Mill под наслов Too Good to Be True (2023).
Дискографија
уредиСтудиски албуми
- Port of Miami (2006)
- Trilla (2008)
- Deeper Than Rap (2009)
- Teflon Don (2010)
- God Forgives, I Don't (2012)
- Mastermind (2014)
- Hood Billionaire (2014)
- Black Market (2015)
- Rather You Than Me (2017)
- Port of Miami 2 (2019)
- Richer Than I Ever Been (2021)
Албуми во соработка
- Custom Cars & Cycles (со Triple C's) (2009)
- Too Good to Be True (со Meek Mill) (2023)
Наводи
уреди- ↑ Zisook, Brian (March 20, 2017). „Rick Ross on control of label artists“. Djbooth. DJBooth.com. Архивирано од изворникот на February 25, 2021. Посетено на August 4, 2018.
- ↑ „Rick Ross Covers 25th Anniversary Issue of the Source“. BET. Архивирано од изворникот на September 8, 2023. Посетено на September 8, 2023.
- ↑ Birth certificate Архивирано на 5 јули 2015 г. of William Roberts (Rick Ross) as scanned by The Smoking Gun
- ↑ Reid, Shaheem (May 28, 2010). „Rick Ross Talks Miami's 'Fast Life,' Southern Heritage, In The Source“. MTV News. Архивирано од изворникот July 26, 2015. Посетено на June 24, 2015.
- ↑ Cordor, Cyril. „Rick Ross Biography“. Allmusic. Архивирано од изворникот на April 20, 2011. Посетено на April 1, 2011.
During the early to mid-2000s, he became popular and well known locally through touring with Trick Daddy and guest-appearing on a few Slip-N-Slide releases, but didn't release any solo material until 2006.
- ↑ Handelsman, Jason (January 10, 2008). „Rick Ross Spins a New One“. Miami New Times. Архивирано од изворникот на July 6, 2008. Посетено на February 28, 2022.
- ↑ „Despite denials, records show rap star worked as corrections officer“. July 21, 2008. Архивирано од изворникот December 12, 2012.
- ↑ Burgess, Omar (May 18, 2011). „Rick Ross Recalls Drawing Inspiration From EPMD“. HipHopDX. Cheri Media Group. Архивирано од изворникот на December 10, 2014. Посетено на February 28, 2022.
- ↑ Gardner, Eriq (March 21, 2013). „'Freeway' Ricky Ross Taking Battle Over Rapper Rick Ross to Appeals Court“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на November 6, 2013. Посетено на February 28, 2022.
- ↑ Harris, Chris (August 16, 2006). „Rick Ross Sails Past Breaking Benjamin, Takes Port Of Miami To #1“. MTV News. Архивирано од изворникот на May 16, 2008. Посетено на February 28, 2022.
- ↑ „Port of Miami – Charts & Awards“. Allmusic. 2006. Архивирано од изворникот на December 11, 2011. Посетено на September 21, 2021.
- ↑ Reid, Shaheem (March 19, 2008). „Rick Ross On #1 Trilla Beating Out Snoop, Fat Joe: 'I Told Them We Bossin' Up'“. MTV News. Архивирано од изворникот April 24, 2008. Посетено на February 28, 2022.
- ↑ Reid, Shaheem (March 19, 2008). „Rick Ross On #1 Trilla Beating Out Snoop, Fat Joe: 'I Told Them We Bossin' Up'“. MTV News. Архивирано од изворникот на April 24, 2008. Посетено на February 28, 2022.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Рик Рос — AllMusic (англиски)
- Рик Рос на Семрежната филмска база на податоци (англиски)