Црква „Вознесение Христово“ - Локов (селска)
Вознесението Христово или Свети Спас — главна селска црква во селото Локов.[1] Сместена е на ширина во југоисточниот дел на селото.
Вознесение Христово
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Струшко |
Парохија | Прва струшка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°21′53.5″N 20°38′58.6″E / 41.364861° СГШ; 20.649611° ИГД |
Место | Локов |
Општина | Струга |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Вознесение Христово |
Завршено | 1939 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиОд натписот над главниот влез од црквата може да се забележи дека црквата била изградена во 1939 година.
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источниот ѕид. Главниот влез е сместен на западната страна, додека на јужната страна има спореден влез. Непосредно над главниот влез има натпис со годината на изградба, а над натписот има ниша со фреска на која е насликан Исус Христос. Над споредниот влез има празна ниша. На јужната страна има три правоаголни прозорци, додека на средината од апсидата има монофора. Објектот е изграден од варовник, а на рабовите се забележуваат камени тули. Црквата е покриена со кров од ќерамиди, а апсидата со лимен кров. Внатрешноста на црквата е зографисана, а иконостасот е богат со икони.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и метален крст. Камбанаријата се наоѓа непосредно од десната страна на западниот ѕид на црквата. Таа има квадратна основа со залачени отвори во горниот дел. Варосана е во бела боја и е покриена со пирамидален кров од ќерамиди.
Галерија
уреди- Надворешен изглед и двор
-
Црквата со камбанаријата
-
Западната страна на црквата
-
Јужната и источната страна на црквата со камбанаријата
-
Јужната стана на црквата
-
Источната и северната страна на црквата
-
Апсидата на црквата
-
Натпис над главниот влез
-
Крст во дворот на црквата
- Внатрешноста на црквата
-
Фреска на Исус Христос Седржител
-
Иконостасот на црквата
-
Внатрешноста на црквата
-
Горниот дел на иконостасот со лустерот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 40. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Црква „Вознесение Христово“ - Локов (селска) на Ризницата ?