Црква „Св. Петка“ - Локов

црква во селото Локов

Света Петка — гробјанска црква во селото Локов.[1] Сместена е во крајниот јужен дел од селото.

Света Петка

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Прва струшка
Местоположба

Карта

Координати 41°21′45.5″N 20°38′48.6″E / 41.362639° СГШ; 20.646833° ИГД / 41.362639; 20.646833
Место Локов
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Завршено почеток на XX век
Архитектонски опис

Историја

уреди

Црквата била изградена на почетокот од XX век.

Архитектура

уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источниот ѕид. Влезот е сместен од западната страна. На северниот ѕид има два прозорци, а на средината од апсидата отвор во облик на крст. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 40. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди