Пума

(Пренасочено од Кугар)
Пума [1]
Период: Среден плеистоцен до денес
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Мачки
Род: Пума
Вид: P. concolor
Научен назив
Puma concolor
(Linnaeus, 1771)
Распространетост на пумата

Пума (латински: Puma concolor), исто така позната како кагуар или планински лав, во зависност од регионот — цицач од семејството на мачките кој живее во Америка. Оваа голема осамена мачка има поширок ареал од сите други животни на западната полутопка[3], распространета од Јукон во Канада, до јужниот дел на Андите во Јужна Америка. Пумата е многу прилагодлив вид и може да се најде во секое поголемо американско живеалиште. Пумата е втора најтешка мачка на американскиот континент по јагуарот, a четвртa во светот заедно со леопардот, по тигарот, лавот и јагуарот, иако е повеќе во сродство со помалите мачки.

Како вешт грабливец, пумата има широк спектар на пленови. Основен извор на храна му се копитарите како елен, лос, муфлон, како и домашно говедо, коњи, овци, пред сè во северните делови на неговиот ареал, но лови и мали инсекти и глодачи. Пумата претпочита живеалишта со густи грмушки и камени површини за прикрадување, но може да живее и на отворен простор. Таа е територијално животно и преживува во мала бројност на популацијата. Големината на поединечната територија зависи од теренот, растителноста и изобилството на плен. Иако тоа е голем грабливец, не е секогаш доминантен вид во неговиот ареал кога се натпреварува за плен со други грабливци како што се јагуарот, сивиот волк, американската црна мечка и гризли мечката. Пумата е самотна мачка и обично ги избегнува луѓето. Нападите врз луѓето се ретки, и покрај скорешната зачестеност.[4]

Поради прекумерното ловење што следувало по европската колонизација на Америка, и продолженото човеково развивање врз живеалиштата на пумите популацијата се намалила во повеќето делови од нејзините историски граници. Пумата, особено била истребена во источна Северна Америка, а останала да постои една изолирана суб-популација во Флорида; животното може да ги реколонизира деловите од својата поранешна источна територија. Со својата голема разновидност, пумата има дузина имиња и различни наводи во митологијата на домородните Американци и во современата култура. Пумата неодамна се врати во државата Вајоминг, каде што моментално ја има најголемата популација во Северна Америка.

Именување и етимологија

уреди

Пумата има многубројни имиња, од кои најпознати се „кугар“ и „планински лав“. Во другите имиња спаѓаат „планинска мачка“ (catamount), „пантер“, „планински врескач“ и „сликар“ (painter). Лексикографите го препишуваат името „сликар“, како регионална дијалектна варијанта на жителите од височините на јужен САД, на „пантерот“;[5] а народната етимологија ја согледува сличноста меѓу пумата со темен крај на нејзиниот опаш и четката за сликање мацната во темна боја.

Пумата го држи Гинисовиот рекорд за животно со најголем број на имиња, веројатно поради големата распространетост низ Северна и Јужна Америка. Таа има само над 40 имиња на англиски.[6]

„Кугар“ може да бил позајмен од португалскиот çuçuarana, преку францускиот јазик; терминот произлегол првенствено од Тупи јазикот. Сегашна форма во Бразил е suçuarana. Може исто така што бил позајмен од Гварани јазичниот термин guaçu ara или guazu ara. „Пума“ доаѓа, преку шпанскиот, од Кечуанскиот јазик.[7][8][9]

Таксономија и еволуција

уреди

Пумата е најголема од малите мачки. Сместена е во потсемејството Felidae, иако нејзините главни одлики се слични со оние на големите мачки од потсемејството Pantherinae.[1] Семејството Felidae се смета дека води потекло од Азија приближно од пред 11 милиони години. Класификациските истражувања се половични и многу од тоа што е познато за нивната еволуциска историја се заснова на митохондриска ДНК анализа,[10] бидејќи мачките се малку застапени во фосилните записници,[11] и постојат значајни т.н интервали на доверба со индицирани дати.

 
Иако голема, пумата е во блиско сродство со малите мачки.

Во последните геномски студии за мачките, заедничкиот предок на денешните Leopardus, рисови, пуми, Prionailurus и мачки, се преселил преку Беринговиот копнен мост во Америка пред околу 8 до 8.5 милиони години. Потомците потоа дивергирале по тој редослед.[11] Северно американските мачки тогаш ја окупирале Јужна Америка пред 3 милиони години како дел од Големата Американска Размена, следејќи го создавањето на Панамскиот Провлак. Пумата на почетокот се сметала дека припаѓа на Felis (felis concolor), видот на којшто припаѓа и домашната мачка. Од 1993 е сместена во Пума заедно со јагуарундите, мачки само малку поголеми од десетина од нејзината големина.

Истражувањата покажале дека пумите и јагуарундите се најмногу поврзани со гепардот од Африка и западна Азија,[11][12] но врската е нерешена. Се претпоставува дека лозата на гепардот дивергирал од лозата на пумите во Америка и се преселила назад во Азија и Африка,[11][12] додека други истражувања предлагаат дека гепардот дивергирал во Стариот Свет.[13] Претпоставките за преселбата на малите мачки во Америка се впрочем неразјаснети.

Неодамнешни студии покажале дека постои високо ниво на генетска сличност меѓу северно американските популации на пумата, сугерирајќи дека тие сите се нови потомци на мала група на нивни предци. Кулвер смета дека примарната северно американска популација на Puma concolor била истребена за време на Плеистоценските истребувања пред некои 10,000 години, кога други големи цицачи како Сабјозабестиот тигар исто така исчезнале. Северна Америка тогаш била населена од група на јужно американски пуми.[12]

Подвидови

уреди

До доцните 1990-ти, биле регистрирани 32 подвидови, но неодамнешна генетичка студија за митохондриска ДНК[12] покажала дека многу од овие се преслични за да бидат одредени како различни на молекуларно ниво. Следејќи ја студијата, прописниот Видови на цицачи во светот (3то издание) идентификува шест подвидови, пет од кои може да се најдат само во Латинска Америка:[1]

Аргентинска пума (Puma concolor cabrerae)
Ги вклучува претходните подвидови и синонимите hudsonii и puma (Марчели, 1992);
Костариканската пума (Puma concolor costaricensis)
Источна Северно Американска пума (Puma concolor anthonyi)
Ги вклучува претходните подвидови и синонимите acrocodia, borbensis, capricornensis, concolor (Пелцелн, 1883), greeni и nigra;
Северно американска пума (Puma concolor couguar)
Ги вклучува и претходните подвидови и синонимите arundivaga, aztecus, browni, californica, coryi, floridana, hippolestes, improcera, kaibabensis, mayensis, missoulensis, olympus, oregonensis, schorgeri, stanleyana, vancouverensis и youngi;
Северна јужно американска пума (Puma concolor concolor)
Ги вклучува претходните подвидови и синонимите bangsi, incarum, osgoodi, soasoaranna, sussuarana, soderstromii, sucuacuara и wavula;
Јужна јужно американска пума (Puma concolor puma)
Ги вклучува претходните подвидови и синонимите araucanus, concolor (Геј, 1847), patagonica, pearsoni and puma (Труесар, 1904)

Статусот на Флоридскиот пантер, којшто овде припаѓа на северно американската пума, останува несигурен. Сè уште е редовно запишуван како подвидот Puma concolor coryi во истражувачките трудови, влкучувајќи ги и оние директно поврзани со неговата заштита.[14] Кулвер et al. самите забележале ниска микросателитска варијациа на Флоридскиот пантер, можеби поради блискосродственото размножување;[12] одговарајќи на истражувањето, еден тим за заштита смета дека „степенот до кој научната заедница ги прифатила резултатите од Кулвер et al. и предложената промена во таксономијата не е решена моментално.“[15]

Биологија и однесување

уреди

Физички одлики

уреди

Пумите се витки и пргави мачки. Возрасните се околу 60 до 76 см високи до рамената. Должината на возрасните мажјаци е околу 2,4 м од носот до опашката, додека генерално на целиот вид должината изнесува од 1,5 до 2,75 м од носот до опашката.[16][17] Мажјаците тежат 53 до 90 кг, во просек 60 кг. Во ретки случаи, некои можат да достигнат до 120 кг. Женките тежат помеѓу 29 и 64 кг, во просек 42 кг.[18][19][20] Големината на пумите е помала на екваторот, а поголема кон половите.[3]

 
Предна шепа на пума.

Главата на мачката е тркалезна и ушите исправени. Нејзините снажни предни нозе, врат и вилица и служат за да зграпчи и задржи голем плен. Таа има пет канџи кои се повлекуваат на нејзините предни шепи (петтиот прст е зачеток) и четири на нејзините задни шепи. Поголемите предни шепи и канџи се адаптирани за зграпчување на пленот.[21]

Пумите можат да бидат големи колку јагуарите, но се помалку мускулести и снажни; таму каде што нивните терени им се поклопуваат, пумите имаат тенденција да бидат помали од обично. Пумата е во просек исто тешка колку и леопардот. И покрај нејзината големина, таа не е типично класифицирана во „големи мачки“ бидејќи таа не може да рика поради тоа што ѝ недостасува специјализираниот грклан и подјазична коска на родот Panthera.[22] Како и домашни мачки, пумите вокализираат длабоко шиштење, 'ржење и предење, како и цврчење и свиркање.

 
Задна шепа на пума

Обојувањето на пумата е еднобојно но може да варира помеѓу единки па дури и помеѓу браќа и сестри. Крзното е вообичаено жолто-кафеаво, но може да биде сребрено-сиво или црвеникаво, со посветли делови на долните делови од телото вклучувајќи ги канџите, брадата и грлото. Доенчињата се точкесто ишарани и родени се со сини очи и прстени на нивните опашки;[18] малдите се бледи и темните точки остануваат на нивните страни.[17] И покрај анегдотите, напротив, не се документирани целосно црни пуми (меланизам).[23] Терминот „црн пантер“ се користи колоквијално за меланистички единки од други видови, особено јагуари и леопарди.[24]

Пумите имаат големи шепи и пропорционално најголеми задни нозе во семејството на мачките.[18] Оваа физичка одлика им овозможува големи скокови и способност за кратки спринтови. Забележан е извонреден вертикален скок на пумите од 5,4 метри.[25] Хоризонталните скокови од стоечка положба изнесуваат некаде од 6 до 12 метри. Пумата може да трча 55 до 72 км/ч,[26] но повеќе е приспособена за кратки, моќни спринтови отколку за трчање на долги патеки. Вешта е за искачување, што и овозможува да избегнува кучешки соперници. Иако не е силно поврзана со водата, таа може да плива.[27]

Ловење и исхрана

уреди

Како многу прилагодлив и успешен грабливец, пумата го јаде секое животно што може да фати, од инсекти до големи копитари (над 500 килограми). Како и сите мачки, таа е Carnivora, се храни само со месо. Просечната тежина на ’рбетениот плен (MWVP) е во позитивна корелација (р = 0,875) со телесната тежина на пумата и во обратнопропорционално корелација (р =- 0,836) со храната распространета низ Америка. Во принцип, MWVP, е помала во областите поблиску до екваторот.[3] Нејзини најважни пленови се различни видови елени, особено во Северна Америка; Odocoileus hemionus, белоопашест елен, северен елен, па дури и големите лосови се ловени од мачката. Други видови како муфлон, диви коњи во Аризона, домашни коњи и домашни животни како што се говеда и овци, се исто така се примарна храна на пумата во многу области.[28] Во едно истражување во Северна Америка 68% од пленот на пумите беа копитарите, особено еленот. Само флоридскиот пантер покажува варијација, често претпочитајќи ги дивите свињи и оклопникот.[3]

 
Пумите се грабливци од заседа, се хранат најмногу со елени и други цицачи.

Истражувањето во националниот парк Јелоустоун покажа дека северниот елен, по кој следи Odocoileus hemionus, беа примарната цел на пумата; базата на пленови ја дели со сивите волци, со кого пумата се натпреварува за ресурси.[29] Друга студија за ловот на пумите во зима (ноември-април) во Алберта покажала дека копитарите придонесуваат за 99% и повеќе во исхраната на пумите. Забележано е поединечно препознавање на пленот, така што некои пуми ретко убиваат муфлони, додека други исхраната најмногу ја засноваат на овие животни.[30]

Во опсегот на пумата во Централна и Јужна Америка, учеството на елените во исхраната опаѓа. Во овие предели претежно се претпочитаат мали до средно големи цицачи, вклучувајќи ги и големите глодачи, како што е капибарата. Во едно истражување е утврдено дека копитарите изнесуваат само 35% од пленот на пумата, или околу половина отколку во Северна Америка. Се претпоставува дека конкуренција со поголемиот јагуар е причината за опаѓање на големината на пленот.[3] Меѓу другите пленови на пумата спаѓаат глувците, боцкавото прасе, и зајакот. Птици и мали влекачи понекогаш се ловат на југ, но тоа е ретко се забележува во Северна Америка.[3]

Иако е способена да трча брзо, пумата е типичнен грабливец од заседа. Се прикраднува низ грмушки и дрва, на испакнатини, или други скришни места, пред да направи моќен скок врз грбот на својот плен и задушушувачки гриз во вратот. Пумата е способна да го скрши вратот на некои од нејзините помали пленови со силен залак и моментално да го кутне животното на земјата.[21]

Пумите просечно убиваат по еден голем копитар на секои две недели. Периодот се намалува кога женката одгледува малечки, и може да достигне до убивање на плен на секои три дена кога младите се скоро возрасни, на 15 месеци.[18] Мачката го влече убиеното животно на скришно место, го покрива со грмушки, и се враќа да се храни во текот на наредните денови. Познато е дека пумите не се мршојади и тие многу ретко се хранат со плен кои не го уловиле самите; но во една студија, на пумите во Калифорнија им биле принесени трупови на елени и тие се хранеле со нив, што сугерира на пооптимистичко однесување.[31]

Размножување и животен циклус

уреди

Женките ја достигнуваат половата зрелост на возраст од 1,5 до 3 години. Обично се окотуваат еднаш на 2-3 години за време на нивниот репродуктивен период,[32] иако периодот може да биде и само една година.[18] Женките се во овулација од прилика 8 дена од 23-дневниот циклус; времето на гестиција трае приближно 91 ден.[18] Женките се сметаат за моногамни,[26] но ова не е потврдено и полигинијата може да биде честа појава.[33] Копулацијата е кратка, но честа.

 
Малечки од пума

Само женките ги одгледуваат малечките. Тие жестоко ги бранат своите мачиња, и се видени како успешно ги избркале големите животни како гризли мечките во нивна одбрана. Бројот на потомството е помеѓу едно и шест мачиња; вообичаено две или три. Пештерите и други вдлабнатини што нудат заштита се употребувани како дувла. Родени слепи, мачињата се целосно зависни од својата мајка на почетокот, и почнуваат да се осамостојуваат на 3 месеци. Како што растат, тие почнуваат да одат на прошетки со својата мајка, прво ги посетуваат ловечките краишта, и по шест месеци почнуваат сами да ловат мал плен.[32] Стапката на преживување на малечките е само малку над едно од еден пород.[18]

Пумите коишто се речиси возрасни ги напуштаат своите мајки во обид да создадат своја територија на околу 2 години а понекогаш и порано; машките тежнеат да си отидат порано. Една студија покажала висок морбидитет на пумите што патуваат најдалеку од родното дувло, најчесто поради конфликтите со други пуми.[32] Истажување направено во Ново Мексико покажало дека “мажјаците што дисперзираат многу подалеку од женките, се во можност да поминат големи пространства ненаселени со пуми, и се веројатно поодговорни за протекувањето на јадрениот генетски материјал помеѓу различните живеалишта.”[34]

Животниот век во дивината се смета дека е помеѓу 8 и 13 години, просечно помеѓу 8 и 10, но има извештај за женка со најмалку 18 години убиена од ловци на островот Ванкувер.[18] Пумите можат да живеат и до 20 години во заробеништво. Еден северноамерикански мажјак, именуван како Скреч (Гребнатина), умрел само 2 месеци пред да го наполни својот 30. роденден.[35] Причините за смрт во дивината ги вклучуваат неспособноста, болестите, натпреварувањето со останатите пуми, гладот, несреќите и, каде што е дозволено, ловење од луѓето. Фелин имунодефициентниот вирус, ендемска болест слична на СИДА-та кај мачките, е добро адаптирана кај пумите.[36]

Социјална структура и територијални граници

уреди

Како и повеќето мачки, пумата е самотник. Само мајките и малечките живеат во групи, а возрасните се сретнуваат само за парење. Парењето е таинствено и се случува најчесто за време на мугрите и самракот.

 
Иако пумите наликуваат на домашните мачки, тие се речиси иста големина колку возрасен човек.

Проценките за територијалната големина во голема мера се разликуваат. „Canadian Geographic“ открива дека териториите на мажјаците можат да изнесуваат од 150 до 1000 квадратни километри, а териториите на женките изнесуваат половина од оваа големина.[26] Друго истражување сугерира многу помала долна граница од 25 км2, но многу поголема горна граница од 1300 км2 за мажјаци.[32] Во САД, многу големи територии се забележани во Тексас и на Црните врвови на северната Голема рамнина со над 775 км2.[37] Териториите на мажјаците може да ги содржат или да се преклопуваат со териториите на женките, но, барем таму каде што се направени студиите, не се поклопуваат со териториите на други мажјаци, што служи да се редуцираат конфликтите помеѓу пумите. Териториите на женките може незначајно да се поклопуваат. Траги од гребење, урина и фецес се користат за да се обележи територијата и да се привлече партнер за парење. Мажјаците можат да насоберат мал куп лисја и трева па да уринираат врз него со цел да ја обележат својата територија.[27]

Големината на територијата и целокупното изобилство на пумата зависи од теренот, растителноста и изобилството со плен.[32] Една женка во непосредна близина на планината Сан Андрес, на пример, беше пронајдена со голем опсег од 215 км2, пред сè поради сиромашното изобилство на плен.[34] Една студија во Јужна Америка покажа присуство на пумата од 0,5 до дури 7 единки на 100 км2.[18]

Поради тоа што мажјаците диспергираат подалеку од женките и подиректно се натпреваруваат за патнери за парење и територија, тие тие полесно се вклучуваат во конфликт. Кога новите возрасните единки нема да успеат да ја напуштат својата мајчинска територија, тие можат да бидат убиени дури и од татко им.[37] Кога мажјаците ќе наидат едни на други, тие с'скаат, плукаат, и може да влезат во насилен конфликт, ако ниеден од нив не се повлече.[33] Ловењето или преселувањето на пумата може да го зголемат агресивните средби со млади животни кои минуваат низ одредени територии и влегуваат во конфликт со тамошните единки.[38]

Екологија

уреди

Распространетост и живеалиште

уреди

Пумата има најголемо живеалиште од кое било друго земно диво животно во Америка. Распространета е на 110 степени географска ширина, од северен Јукон во Канада до јужните Анди. Таа е една од само трите видови мачки, заедно со Lynx rufus и канадскиот рис, коишто се распространети во Канада.[21] Нејзината голема распространетост се должи на способноста да се приспособи кон секакво живеалиште: може да се најдеме во сите видови на шуми како и во ниските и карпести пустини. Истражувањата покажуваат дека пумата претпочита региони густи со грмушки, но може да живее и во отворени предели со мала растителност.[2] Нејзините омилени живеалишта ги вклучуваат стрмните кањони, ескарпите, острите карпи и предели густи со грмушки.[27]

 
Пума, фотографирана во пустинскиот музеј Аризона-Сонора.

Пумата била истребена во источните делови на своето северноамериканско живеалиште (со исклучок на Флорида), во двата века по Европската колонизација, и се соочила со сериозни закани во остатокот од својата територија. Моментално, ја има во повеќето западно-американски држави, во канадските провинции Алберта и Британска Колумбија, и во канадската територија Јукон. Постојат многу дебатирачки извештаи за можна реколонизација на источниот дел на Северна Америка.[39] ДНК доказите покажуваат присуство во источна Северна Америка,[40] додека консолидираната карта на забележани пуми покажува бројни извештаи, од среднозападниот дел на Големата рамнина сè до источна Канада.[41] Квебечките служби за диви животни исто така сметаат дека пумата е присутна во провинцијата како загризен вид откако повеќе ДНК тестови докажале присуство на влакна од пума во просторот за парење на рисовите.[42] Единствената со сигурност позната источна популација е Флоридскиот пантер којшто е критично загрозен. Исто така пумата била забележана во Елиотсвајл, Мејн; во Њу Хемпшир била забележана во 1997,[43] а во Мичиген во 2009 година.[44] Типично, забележаните пуми на овие далечини вклучуваат млади мажјаци, кои можат да патуваат на големи далечини за заземат територија надвор од територијата на постарите мажјаци.

На 14 април 2008, полицијата застрелала и убила пума во северниот дел на Чикаго, Илиноис. ДНК тестовите биле доследни на пуми од Црните ридови од Јужна Дакота. Помалку од една година подоцна, на 5 март 2009, една пума била фотографирана и неуспешно успиена од државните биолози близу Спунер, Висконсин во северозападниот дел на државата.[45]

Јужно од Рио Гранде, Интернационалната Унија за Заштита на Природата и Природните Ресурси (ИУЗП) ја наведува мачката во секоја држава од Средна и Јужна Америка освен во Костарика и Панама.[2] Додека во Северна Америка постојат специфични државни и регионални статистики , многу малку е познато за мачката во нејзиното јужно живеалиште.[46]

Целокупната популација на пумата се проценува на помалку од 50,000 според ИУЗП, со опаѓачки тренд.[2] Државните статистики на САД се пооптимистички, предложувајќи дека популацијата на пумата расте. Во Орегон, здрава популација од 5,000 била забележана во 2006, надминувајќи ја целта од 3,000.[47] Калифорнија активно се заложи да ја заштити пумата и сличен број на пуми бил предложен, помеѓу 4,000 и 6,000.[48]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Возенкрафт, В. К. (16 ноември 2005). Вилсон, Д. Е., и Ридер, Д. М. (уред.). Mammal Species of the World (Трето издание. изд.). Johns Hopkins University Press. стр. 544–45. ISBN 0-801-88221-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Puma concolor. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 22 март 2009.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 J. Agustin Iriarte, William L. Franklin, Warren E. Johnson, and Kent H. Redford (1990). „Biogeographic variation of food habits and body size of the America puma“. Oecologia. 85 (2): 185. doi:10.1007/BF00319400. Архивирано од изворникот на 2020-04-23. Посетено на 4 април 2007.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. McKee, Denise (2003). „Cougar Attacks on Humans: A Case Report“. Wilderness and Environmental Medicine. Wilderness Medical Society. 14 (3): 169–73. doi:10.1580/1080-6032(2003)14[169:caohac]2.0.co;2. PMID 14518628. Архивирано од изворникот на 2020-05-24. Посетено на 2010-12-28.
  5. „transcription of American Heritage Dictionary. Bartleby.com. Архивирано од изворникот на 2008-04-20. Посетено на 8 март 2009.
  6. The Guinness Book of World Records. 2004. стр. 49.
  7. Cougar, Puma and Jaguar at the Online Etymology Dictionary“. Douglas Harper. 2001. Посетено на 6 август 2006.
  8. "cougar," Webster's Third New International Dictionary, Unabridged. Merriam-Webster. 2002. Посетено на 21 мај 2009.[мртва врска]
  9. "cougar," Oxford English dictionary. Oxford University Press. 1989. Посетено на 21 мај 2009.
  10. Wade, Nicholas (6 јануари 2006). „DNA Offers New Insight Concerning Cat Evolution“. New York Times. Посетено на 3 јуни 2007.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 Johnson, W.E., Eizirik, E., Pecon-Slattery, J., Murphy, W.J., Antunes, A., Teeling, E. & O'Brien, S.J. (2006-01-06). „The Late Miocene radiation of modern Felidae: A genetic assessment“. Science. 311 (5757): 73–77. doi:10.1126/science.1122277. PMID 16400146. Посетено на 4 јуни 2007. Укажано повеќе од еден |number= и |issue= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 Culver, M.; Johnson, W.E., Pecon-Slattery, J., O'Brein, S.J. (2000). „Genomic Ancestry of the American Puma“ (PDF). Journal of Heredity. 91 (3): 186–97. doi:10.1093/jhered/91.3.186. PMID 10833043. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-06-16. Посетено на 2009-09-09.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  13. Barnett, Ross; Ian Barnes, Matthew J. Phillips, Larry D. Martin, C. Richard Harington, Jennifer A. Leonard, and Alan Cooper (9 август 2005). „Evolution of the extinct Sabretooths and the American cheetah-like cat“. Current Biology. 15 (15): R589–R590. doi:10.1016/j.cub.2005.07.052. Посетено на 4 јуни 2007.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  14. Conroy, Michael J.; Paul Beier; Howard Quigley; Michael R. Vaughan (2006). „Improving The Use Of Science In Conservation: Lessons From The Florida Panther“ (PDF). Journal of Wildlife Management. 70 (1): 1–7. doi:10.2193/0022-541X(2006)70[1:ITUOSI]2.0.CO;2. Посетено на 11 јуни 2007.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  15. The Florida Panther Recovery Team (31 јануари 2006). „Florida Panther Recovery Program (Draft)“ (PDF). U.S. Fish and Wildlife Service. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-10-25. Посетено на 2007-06-11.
  16. „Mountain Lion (Puma concolor)“. Texas Parks and Wildlife. Посетено на 30 март 2007.
  17. 17,0 17,1 „Eastern Cougar Fact Sheet“. New York State Department of Environmental Conservation. Архивирано од изворникот на 2007-04-01. Посетено на 2007-03-30.
  18. 18,0 18,1 18,2 18,3 18,4 18,5 18,6 18,7 18,8 Nowell, K. and Jackson, P. "Wild Cats. Status Survey and Conservation Action Plan.". IUCN/SSC Cat Specialist Group. IUCN, Gland, Switzerland.  (консултирано на 2007-07-27)
  19. http://animaldiversity.ummz.umich.edu/site/accounts/information/Puma_concolor.html
  20. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-06-25. Посетено на 2009-10-24.
  21. 21,0 21,1 21,2 „Cougar“. Hinterland Who's Who. Canadian Wildlife Service and Canadian Wildlife Federation. Архивирано од изворникот на 2007-05-18. Посетено на 22 мај 2007.
  22. Weissengruber, GE; G Forstenpointner, G Peters, A Kübber-Heiss, and WT Fitch (2002). „Hyoid apparatus and pharynx in the lion (Panthera leo), jaguar (Panthera onca), tiger (Panthera tigris), cheetah (Acinonyx jubatus) and domestic cat (Felis silvestris f. catus)“. Journal of Anatomy. Anatomical Society of Great Britain and Ireland. 201 (3): 195–209. doi:10.1046/j.1469-7580.2002.00088.x. PMC 1570911. PMID 12363272.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  23. „Black cougar more talk than fact“. Tahlequah Daily Press. 1 февруари 2006. Архивирано од изворникот на 2008-03-29. Посетено на 20 мај 2007. Game Warden: Never in the history of the United States has there ever been, in captivity or in the wild, a documented black mountain lion
  24. „Mutant Pumas“.
  25. „Mountain Lion (Puma, Cougar)“. San Diego Zoo.org. Zoological Society of San Diego. Посетено на 2007-04-02.
  26. 26,0 26,1 26,2 „Cougars in Canada (Just the Facts)“. Canadian Geographic Magazine. Архивирано од изворникот на 2016-06-13. Посетено на 2007-04-02.
  27. 27,0 27,1 27,2 „Mountain Lion, Puma concolor“. Sierra Club. Архивирано од изворникот на 2015-01-23. Посетено на 2007-05-20.
  28. John W. Turner, Jr. and Michael L. Morrison (2008). „Influence of Predation by Mountain Lions on Numbers and Survivorship of a Feral Horse Population“. The Southwestern Naturalist Vol. 46, No.2 pp. 183–190. Архивирано од изворникот на 2008-08-29. Посетено на 29 август 2008.
  29. „Wildlife: Wolves“. Yellowstone National Park. Посетено на 8 април 2007.
    * Holly Akenson, James Akenson, Howard Quigley. „Winter Predation and Interactions of Wolves and Cougars on Panther Creek in Central Idaho“.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
    * John K. Oakleaf, Curt Mack, Dennis L. Murray. „Winter Predation and Interactions of Cougars and Wolves in the Central Idaho Wilderness“.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  30. Ross, R.; Jalkotzy, MG., Festa-Bianchet, M. (1993). „Cougar predation on bighorn sheep in southwestern Alberta during winter“. Canadian Journal of Zoology. 75 (5): 771–75. doi:10.1139/z97-098. Посетено на 8 април 2007.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  31. Bauer, Jim W.; Kenneth A. Logan, Linda L. Sweanor, Walter M. Boyce (2005). „Scavenging behavior in Puma“. The Southwestern Naturalist. 50 (4): 466–471. doi:10.1894/0038-4909(2005)050[0466:SBIP]2.0.CO;2.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  32. 32,0 32,1 32,2 32,3 32,4 Cougar Discussion Group (27 јануари 1999). „Utah Cougar Management Plan (Draft)“ (PDF). Utah Division of Wildlife Resources. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-06-16. Посетено на 2 мај 2007.
  33. 33,0 33,1 Matthew Hamilton; Peter Hundt, Ryan Piorkowski. „Mountain Lions“. University of Wisconsin, Stevens Point. Архивирано од изворникот на 2007-06-13. Посетено на 2007-05-10.
  34. 34,0 34,1 Sweanor, Linda; Kenneth A. Logan, Maurice G. Hornocker (2000). „Cougar Dispersal Patterns, Metapopulation Dynamics, and Conservation“. Conservation Biology. 14 (3): 798–808. doi:10.1046/j.1523-1739.2000.99079.x. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-12-15. Посетено на 2 мај 2007.
  35. „Scratch“. Архивирано од изворникот на 2008-11-19. Посетено на 21 август 2008.
  36. Biek, Roman; Allen G. Rodrigo, David Holley, Alexei Drummond, Charles R. Anderson Jr., Howard A. Ross, and Mary Poss (2003). „Epidemiology, Genetic Diversity, and Evolution of Endemic Feline Immunodeficiency Virus in a Population of Wild Cougars“. Journal of Virology. 77 (17): 9578–89. doi:10.1128/JVI.77.17.9578-9589.2003. PMC 187433. PMID 12915571. Архивирано од изворникот на 2011-09-28. Посетено на 22 мај 2007.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  37. 37,0 37,1 Mahaffy, James (2004). „Behavior of cougar in Iowa and the Midwest“. Dordt College. Архивирано од изворникот на 2017-05-25. Посетено на 11 мај 2007.
  38. „Mountain Lion (Puma concolor) study on Boulder Open Space“ (PDF). Letter to the Parks and Open Space Advisory Committee, Boulder, Colorado. Sinapu. 2007-03-22. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-06-16. Посетено на 2007-05-11.
  39. Marschall, Laurence A. (2005). „Bookshelf“. Natural Selections. Natural History Magazine. Посетено на 2007-05-06.
  40. Belanger, Joe (24 мај 2007). „DNA evidence of cougars found in southern Ontario“. London Free Press. Посетено на 2007-06-05.
  41. Board of Directors (2004). „The "Big" Picture“. The Cougar Network. Архивирано од изворникот на 2007-07-09. Посетено на 2007-05-20. The Cougar Network methodology is recognized by the U.S. Fish and Wildlife Service.
  42. [MRNF] (2010). „Your part in helping endangered species“. Quebec MRNF. Архивирано од изворникот на 2011-02-03. Посетено на 2010-01-07. Ministry of Wildlife and natural resources Wildlife Service.
  43. „NH Sightings Catamount“ (PDF). Beech River Books. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-05-25. Посетено на 2009-03-20.
  44. Skinner, Victor. 2009. Photo shows cougar presence in Michigan. The Grand Rapids Press. 15 ноември 2009
  45. „Sightings show cougars expanding into central US“. St.Louis Today. Посетено на 2009-04-22.[мртва врска]
  46. „Cougar facts“ (PDF). National Wildlife Federation. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-06-16. Посетено на 2007-05-20.
  47. „Cougar Management Plan“. Wildlife Division: Wildlife Management Plans. Oregon Department of Fish and Wildlife. 2006. Архивирано од изворникот на 2020-04-29. Посетено на 2007-05-20.
  48. „Mountain Lions in California“. California Department of Fish and Game. 2004. Архивирано од изворникот на 2007-04-30. Посетено на 2007-05-20.

Други извори

уреди
  • Baron, David (2004). The Beast in the Garden: A Modern Parable of Man and Nature. New York: W. W. Norton and Company. ISBN 0393058077.
  • Kobalenko, Jerry (1997). Forest Cats of North America. Buffalo, New York: Island Press. ISBN 1-55209-174-4 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  • Logan, Ken; Linda Sweanor (2001). Desert Puma: Evolutionary Ecology and Conservation of an Enduring Carnivore. Island Press. ISBN 1-55963-866-4.

Надворешни врски

уреди


  Статијата „Пума“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).