Гркланот (лат. larynx) е цевчест орган за дишење и создавање на гласот. Изграден е од ‘рскавични елементи, од кои најголема е штитовидната ‘рскавица - Адамово јаболко, парната лажичеста, прстенестата ‘рскавица, како и мажлецот (епиглотис). Гркланот е постојано отворен, освен при голтање, кога се затвора со мажлецот. Со тоа се спречува влегување на храна во душникот.

Грклан
Анатомија на гркланот, антеролатерален поглед
Слика на грклан кај човек добиена со ендоскопија
Назнаки
TAA06.2.01.001
FMAFMA:55097
Напречен пресек на грклан.

Слузокожата што го обложува гркланот формира парни набори - гласни жици. Гласот се генерира преку вибрациите на гласните жици кога воздухот струи низ нив. Артикулацијата на гласот се контролира преку движењето на јазикот, забите и усните.