Моч
Моч (или урина, од лат. urina) е отпаден производ на организмот, создаден во бубрезите при филтрацијата на крвта.
НастанувањеУреди
Кај клеточниот метаболизам се создаваат мноштво отпадни материи богати со азот и други материи што се раствроливи во вода, кои треба да се исфрлат од крвта. Тој процес се врши во бубрезите, а создадената течност се нарекува моч. Од бубрзите, преку мочоводите, таа се спушта во мочниот меур, каде останува неколку часа, а потоа со исфрлање, односно уринирање, преку уретрата организмот се ослободува од мочта. Кај повеќето животни мочта содржи и феромони, поради што мокрењето на определени места е поврзано со маркирање на територијата.
Човечка мочУреди
Количеството моч што се создава за одреден временски период се нарекува диуреза. Во нефролошката практика, при мерењето на волуменот на исфрлена моч најчесто се зема период од 24 часа. Во нормални околности, дневното количество моч изнесува 800-1500 см³.
Мочта има кисела реакција и нејзината pH вредност изнесува помеѓу 5 и 6.
Хемиската и микроскопската анализа на мочта има големо дијагностичка важност. На пример, при дијабетес во мочта се регистрира шеќер, а при нефритис - белковини. Секое отстапување од нормалниот состав на урината укажува дека метаболизмот на телото не е во ред.
БојаУреди
Мочта во нормални околности има жолта боја и во зависност од внесените хранливи материи во организмот таа може да варира од светложолта до темножолта боја. Врз промената на бојата на мочта може да влијае покачената телесна температура, како и губењето телесни течности преку потење, повраќање или пролив.[1]
Темноцрвена урина поради присуство на крв (хематурија).
Темноцрвена урина поради холурија.
Розовкаста урина поради исхрана со цвекло.
Зелена урина за време на долготрајна инфузија со седативот пропофол.
СоставУреди
Составот на урината зависи од факторите на животната средина (температура и влажност), како и од човековата активност, полот, возраста, тежината и здравјето. Кај човекот 95% од урината се состои од вода. Таа содржи и низа органски и неоргански соединенија:
Органски соединенијаУреди
- Карбамид (20 - 35 г)
- Кетонски тела (< 3 г)
- Аминокиселини (1 - 3 г)
- Креатинин (1 - 1,5 г)
- Мочна киселина (0,3 - 2 г)
- Глукоза (< 0,16 г)
- Белковини (< 0,15 г)
- Хипурна киселина (0,15 г)
- Креатин (0,05 - 0,1 г)
Неоргански соединенијаУреди
ПоврзаноУреди
„Моч“ на Ризницата ? |
НаводиУреди
- ↑ „Што може да ни покаже лабораториската анализа на урината?“. Архивирано од изворникот на 2014-07-20. Посетено на 2011-03-29.