Ирвас
Ирвас | |
---|---|
Северноамерикански шумски карибу | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Artiodactyla |
Семејство: | Cervidae |
Потсемејство: | Odocoileinae |
Род: | Rangifer C.H. Smith, 1827 |
Научен назив | |
Rangifer tarandus (Карл Лине, 1758) | |
Карта на распространетост |
Ирвас или северен елен (науч. Rangifer tarandus) — вид елен од Арктикот и Субарктикот, вклучувајќи ги заемно резидентните и миграциските популации. Иако е глобално распространет и броен, некои од неговите субвидови се ретки, а еден (или два, зависно од таксономијата) е и веќе изумрен.
Ирвасот најчесто се разликува по својата боја и големина. На двата пола им раснат рогови, иако кај мажјаците се поголеми, а има и неколку популации во кои женките воопшто немаат рогови.
Ловењето на диви ирваси како и одгледувањето на полудомашни ирваси (за месо, крзно, рогови, млеко и транспорт) се многу значајни за неколку арктички и субарктички народи. Дури и далеку од неговиот полупречник, ирвасот е познат по митот за Дедо Мраз, во кој, неговата санка е влечена од ирваси што летаат (комерцијален секуларен елемент од христијанскиот празник Божиќ).
Распространетост
уредиИрвасот е распространет и броен вид во северниот Холарктик, заемно присутен во тундрата и тајгата (северна шума). Најпрвин, ирвасот бил најден во Скандинавија, Источна Европа, Русија, Монголија, како и во Северна Кина, северно од 50-та лонгитуда. Во Северна Америка, бил најден во Канада, Алјаска и во САД (од Вашингтон до Мејн). Во 19-от век бил очигледно присутен во јужниот дел на Ајдахо. Исто така, природно се појавил и во Сахалин, Гренланд, а веројатно во историските времиња и во Ирска. При доцната Плеистоцена ера, биле пронајдени ирваси далеку на југот од Северна Америка дури во Невада и Тенеси, како и Шпанија во Европа. Денеска, дивите ирваси имаат исчезнато од многу територии од тогашниот голем историски полупречник, особено во јужните делови, каде е исчезнат секаде. Големи популации на диви ирваси можат сè уште да се најдат во Норвешка, Финска, Шведска, Сибир, Гренланд, Алјаска и Канада.
Доместицирани ирваси можат најчесто да се најдат во северна Феноскандија и Русија, како и стадо од околу 150-170 ирваси кои живеат во околијата на Кеирнгорм, Шкотска. Последните ирваси од дивата тундра, во Европа, се најдени во одредени делови на јужна Норвешка.
Неколку ирваси од Норвешка беа донесени на Јужно Атлантскиот остров Јужна Џорџија во почетокот на 20 век. Денес, постојат две различни стада кои сè уште опстојуваат таму, засекогаш одделени од ледници. Нивната целокупна популација таму, брои не повеќе од неколку илјади. Знамето и територијалното воено одело содржат слика од ирвас. Околу 4000 ирваси до сега биле мигрирани во францускиот подантарктички архипелаг Кергелен. Источен Исланд има мало стадо од околу 2500-3000 животни.
Популацијата на Карибу и ирвасите се менувала историски, но многу од стадата се во пад надвор од нивниот полупречник. Овој глобален пад е поврзан со климатските промени за северните стада на миграциони карибу и ирваси како и индустриското нарушување на живеалиштата на тие стада за постојани, не-миграциски стада.
Особености
уредиГолемина
уредиЖенките најчесто растат 162-205цм(64-81 инч) во должина и 79-120кг(170-260 фунти) во тежина. Мажјаците(или бикови) се стандардно поголеми(иако, степенот до кој варира во различни суб-видови), мерејќи 180-214цм(71-84 инч) во должина и најчесто тежејќи 92-210кг(200-460 фунти), иако, извонредно големи мажјаци тежеле и по 318кг(700 фунти). Висината на рамото често мери од 85 до 150цм(33 до 59 инча), а опашката е 14 до 20цм(5.5 до 7.9 инча) долга. Суб-видот R. t. platyrhynchus од островот Свалбард е многу мал во споредба со други подвидови(феномен познат како островен џуџенизам), со женки кои имаат должина од приближно 150цм(59 инча), и тежат околу 53кг(120 фунти) во пролет и 70кг(150 фунти) во есен. Мажјаците се приближно 160цм(63 инча) долги и тежат околу 65кг(140 фунти) во пролет и 90кг(200 фунти) во есен. Ирвасите од Свалбард се исто така релативно кратки во нозете и можат да имаат висина на рамото максимум 80цм(31 инч).
Крзно
уредиБојата на крзното значајно варира, како поединечно така и во зависност од сезоната и подвидовите. Северните популации, кои се често релативно мали, се по бели, белите јужни популации, кои се често и релативно големи, се потемни. Ова може да биде добро видено во Северна Америка, каде, најсеверните подвидови, Реary Caribou, е нај белиот и нај малиот подвид на континентот, додека најјужните подвидови, Woodland Caribou, е најтемниот и најголемиот. Грбот има два слоја на крзно, густо волнено подкрзно и долго-влакнесто надкрзно кое содржи шупливи, со воздух исполнети влакна.[1]
Рогови
уредиВо повеќето популации, на двата пола им растат рогови, коишто(во Скандинавските варијации) на старите мажјаци им паѓаат во декември, а на младите во раната пролет, а на женките во лето. Роговите најчесто имаат две одделни групи на боцки, долна и горна. Домашните ирваси се со пократки нозе и потешки од нивните диви видови. Има извонредно подвидова варијација во големината на роговите(пр. доста мали и кружни во најсеверните подвидови), но, во некои подвидови, бик-ирваските рогови се втори по големина од било кој вид на елен, после мусот, и можат да достигнат до 100цм(39 инча) во ширина и 135цм(53 инча) во зракова должина. Тие имаат најголеми рогови во контекст на големината на телото меѓу елените.
Нос и копита
уредиИрвасите имаат специјализирани носеви кои имаат назални турбинантни коски кои драматично ја зголемуваат внатрешнината на ноздрите. Влезниот ладен воздух е загреван од животинската телесна топлина пред да навлезе во дробовите, а водата се кондензира од истрошениот воздух и се задржува пред да се испушти здивот на еленот, ова служи за развлажнување на сувиот воздух и евентуално да се апсорбира во крвта преку мукозните мембрани.
Копитата на ирвасите се адаптираат према сезоната: во лето, кога тундрата е мека и влажна, стапалата стануваат како сунѓери и даваат дополнителна тракција. Во зимата, стапалата се намалуваат и стеснуваат, откривајќи ја рамката од копитата, која го сече мразот и заледениот снег, штитејќи го ирвасот од лизгање. Оваа трансформација им дозволува да копаат длабоко(активност позната како “кратерување”) во снегот до нивната најомилена храна, лишаи, познати како ирвасов мов. Колената на многу видови ирваси се адаптирани да продуцираат тропачки звук додека одат.[2]
Исхрана и однесување
уредиИсхрана
уредиИрвасите се преживари, што значи дека имаат стомак со четири комори. Воглавно, тие се хранат со лишаи во зима, особено ирвасовиот мов. Покрај тоа, тие јадат ги јадат и лисјата на врбите и брезите како и остриците и тревите. Постојат докази дека во одредени прилики, тие исто така се хранат со леминзи, арктички лососи и птичји јајца. Стадата ирваси во Чукчис се познати по зголеменото јадење на печурки во доцните лета.
Размножување
уредиПарењето се случува од доцен септември до ран ноември. Мажјаците меѓусебно се борат за пристап кон женките. Два мажјака ќе ги спојат своите рогови и се обидуваат да се одбутнат. Најдоминантните мажјаци можат да соберат дури до 15-20 женки за парење. Мажјакот ќе прекине со исхраната и ќе изгуби многу од телесните резерви. Младите најчесто се раѓаат следниот Мај или Јуни. После 45дена, младите се способни да се хранат самостојно, но продолжуваат со цицањето до следната есен и стануваат независни од своите мајки.
Миграција
уредиНекои популации од Северно Американскиот карибу мигрираат најдалеку од било кој друг земјен цицач, патувајќи до 5000км(3100милји)годишно, покривајќи 1000000км2(390000квадратни милји).
Други популации (пр. во Европа) имаат пократка миграција, а други, на пример подвидови R. t. pearsoni i R. t. platyrhynchus (двата изолирани на острови), се “станари” кои прават само локални движења.
Патувајќи нормално околу 19-55км(12-34милји) дневно додека мигрираат, карибуто може да трча со брзини од 60-80км/ч(37-50 милји). За време пролетната миграција, помали стада се соединуваат заедно за да формираат поголеми стада од по 50.000 до 500.000 животни, но за време на есенските миграции, групите стануваат помали и ирвасите почнуваат да се парат. За време на зимата, ирвасите патуваат во шумски предели да се исхрануваат од под снегот. До пролетта, стадата ги напуштаат зимските домови за да идат во пределите на младенчињата. Ирвас може да плива лесно и брзо, во просек околу 6.5км/ч(4.0 милји) но ако е потребно дури и до 10км/ч(6.2милји), па така и миграциските стада не се мислат при потребата да препливаат големо езеро или широка река.
Грабливци
уредиПостојат голем број грабливци кои најчесто ловат ирваси. Златните орли[3] ги напаѓаат младенчињата и се најчести ловци во пределите за парење. Ласиците-мечки ги напаѓаат новороденчињата или кравите што се пораѓаат, како и (по ретко) слабите возрасни ирваси. Кафените мечки и (во ретки случаи кога ќе се сретнат меѓусебно) Белите мечки ловат ирваси од било која возраст, но(како и кај ласиците) најчесто е да нападнат или младенче или болен елен. Сивиот волк е најефикасниот природен грабливец на возрасните ирваси, особено за време зимите. Како лешеви, карибуто користат како исхрана на лисици, гаврани и соколи. Крво-пијачките инсекти како црните муви и комарците, се чума за ирвасите за време летото и можат да предизвикаат доволно стрес за прекин на обичаите во хранењето и парењето кај ирвасите.[4] Во еден случај, целото тело на ирвас беше пронајдено во гренландска ајкула(се чини случај на насилно бркање), вид најден во далечниот северен Атлантик. Популациските броеви на некои од овие грабливци е предизвикан од миграциите на ирвасите. За време на Леденото Доба, тие пресретнале Антички Волци, Пештерски Лавови, Американски Лавови, Огромни кратко-лице Мечки, Пештерски Хиени, Антички Рисови, Јагуари, Гепарди, а можеби и Антички Земјени Мрзливци.
Подвидови
уредиУште од 1961, ирвасите беа поделени во две поголеми категории, тундра-ирвасот со шест подвидови и шумскиот ирвас со три подвидови. Во тундрата, подвидовите се мали, високоарктички островски форми. Овие островски подвидови не се толку блиски, затоа што се чини дека Свалбардскиот Ирвас еволуирал од голем Европски Ирвас, од друга страна, Крушкестиот Карибу и изумрениот Арктичен Ирвас се поблиски и се чини дека еволуирале во висок-Арктик Северна Америка.
Следнава листа е парцијална, со неколку изоставени подвидови, воглавно четри, кои се забранети во Русија и соседните региони: R. tarandus buskensis, R. tarandus pearsoni (Irvas od Nova Zemja), R. tarandus phylarchus (Irvas od Kam~atka I Okhotsk) i R. tarandus sibiricus (Irvas od Sibirskata Tundra)
Тундра-Ирваси
уреди- Арктички ирвас (R. tarandus eogroenlandicus), изумрен подвид, најден до 1900 гододина во источен Гренланд.
- Крушкест Ирвас (R. tarandus pearyi), најден во северните острови на Нунавут и на Северозападните Територии на Канада.
- Свалбардски Ирвас (R. tarandus platyrhynchus), најден на Шпицбергшските острови/Сварбалд на Норвешка, и е најмалиот подвид на ирвас
- Планински/Див Ирвас (R. tarandus tarandus), најден во Арктичката тундра на Евроазија, вклучувајќи го и Феноскандинавскиот полуостров на Северна Европа.
- Поркипански Карибу или Грантски Карибу (R. tarandus granti), кои се најдени во Алјаска, Јукон, и Северозападните Територии на Канада. Многу сличен со Арктичкиот Ирвас, но се чини повеќе гледан како мал синоним од тој подвид.
- Пустинско-земјен Карибу(R. tarandus groenlandicus), најден во Нунавут и по Северозападните Територии на Канада како и западен Гренланд.
Шумски Ирваси
уреди- Фински Шумски Ирвас(R. tarandus fennicus), најден во дивината, во само две подрачја на Феноскандискиот полуостров на Северна Европа, во Финска/Руска Карелија, и мала популација во централна јужна Финска. Карелиската популација се протега далеку во Русија, но сè уште е актуелно прашањето дали ирвасите што се повише на истокот се всушност од овој вид.
- Миграциски Шумски Карибу(R. tarandus caribou), или Шумски Карибу, еднаш пронајдени во Северно Американската тајга од Алјаска до ЊуФаундленд и Лабрадор сè до Њу Ингланд, Ајдахо и Вашингтон на југ. Шумските Карибу имаат исчезнато од поголемиот дел на нивниот оригинален јужен полупречник и се сметаат за загрозени кај што се наоѓаат сега, со исклучок на Миграцискиот Шумски Карибу од северен Квебек и Лабрадор, Канада. Името на Карибо областа во централна Британска Колумбија ги поврзува со нивниот голем број таму, но и таму тие имаат скоро целосно исчезнато. Стадо е заштитено во Карибу Планините во Алберта. Во овој подвид спаѓа и R. tarandus caboti(Лабрадорски Карибу), R. tarandus osborni (Осборнови Карибу од Британска Колумбија) и R. tarandus terraenovae (ЊуФаундлендскиот Карибу).
Засновано на статија во 1961, овие карибу беа сметани за неточни и вклучени во R. tarandus caribou, но некои скорешни власти одлучија да ги прифатат, дури, предлагајќи дека тие се доста различни. Според анализата на МТДНА во 2005, беа пронајдени различности меѓу карибуата од ЊуФаундленд, Лабрадор, јужно-западна Канада и јужно-источна Канада, но останаа сите како примарниот подвид.
- Островите на Кралицата Шарлота-Карибу(R. tarandus dawsoni), беше верувано дека од Островите на Кралицата Шарлота претставуваат различен подвид. Стана истребен на почетокот од 20 век. Но и покрај тоа, скорешните анализи на ДНК од митохондриската ДНК на остатоците од овие ирваси, сугерира дека животните од Островите на Кралицата Шарлота не биле генетски различни од Канадските копнени подвидови на ирваси.
Наводи
уреди- ↑ Reid, F. (2006). Mammals of North America. Peterson Field Guides. ISBN 978-0-395-93596-5
- ↑ Banfield AWF: The caribou. In The Unbelievable Land. Edited by: Smith IN. Ottawa: Queen's Press; 1966:25–28, cited in Knee-clicks and visual traits indicate fighting ability in eland antelopes: multiple messages and back-up signals, Jakob Bro-Jørgensen and Torben Dabelsteen, BMC Biology 2008, 6:47doi:10.1186/1741-7007-6-47
- ↑ Eagles filmed hunting reindeer
- ↑ „Caribou Foes: Natural Predators in the Wilderness“. Архивирано од изворникот на 2011-08-24. Посетено на 2011-09-11.
Надворешни врски
уреди- BBC: Ирвас
- Reindeers.info Архивирано на 2 октомври 2018 г. - Статии и информации за ирваси
- Mammal Fact Sheets: Caribou Архивирано на 20 август 2006 г.
„Ирвас“ на Ризницата ? |
„Rangifer tarandus“ на Викивидовите ? |