Трка околу Баскија
Трка околу Баскија (шпански: Vuelta Ciclista al País Vasco, баскиски: Euskal Herriko txirrindulari itzulia) — годишна велосипедска етапна трка, која се одржува во април во Баскија, Шпанија.
За трката | |
---|---|
Датум | почеток на април |
Регион | Баскија |
Месно име |
|
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Етапна трка |
Историја | |
Прво одржување | 1924 |
Одржувања | 61 (до 2022) |
Прв победник | Франсис Пелисие (ФРА) |
Најмногу победи | (4 победи) |
Неодамнешен победник | Даниел Мартинес (КОЛ) |
Историја
уредиПрвата трка била одржана во 1924 година, но помеѓу 1935 и 1969 трката не се одржувала. Меѓутоа помеѓу 1939 и 1969 година биле организирани слични трки. Трката е спомната и опишана во романот „Сонцето повторно изгрева“ (1926) на Ернест Хемингвеј. Таа била една од 24. трки, кои го сочинувале календарот на Светскиот ранкинг.
Првиот победник бил Франсис Пелисје од Франција. Првиот победник на современата Трка околу Баскија (1969) бил Жак Анкетил. Најуспешен возач на Трката околу Баскија бил Хосе Антонио Гонсалес Линарес, кој ја освоил трката четирипати во 1972, 1975, 1977 и 1978. Најнеодамнешен победник (2014 година) е Алберто Контадор од Шпанија, негова трета победа на трката.
Бидејќи оваа трка се одржува во планинска област, тешко е да се најде некоја рамна етапа и затоа вкупните победници најчесто се специјалисти за планини. Повеќето искачувања на Трката околу Баскија не се високи, но често се прилично стрмни.
Победници
уредиНадворешни врски
уреди„Трка околу Баскија“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (шпански)
- Достигнувања на Cycling Archives