Косматац

село во Општина Куманово
(Пренасочено од Косматец)

Косматац — село во Општина Куманово, во областа Овче Поле, во околината на градот Куманово.

Косматац

Воздушен поглед на селото Косматац

Косматац во рамките на Македонија
Косматац
Местоположба на Косматац во Македонија
Косматац на карта

Карта

Координати 42°4′17″N 21°52′36″E / 42.07139° СГШ; 21.87667° ИГД / 42.07139; 21.87667
Регион  Североисточен
Општина  Куманово
Област Овче Поле
Население 15 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1304
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17051
Надм. вис. 420 м
Слава Духовден
Косматац на општинската карта

Атарот на Косматац во рамките на општината
Косматац на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Воздушен поглед на селото

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Куманово, од левата страна на патот Куманово-Свети Николе.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 420 метри. Од градот Куманово, селото е оддалечено 20 километри.[2]

До селото води земјен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1204 во близина на селото Скачковце.

Косматац се наоѓа во подножјето на две езерски висорамнини, една на исток на височина од околу 550 метри и друга на запад на височина од околу 400 метри. Околни села се Мургаш, Новосељане, Јачинце и други. Мештаните во минатото со вода за пиење се служеле со вода од бунари.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Страна, Поле, Средна и Горна Лука, Бостански Рид, Рамниште, Косматачки Рид, Горна и Долна Грбавица, Пепеларница, Дренов Дол, Шабанови Ниви, Турски Гробишта и Камелашки Чукар.[3]

Косматац има збиен тип, поделено на три маала: Долно, Средно и Горно Маало.[3]

Историја

уреди
 
Куќи во селото

Косматац се смета во едно од помладите села во Кумановско. Било основано од доселени Черкези во XIX век, веројатно околу 1870-тите години, по руските освојувања на Кавказот.[3]

Најпрвин, државните власти Черкезите ги населила во близина на кумановското село Скачковце, покрај патот Куманово-Овче Поле, во месноста Бела Вода. Меѓутоа, таму Черкезите не останале, туку го основале денешното село Косматац. Селото го добило своето име по возвишението покрај него.[3]

Денешните мештаните проценуваат дека Косматац можело да има 40-50 черкески домаќинства и претставувале страв за словенското христијанско население во околните села, бидејќи им ги напаѓале нивните куќи и поседи. Одземале стока, особено коњи, од селата Скачковце, Кучкарево, Градиште, Мургаш, Новосељане и други.[3]

Сепак, на Черкезите не им годела климата во селото и тие доста изумирале и се губеле, а особен проблем имале нивните деца. Затоа, тие се отселиле некаде во 1878 година. Бидејќи селото има поволни стопански услови и средишна местоположба во однос на околните македонски села, турската власт на местото на иселените Черкези, населила Помаци од Бугарија. И тие биле околу 40-50 домаќинства како Черкезите. За нив, мештаните од околните села кажувале дека лесно се снашле и дека биле „поарни“ луѓе од Черкезите.[3]

Во Првата балканска војна во 1912 година, муслиманските куќи во Косматац биле запалени и сите жители биле истерани. Наскоро еден дел од Помаците (околу 30 куќи) се вратил во селото и тука останал до Втората светска војна. Во тој период дошле и македонски жители од околината на Кривопаланечко.[3]

До 1960 година, сите Помаци од Косматац се иселиле во Турција и на нивните места дошле нови македонски доселеници.[3]

Денес, во Косматац постојат топонимите и останатите старини кои потсетуваат на поранешното черкеско и помачко население. Черкеските гробишта се наоѓале во месноста Грбавица, каде денес има ниви, а помачките гробишта се наоѓале на месноста Турски Гробишта, западно од селото. Остатоци од поединечни гробови се познавале во 1970-тите години. Помаците поседувале и своја џамија во средишниот дел на селото.[3]

Животот помеѓу Помаците и Македонците бил добар. Во селото никогаш немало училиште, туку децата го посетувале школото во соседното село Мургаш, а мештаните во тоа село оделе и за посета на црквата за време на празниците.[3]

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 6,1 км2, при што преовладуваат обработливите површини со површина од 532 хектари, на пасиштата отпаѓаат 68 хектари, а на шумите само 3 хектари.[2]

Во основа, селото има полјоделска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948452—    
1953541+19.7%
1961542+0.2%
1971460−15.1%
1981241−47.6%
ГодинаНас.±%
1991104−56.8%
199481−22.1%
200241−49.4%
202115−63.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Косматац живееле 250 жители, сите Македонци муслимани.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци и 25 до 50 Турци.[5]

Од Косматац се иселил голем број од населението, па затоа селото според бројот на жителите се намалила и тоа од 342 жители во 1961 година, на 81 жител во 1994 година, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Косматац живееле 41 жител, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, од кои 13 Македонци и 2 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 452 541 542 460 241 104 81 41 15
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Косматац е македонско село.[3]

Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:

Иселеништво

уреди

Македонското население од ова село се иселувало најмногу во градовите Куманово, Скопје и други.[3]

Општествени установи

уреди
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

уреди

Кон крајот на XIX век, Косматац било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Куманово, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Клечевце.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово. Селото припаѓало на некогашната општина Клечевце во периодот од 1955 до 1962 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Клечевце, во која покрај селото Косматац, се наоѓале и селата Бељаковце, Довезенце, Зубовце, Јачинце, Клечевце, Мургаш и Новоселани. Во периодот 1950-1952 година селото било дел од некогашната Општина Клечевце, во која влегувале селата Зубовце, Клечевце, Косматац и Новосељане.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1148 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[12]

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[13]

Редовни настани

уреди
Слави[3]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 140.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 172–174.
  4. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с. 215
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 декември 2022.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. https://rezultati2021lokalni1krug.sec.mk/mk/mayr/r/45-1403. Посетено на 24 декември 2023. Отсутно или празно |title= (help)[мртва врска]

Надворешни врски

уреди