Есенска соната (филм)
„Есенска соната“ (шведски: Höstsonaten) е шведски филм од 1978, во режија на Ингмар Бергман, кој е автор и на сценариото. Главните улоги во филмот ги играат: Ингрид Бергман (Ingrid Bergman), Лив Улман (Liv Ullmann), Лена Ниман (Lena Nyman), Халвар Бјорк (Halvar Björk), Ерланд Јозефсон (Erland Josephson), Гунар Бјернстранд (Gunnar Björnstrand), Георг Лекеберг (Georg Loekkeberg), Лин Улман (Linn Ullmann), Ева фон Хано (Eva von Hanno)и Арен Банг-Хансен (Aren Bang-Hansen). Филмот е сниман во Норвешка, поради даночните проблеми на Ингмар Бергман во Шведска. Филмот е карактеристичне по претпоследната улога на Ингрид Бергман во кариерата, а истовремено тоа е единствениот заеднички филм на Ингмар и Ингрид Бергман. Филмот освоил „Златен глобус“ во 1979 година за најдобар филм од странско говорно подрачје, а вкупно освоил 14 награди. Исто така, филмот бил номиниран и за наградата „Оскар“ во категориите „најдобра глумица во главна улога“ (Ингрид Бергман) и „најдобро оригинално сценарио“ (Ингмар Бергман).[1][2]
„Есенска соната“ | |
---|---|
Режисер | Ингмар Бергман |
Сценарист | Ингмар Бергман |
Главни улоги | Ингрид Бергман Лив Улман Лена Ниман |
Кинематографија | Свен Никвист |
Дистрибутер | New World Pictures |
Премиера | Шведска 8 октомври, 1978 САД октомври, 1978 |
Времетраење | 99 мин. |
Јазик | Шведски |
Содржина
уредиЕва (ја игра Улман) живее мирен, повлечен живот со својот сопруг Виктор (го игра Бјорк), кој е свештеник (го игра Бјорк) во едно мало место. Тие имале син, кој умрел на четиригодишна возраст и Ева сè уште го чувствува неговото присуство. Ева ја кани на посета својата мајка, познатата пијанистка Шарлот (ја игра Бергман), која не ја видела веќе седум години. Шарлот ја прифаќа поканата и ненадејно пристигнува во нивниот дом. Таму, Шарлот доживува непријатно изненадување, бидејќи во куќата ја затекнува Хелена (ја игра Ниман), нејзината парализирана ќерка, која таа ја напуштила. Една ноќ, Ева и Шарлот имаат долг разговор, во кој Ева ја обвинува мајка си за бездушноста и нејзината посветеност на кариерата, поради која Ева била запоставена во детството, а подоцна морала и да абортира, бидејќи мајка ѝ се противела на нејзината врска со едно младо момче. Уште повеќе, Ева ја обвинува Шарлот за прогресивната болест на Хелена. По кавгата, Шарлот си заминува, а Ева е депримирана и се кае за својата постапка, така што ѝ пишува писмо на мајка си со желба за помирување.[1]
Надворешни врски
уреди- Autumn Sonata на Семрежната филмската база на податоци (англиски)
- Autumn Sonata на Rotten Tomatoes. (англиски)
- Criterion Collection essay by Peter Cowie Архивирано на 8 мај 2008 г. (англиски)
- DVD review of Autumn Sonata Архивирано на 25 јули 2008 г. (англиски)