Трипун Марков
Трипун Стојан Марков ( 1898 во Грбовец — 16 јуни 1943 во Шешково) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.[1]
Трипун Марков | ||
Роден | 1898 година Село Грбовец | |
---|---|---|
Починал | 16 јуни, 1943 година Шешково, Кавадаречко | |
Националност | Македонец | |
Брат | Ристо Марков |
Животопис
уредиБил роден во село Грбовец, а покасно се преселил во селото Дреново. Бил оженет и се занимавал со земјоделие и сточарство. Бил соработник на народноослободителното движење од 1943 година. Како активен соработник со партизанскиот одред „Добри Даскалов”, бил уапсен од страна на бугарските војници и бил стрелан заедно со неговиот брат Ристо Марков, во месноста „Руен”, близу Шешково на 16 јуни 1943 година.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Камчевски, Петре (2008). Селото Дреново низ вековите. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 276. ISBN 978-9989-2432-9-5.
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |