Добре Паризов
Добре Паризов ( 1905 во Грбовец — 23 септември 1944 во ) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.[1]
Добре Паризов | ||
Роден | 1905 година Грбовец, Кавадаречко | |
---|---|---|
Починал | 23 септември, 1944 година | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиБил роден во Грбовец, а покасно преселен во Дреново. Бил оженет и се занимавал со земјоделие и сточарство. Член на КПМ од 1943 година. Соработувал со борците од партизанскиот одред „Добри Даскалов”. Во 1944 година станал член на месниот Народноослободителен одбор и негов претседател. Несреќно загинал на 23 септември 1944 година.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Камчевски, Петре (2008). Селото Дреново низ вековите. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 276–277. ISBN 978-9989-2432-9-5.
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |