Црква „Св. Богородица“ - Дреново

црква во Дреново, Кавадаречко

Св. Богородицасредновековна црква во кавадаречкото село Дреново.[1] Храмот се наоѓа во јужниот дел на селото и од него има поглед кон реката Црна и древниот град Стоби. Црквата е прогласена за културно наследство на Македонија.[2]

Света Богородица
македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Кавадаречка
Местоположба

Карта

Координати 41°24′55″N 22°53′30″E / 41.41528° СГШ; 22.89167° ИГД / 41.41528; 22.89167
Место Дреново
Општина Кавадарци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Изградба XIV век
Живопис 1356
Зограф Димитар
Архитектонски опис

Историја и архитектура

уреди

Храмот се смета за драгоцен споменик на архитектурата од првата половина на XIV век. Во минатото го носел името „Св. Димитрија“. Според едно старо предание, изграден е истовремено со црквата на Полошкиот манастир од двајца браќа.[3] Оваа црква е варојатно е истата, спомната во првата грамота на Јован и Константин Драгаш, веројатно од 1374 г., која Константин ја одзел од неговите властелини Јаковец и Драгослав и ја подарил на манастирот „Св. Пантелејмон“ на Света Гора.[4] Живописана е во 1356 г. од зографот Димитар.[5]

Прашањата во врска со времето на подигање, архитектонскиот тип и живописот сè уште се нерешени. Причина за тоа е нејзината долготрајна запуштеност во текот на османлискиот период. Во денешен облик таа е бескуполна трикорабна базилика со калкански покрив, без остатоци од фрескопис, но според мислењето на Димче Коцо таа првобитно била мешавина од куполна трикорабна базилика и крстовидна црква од стеснет тип, со купола над наосот и нартексот и со засводени странични кораби. Му припаѓала на истиот архтектонски тип како „Св. Софија“ во Солун, со таа разлика што кај оваа црква крстовиден облик имал не само средишниот, туку и западниот дел. Куполата над нартексот била со иста големина како средишната, но не е докажано дали имала барабан. При изградбата на црквата употребени се антички столбови со бази под кои има плочи со старогрчки натписи. Се смета дека тие се донесени од древната базилика на блиското наоѓалиште Картозов Рид,[6] иако порано се претпоставувало дека биле од Стоби.[7]

Од старата црква зачувани се јужната и источната страна со трите апсиди. Јужната фасада е расчленета со два хоризонтални реда од слепи аркади во чиишто полиња во горниот појас се сместени мали вертикални прозорци. Вертикалноста е изразена и во пиластрите кои ја разделуваат јужната фасада и во високите апсиди. Околу прозорците на источната фасада има украсување од тули кое хоризонтално ги сврзува во меандри.[7]

Се смета дека црквата го добила денешниот изглед со обнова извршена на почетокот на XIX век. Со тие поправки биле опфатени северниот и западниот ѕид на црквата, таванот на галеријата и средниот столб во нартексот.[7]

Во внатрешноста на црквата нема никакви остатоци од фрескописот на зографот Димитар спомнат во натписот над тесната влезна врата. Може да се работи за истиот Димитар кој го зографисал западниот дел на црквата во Зрзескиот манастир, чиј потпис е откриен при чистење на фреските во 1936 и 1964 година.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  3. Костов, Стефан Л. и Попстоилов, Антон, етнографи при Първа и Втора армия, „Записки на етнографа“, 1915-1916.
  4. Матанов, Христо. Княжеството на Драгаши, София, 1997, с. 114-5, бел. 41
  5. „Црквата Света Богородица во село Дреново“. Macedonium. Посетено на 4 април 2014.
  6. „Ранохристијанска базилика откриена во близина на Кавадарци“. ЗаСЕ. јуни 2014. Посетено на 24 ноември 2021.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 „Св. Богородица, с. Дреново“. Културно и национално наследство на Кавадарци. Посетено на 21 мај 2016.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди