Ристо Марков
Ристо Стојан Марков ( 1900 во Грбовец — 16 јуни 1943 во Шешково) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.[1]
Ристо Марков | ||
Роден | 1900 година Село Грбовец | |
---|---|---|
Починал | 16 јуни, 1943 година Шешково, Кавадаречко | |
Националност | Македонец | |
Брат | Трипун Марков |
Животопис
уредиБил роден во селото Грбoвец, а живеел во село Дреново. Бил оженет и работел како земјоделец. Бил соработник со народноослободителното движење од 1943 година. Во времето на Јунската непријателска офанзива, бил откриен и уапсен од страна на бугарските војници и бил стрелан заедно со неговиот брат Трипун Марков, во месноста „Руен”, близу Шешково на 16 јуни 1943 година.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Камчевски, Петре (2008). Селото Дреново низ вековите. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 276. ISBN 978-9989-2432-9-5.
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |