Единаесетта македонска ударна бригада
Единаесеттата македонска ударна бригада (позната и како Единаесеттата кумановска бригада) била формирана во село Пелинце, Кумановско на 27 август 1944 година. Била формирана од вкупно 370 новопристигнати борци од Кумановско, Кривопаланечко и Кратовско. Формациски имала три пешадиски баталјона, два кумановски иеден кратовски, и дејствувала во Кумановската дивизија.[1]
Единаесетта македонска ударна бригада | |
---|---|
Активна | 27 август 1944 – 20 септември 1944 |
Битки | Завршни операции за ослободување на Македонија |
Команданти | |
Истакнати команданти | Јордан Цеков - Дане |
Команден состав
уредиКомандниот состав на бригадата го сочинувале:[1]
- Јордан Цеков - Дане, командант од 27 август 1944 година
Политички комесар бил:
- Перо Ивановски - Тиквар, до 25 септември 1944 година
Политички комесар на чета
Борбени дејства
уредиВо текот на еден месец постоење, оваа бригада имала низа успешни борби. Учествувала во борби против бугарската војска кај железничката станица Глишиќ кај Куманово на 30 и 31 август 1944 година, при што успеала да ја разруши пругата во должина од 150 метри.[1]
На 2 септрмври во Берово, и на 5 септември кај с. Страцин водела борби со бугарската војска, а на 8 септември учествувала во нападот и борбите за ослободување на Берово и го ослободила градот. На 9 септември го ослободила Кратово, разоружала една бугарска дивизија во с. Довезенце, Кумановско на 10 септември, а на 14 септември 1944 година учествувала во ослободување на Свети Николе. Во наредниот период, бригадата водела диверзантски акции на патот Велес-Скопје.
На 20 септември 1944 година била расформирана, односно Првиот и Вториот кумановски баталјон кои биле во нејзин состав, влегле во составот на Третата македонска ударна бригада, а Третиот кратовски баталјон кој бил во нејзин состав, останал самостојно да дејствува во Свети Николе.
Наводи
уреди