Ило Ганчев Стојанов ( 1924 во Дреново (Кавадаречко)7 септември 1944 во Присад близу Прилеп) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.[1]

Ило Стојанов
Роден 1924 година
Село Дреново, Кавадаречко
Починал 7 септември, 1944 година
Присад, Прилепско
Националност Македонец

Животопис

уреди

Бил оженет и се занимавал со земјоделство. Во редовите на народноослободителното движење се вклучил во почетокот на јули 1944 година во Втората македонска бригада, а потоа во Десетата македонска народноослободителна бригада. Загинал како припадник на доброволните ударни групи во борбите со Германците кај селото Присад, Прилепско, на 7 септември 1944 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Камчевски, Петре (2008). Селото Дреново низ вековите. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 275. ISBN 978-9989-2432-9-5.