Градиште (Дреново)

Градиште


Местоположба 41°25′09″N 21°53′24″E / 41.41917° СГШ; 21.89000° ИГД / 41.41917; 21.89000
Основни податоци
Место Дреново
Општина Кавадарци
Тип

 населба


Период раноантичко време
римско време
Портал „Археологија“

Градиште (познато и како Деволград) — населба од раноантичкото и римското време во атарот на селото Дреново, Македонија. На 2,5 километри од селото, на десниот брег на реката Раец, на висок рид со доминантна положба и пред влезот во Раечка Клисура се гледаат ѕидови, архитектонска пластика и многубројни фрагменти од керамички садови и бронзени монети, кои укажуваат на поголема значајна населба. Наоѓалиштето зафаќа површина од околу 10 хектара. Се претпоставува дека се работи за античкиот град Еударистон. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје и во Музејот и галерија во Кавадарци.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 148. ISBN 9989-649-28-6.