Дада или дадаизам — културно движење кое започнало во Цирих, Швајцарија во текот на Првата светска војна, а го достигнало својот врв помеѓу 1916-1922 година. Визуелната уметност, литературната поезија, уметничкиот проглас, теоријата на уметноста и театарот, графичкиот дизајн се примарни делови на ова движење кое се концентрира на антивоената политика со отфрлање на тогашните стандарди во уметноста и воспоставување на антиуметнички културни изработки. Целта била исмејување на сето она што нејзините учесници го сметаат за бесмислено во современиот свет. Дадаистичките уметници го изразувале своето незадоволство кон насилството, војната и национализмот и ги задржале политичките афинитети со радикалната политика на левичарската и крајно левичарската политика.[1][2][3]Дадаизмот покрај оваа антивоена цел бил антибуржоаски и анархистички настроен.[4][5][6] The art of the movement began primarily as performance[7] Раните центри за дадаизмот ги вклучиувале европските градови Цирих и Берлин. За неколку години, движењето се проширило во Њујорк и во различни уметнички центри во Европа и Азија.[8][9][10][11]

Дадаистички уметници, групна фотографија, 1920, Париз. Одлево надесно, заден ред: Луј Арагон, Теодор Френкел, Пол Елијар, Клеман Пансер, Емануел Феј (само мал дел).
Втор ред: Пол Дерме, Филип Супо, Жорж Рибмон-Десењ.
Прв ред: Тристан Цара, (со монокл), Селин Арно, Франсис Пикабија, Андре Бретон.

Активистите на дадаизмот излегуваат на јавни собири, демонстрации и објавуваат статии во областа на литературата и уметноста. Темите во областа на уметноста, политиката и културата биле често дискутирани и широко опфатени во медиумите. Ова движење влијаело на подоцнежните стилови како авангарда, даунтаун музика и на групите вклучувајќи ги надреализам, неореализам, поп-арт, Флуксус и панк-рок.

Вовед

уреди
Премногу е идиотско за да биде шизофренично
Карл Јунг за изработките на дадаизмот

Дадаизмот претставува неформално меѓународно движење со учесници од Европа и Северна Америка. Почетоците на дадаизмот се совпаѓаат со започнувањето на Првата светска војна. За многу учесници ова движење претставува протест против буржоаските националисти и интересите на колонистите, противници на културната и интелектуална сообразност како во уметноста така и во општеството, кои многу дадаисти ги сметаат за причинители на војната. Тие исто така веруваат дека начинот на размислување и логиката на буржоаското капиталистичко општество ги навело луѓето на војна[12]. Дадаистите ја изразуваат нивната одбивност кон таа идеологија со уметноста која ја создаваат за да ја отфрлат таа логика и да го предизвикаат хаосот и нерационалноста.[5][6] На пример, Џорџ Грос подоцна се отповикал на тоа дека неговата дадаистичка уметност била наменета за протест против светот и меѓусебното уништување.[5]

Според противниците, дадаизмот не е уметност туку тоа е антиуметност[12]. Сето она што претставувало уметност, за дадаизмот е спротивното. Доколку уметноста претставува естетика, дадаизмот ја игнорирал естетиката. Доколку со уметноста се побудуваат чувствата, намерата на дадистите била навредата[13]. Дадаистите со нивната одбивност кон културата, традицијата и естетиката се стремеле за уништување на истата. Како што Хуго Бол рекол: „За нас уметноста не е самата крајност...туку можноста за вистинска перцепција и критика на времето во кое живееме.“[14] Критичар на американското списание American Art News напишал дека: „Филозофијата на дадаизмот е најболната, најпарализирачката, најдеструктивната работа која што некогаш произлегла од човечкиот мозок.“ Историјата на уметноста го опишува дадаизмот како сеприсутност, во голема мера реакција на она што повеќето уметници го сметале за ништо повеќе од умоболна претстава на колективно убиство.[15]

Години подоцна дадаистите го опишуваат своето движење како феномен кој се раширил во текот на поствоената економска и морална криза како чудовиште кое опустошува се пред својот пат, систематски начин на уништување и деморализација. Но, на крајот не останало ништо друго туку само дело на богохулство.[15]

Историја

уреди

Дада произлегол од период на уметнички и литературни движења како футуризмот, кубизмот и експресионизмот; центрирани главно во Италија, Франција и Германија соодветно, во тие години. Меѓутоа, за разлика од претходните движења, дадаизмот можел да воспостави широка база на поддршка, што довело до движење кое било меѓународно по обем. Неговите приврзаници биле со седиште во градови низ целиот свет, вклучувајќи ги Њујорк, Цирих, Берлин, Париз и други. Постоеле регионални разлики како акцент на литературата во Цирих и политички протест во Берлин.[16]

Цирих

уреди
 
Цртеж од Хана Хох

Во 1916 година Хуго Бол, Еми Хенингс, Тристан Цара, Џин Арп, Марсел Јанко, Рихард Нуелсенбек, Софи Тајбер и Хабс Рихтер заедно со многу други расправале за уметноста и изведувале перформанси во кабарето „Волтер“ искажувајќи ја одвратноста кон војната и интересите кои ја инспирирале.

Некои извори велат дека дадистите се собрале во кабарето Волтер[17] на 6 октомври а други пак велат дека дадизмот не потекнува од Цирих туку дека се издигнал од веќе жива уметничка традиција во Источна Европа, поточно во Романија кога група еврејски уметници модернисти (Цара, Јанко, Лулиу Лансу, Сегал и др.) отпатувале во Швајцарија односно во Цирих. Во текот на Првата светска војна ваква слична уметност веќе се развила во Букурешт и други европски градови. Веќе е и познато дека дадаистичката катализа е допатувањето во Цирих на уметниците како Цара и Јанко.

По напуштањето на Германија и Романија во текот на Првата светска војна уметниците се нашле во Швајцарија, замја позната по својата неутралност. Во овој простор на политичка непристрасност тие решиле да се борат со апстракност против социјалните, политичките и културни идеи на тоа време. Дадаистите веруваат дека овие идеи се производот на буржоаското општество кое толку рамнодушно се отповика на војна против себе наместо да остане статус-кво.[18]

Ја изгубивме довербата во нашата култура. Се мораше да се уништи. Ние ќе започнеме повторно и по табула раса. Во Кабаре Волтер започнавме со шокантен здрав разум, јавно мислење, образование, институции, музеи, добриот вкус, накратко, целиот поредок што преовладува.

— Марсел Јанко[19]

Кабарето ги затворило своите врати на почетокот на јули а подоцна Бол го прочитал првиот манифест на првиот јавен собир во салата Ваг на 14 јули 1916 година. Во 1918 Цара напишал и втор дадаистички манифест кој се смета за еден од најзначајните дадаистички трудови[20], по кое следеле и други манифести. Бол рекол дека маската и дизајните на костимите на Јанко, инспирирани од романската народна уметност, го направиле видлив „ужасот на нашето време, парализирачката позадина на настаните“..[18] Според Бол, настапите биле придружувани од „оркестар балалајка кој свирел прекрасни народни песни“. Честопати под влијание на африканската музика, аритмичките тапани и џезот биле вообичаени на собири на дадаистите.[21][22]

Од списанието „Кабаре Волтер“ излегло едно и единствено издание. По затворањето на кабарето активностите се вршеле во нова галерија кога Хуго Бол ја напуштил Европа. Цара започнал со жестока кампања за да ја рашири идејата на дадаизмот. Тој ги „бомбардирал“ француските и италијанските уметници и писатели со писма. Цара се издигнал како водач на дадаистите а воедно и мајстор-стратег.

Кабарето Волтер повторно се отворило а денес сè уште се наоѓа на истото место на ул. „Шпигелгасе“бр. 1 во Нидердорф. Дадаистите во Цирих на чело со Цара издале уметничко и литературно списание „Дада“ во јули 1917 година и објавиле 5 изданија во Цирих а две во Париз. Други уметници, како Андре Бретон и Филип Супо, создале „книжевни групи за да помогнат во проширувањето на влијанието на Дадаизмот“.[23]

Со крајот на Првата светска војна во 1918 година повеќето од дадаистите од Цирих се вратиле во своите земји каде што продолжиле со активизмот на дадаизмот.

Берлин

уреди
 
Свечено отворање на првата изложба на Дадаисзмот: Меѓународен саем на дадаизмот, Берлин, 5 јуни 1920 година. Централната фигура што виси од таванот е ликот на германски офицер со свинска глава. Од лево кон десно: Раул Хаусман, Хана Хох (седи), Ото Бурчард, Јоханес Бадер, Виланд Херцфелде, Маргарет Херцфелде, д-р Оз (Ото Шмалхаузен), Џорџ Грос и Џон Хартфилд.[24]

Групите во Германија не биле строго антиарт како другите. Нивната активност била повеќе политичка и социјална со разорни манифести и пропаганди, сатира, јавни демонстрации и политички активности. Ова делумно се должело на близината на Берлин до фронтот. Спротивен ефект од Берлин е Њујорк каде движењето се ширело повеќе теоретски без политичка позадина поради нивното географско растојание.[25]

Во февруари 1918 година Хулзенбек го одржал првиот говор за дадаизмот во Берлин а подоцна истата година напишал и нов манифест[26]. Хана Хук и Георг Грос го искористиле дадаизмот за да ги искажат своите симпатии кон комунизмот во пост-воениот период. Грос заедно со Џон Хартфилд ја развил техниката на фотомонтажа во текот на овој период. Уметниците издале серија од краткотрајни политички списанија, го одржале првиот дадаистички саем но најголемите проекти биле зачнати во летото 1920 година[27] . Покрај главните членови на берлинскиот дадаизам Грос, Раул Хаусман, Хук, Јоханес Баарглед, Хулзенбек и Хартфилд на изложбата учествувале и Ото Дикс, Франсис Пикабија, Џин Арп, Макс Ернст, Рудолф Шлихтер, Јоханес Баргелд и др. Севкупно биле изложени над 200 дела опкружени со провокациски слогани од кои некои од нив биле напишани на ѕидовите на нацистичката изложба на испревртена уметност во 1937 година. И покрај големиот број продадени карти изложбата била безуспешна со само едно продадено дело. Берлинската група издала месечници како што се: „Клуб Дада“, „Дер Дада“ и „Алманах Дада“.[28]

Келн

уреди

Во Келн 1920 година Ернст, Баргелд и Арп поставиле контроверзна дадаистичка изложба фокусирана на бесмисленоста и анти-буржоаските мислења. Оваа пролетна изложба во Келн била поставена во паб каде што учесниците требале да поминат низ јавен тоалет додека била читана вулгарна поезија од жена облечена во фустан за причесна. Полицијата ја затворила изложбата поради непристојно однесување но била повторно отворена кога обвиненијата биле повлечни.[29]

Њујорк

уреди
 
Марсел Дишан, Фонтана, 1917 година

Исто како и во Цирих и Њујорк за време на Првата светска војна бил едно вакво засолниште за писателите и уметниците. Кратко по пристигнувањето во Франција во 1915 година Марсел Дишан и Франсис Пикабија се запознале со американскиот уметник Мен Реј. До 1916 година тројцата уметници биле во центарот на случувањата на оваа радикално анти-арт движење во Соединетите Американски Држави. Американката Беатрис Вуд им се приклучила ним заедно со Елза фон Фрејтаг- Лорингхофен и Артур Краван кои бегале од регрутацијата во Франција. Поголемиот дел од нивните активности се случувале во галеријата на Алфред Шпиглиц која исто така била дом и на Волтер и Луис Аренсберг.

Следбениците од Њујорк кои не биле особено организирани и не ги следеле манифестите ги нарекувале своите дела „Дада“. Предизвиците во уметноста и културата ги изнесувале во „Д блајнд Мен”, „Ронгронг” и „Њујорк Дада” каде што ја критикувале традиционалноста во музејската уметност. Во дадаизмот во Њујорк отсуствува европската разочараност а наместо тоа преовладува иронијата и хуморот.

Во книгата „Авантурите на уметноста: неформални поглавја за сликарите”, поетот Марсден Хартли го напишал и есејот „ Значението да се биде дадаист“. Во ова време Дишан започнал да изложува „пронајдени предмети“, на пример држач за шишиња и се приклучил на „Друштвото на независни уметници“. Во 1917 година тој го изнел неговото познато дело Фонтана со потпис Р. Мут на изложбата на Друштвото на независни уметници но тоа не било прифатено. Првично предмет за потсмев во уметничкото друштво но подоцна високо почитувано.[30] Комитетот на престижната британска награда „Тарнер” во 2004 година го нарекува: „највлијателното дело во довремената уметност.”[30][31]

Во обид да се укаже чест на духот на дадаизмот, артистот Пјер Пиночели направил пукнатина во Фонтаната со чекан во јануари 2006 година а во 1993 уринирал во нејзе.[32] The piece is in line with the scatological aesthetics of Duchamp's neighbour, the Baroness Elsa von Freytag-Loringhoven.[33]

Патувањата на Пикабија во Њујорк, Цирих и Париз ги соединиле групите заедно за време на дадаистичкиот период. Во текот на седум години од 1917 до 1924 било издавано месечното списание „391” во Барселона, Њујорк, Цирих и Париз. Во 1921 година повеќето од вистинските следбеници се преселиле во Париз каде што дадаизмот ја искусил својата инкарнација.

Париз

уреди
 
Тристан Цара, портрет на Роберт Делонеј, 1915

Француската авангарда се издигнувала напоредно со активностите на дадаизмот во Цирих. Пропратена со Тристан Цара (чиј псевдоним значи „осамен во земјата”, име избрано како протест против третирањето на евреите во неговата родна Романија) кој постојано разменувал писма, списанија со Андре Бретон, Гилијам Аполинер, Макс Џејкоб, Клемент Пансаер и други француски писатели, критичари и уметници.

Париз бил веројатно и центарот на класичната музика по доаѓањето на импресионизмот во уметноста во доцниот 19 век. Еден од неговите практикувачи Ерик Сатије соработувал со Пикасо и Кокто на лудата и скандалозна балетска претстава Парада, прво одиграна од рускиот балетски ансамбл во 1917 година кој успеал во пренесувањето на скандалозноста но на различен начин од она што Стравински го направил со „Le Sacre du Printemps” пет години порано. Ова била балетска претстава која е буквално пародија на самиот себе и со која некои традиционални патрони на балетот би се бунтувале.

Дадаизмот во Париз се разбранувал во 1920 година кога многу од неговите основачи се насочиле кон иста цел, се соединиле. Инспирирано од Цара наскоро париските дадаисти започнале со следење на манифестите, организирале демонстрации, поставувале перформанси и изработувале број на списанија (последните две изданија на Дада, Канибал и Литература).[34]

Првото претставување на дадаистичката уметност на париската јавност била во Салонот на независните во 1921 година. Жан Кроти изложил дела поврзани со дадаизмот вклучувајќи го и делото со наслов „Експликатиф” поврзано со зборот табу. Во истата година Цара ја поставила и својaта претстава „The Gas Heart” која била исмеана и извикувана од публиката. Подоцна во 1923 година била повторно поставена од професионална продукција предизвикувајќи театарски бунт инициран од Андре Бретон кој објавил поделба на движењето на дадаизам и надреализам. Последниот обид на Цара во дадаистичката драма била неговата иронична трагедија „Handkerchief of clouds” (шамивчето од облаци) во 1924 година.

Холандија

уреди

Во Холандија ова дадаистичко движење се движело околу Тео ван Дусбург подобро познат по основањето на движењето Де Стајл а во истовреме и издавањето на списанието со исто име. Тео ван Дусбург главно се фокусирал на поезија вклучувајќи поеми во своето списание од добро познатите дадаистички писатели Хуго Бол, Ханс Арп и Курт Швитерс.[35] Тео ван Дусбург се спријателил со Швитерс и тие заедно организирале т.н дадаистичка кампања во 1923 година каде тој промовирал мала брошура под наслов „Што е дадаизам?“ За време на кампањата Швитерс ја читал својата поема „Вилмос Хусар” и демонстрирал механичка кукла која танцува додека жената на Тео, Нелу ван Дусбург изведувала авангардни композиции на пијано. Ван Дусбург пишувал поезија во духот на дадаизмот во Де Стајл под псевдонимот И.К Бонсет која била откриена по неговата смрт во 1931 година. Заедно со И.К Бонсет тој објавил и ново холандско краткотрајно дадаистичко списание наречено „Мецано”.

Грузија

уреди

И покрај тоа што во Грузија не се знаело за дадаимот до 1920 година во периодот помеѓу 1917 и 1921 се појавила група поети кои самите себе се нарекувале 41-от степен (алудирајќи на географската широчина на Тбилиси и висока телесна температура) кои формираат бразда на дадаизмот во Грузија. Главната улога во оваа група бил Илија Зданевич чии екстрeмни типографски дизајни визуелно одекнале помеѓу дотогашните дадаистички изданија. По патувањето во Париз 1921 година тој започнал да соработува со дадаистите во организирањето настани и рекламирање.[36][37]

Југославија

уреди

Во Југославија дадаизмот земал голем замав во периодот 1920 и 1922 година главно помеѓу Драган Алексиќ, Михајло С. Петров, Љубомир Миќиќ и Бранко Ве Полански.[38] Алексиќ го користел поимот Југо-дада а исто така е познато дека имал контакти со Раул Хаусман, Курт Швитерс, и Тристан Цара.

Токио

уреди

Дадаистичката група која била од големо значење во Јапонија се викала МАВО (ЈА) основана од Томојоши Мурајама и Масалу Јанасе. Други истакнати уметници биле Јун Цију, Ејсуке Јошијуки, Шинкицу Такахаши и Катси Китасоно.

Поезија и уметност

уреди

Дадаизмот не се ограничил само во визуелната и литературна уметност, неговото влијание стигнало до звукот, музиката. Курт Швитерс развил т.н sound poems. Композиторите Ервин Шулхоф, Ханс Хојсер и Алберт Савинио создавале дада музика а ги изведувале своите музички дела на дада собирите во времето кога биле членови на Le Six и соработувала со членовите на дада движењето.

Ерик Сатије запливал во водите на дадаистичките идеи за време на неговата кариера иако првично е поврзан со музичкиот импресионизам.

Во промовирањето на дадаизмот Хуго Бол раскажува за балалајка оркестарот кој изведувал прекрасни фолк-песни. За време на дада-собирите свирела африканска и џез музика сигнализирајќи го враќањето во природата и наивниот примитивизам.

Наследство

уреди
 
Музејот Јанко Дада

Вака распространето се чинело дека движењето е нестабилно. До 1924 година во Париз дадаизмот се претопил во надреализам и уметниците ги проширувале своите идеи и се преместувале во движења вклучувајќи го и надреализмот, социјаниот реализам и другите форми на модернизмот. Некои теоретичари тврделе дека дадаизмот бил всушност и почеток на постмодерната уметност..[39]

Во почетокот на Втората светска војна повеќемина од европските дадаисти емигрирале во САД. Некои од нив погинале во логорите на Адолф Хитлер кој ја прогонувал дегенеративната уметност промовирана во дадаизмот. Движењето станувало се понеактивно во поствоениот оптимизам кога започнале да се развиваат нови правци во уметноста и литературата.

Дадаизмот е влијание и упатство на разновидни анти арт, политички и културни движења вклучувајќи го и ситуационистичка интернационала и групи на културен метеж, друштвото Какофони. По распадот во јули 2012 година, анархистичкиот поп бенд Чумбавамба направул изјава во која го споредил нивното наследство со она на уметничкото движење.[40]

Додека дадаистите во Цирих се бунтувале во кабарето ,,Волтер”, Владимир Ленин ги пишувал своите револуционерни планови во својот апартман во Русија. Том Стопард го искористил ова совпаѓање како инспирација за својата претстава Травестис (1974) во која Цара, Ленин и Џемс Џојс биле вклучени како карактери. Францускиот писател Доминик Ногез го претставува Ленин како член на групата дадаисти во хумористичната драма „Дадаистот Ленин” (1989год.)

Кабарето „Волтер” се запуштило сè додека не било окупирано во периодот од јануари до март од група себе-прогласени „нови дадаисти” предводени од Марк Диво.[41] Во групата биле вклучени и Јан Тилер, Инго Гизендер, Ајана Калугар, Лени Ли и Ден Џонс. По нивното иселување кабарето станало музеј посветен на историјата на дадаизмот. Делата на Ли и Џонс останале на ѕидовите на музејот.

Неколку истакнати ретроспективи го проучиле влијанието на дадаизмот врз уметноста и општеството. Во 1967 година била одржана голема ретроспектива во Париз, Франција во чест на дадаизмот. Во 2006 година музејот на модерна уметност во Њујорк била одржана изложба поддржана од националната уметничка галерија во Вашингтон и Помпиду центарот во Париз.

Развиени уметнички техники

уреди

Асемблаж

уреди

Асемблажи се тридимензионални варијации на колаж. Комбинацијата од предмети од секојдневието како отпадоци и остатоци од предмети од војната, создале наспроти нивната бесмисленост значајни дела. Предметите биле споени заедно на најразлични начини. Асемблажите се поставени насекаде низ просторот или пак закачени на ѕидовите.[42]

Редимејд

уреди

Марсел Дишан започнал своите постави да ги гледа како уметност па така ги нарекол редимејдс. Со додавање на потпис и име ги претворил предметите во уметнички дела нарекувајќи ги редимејд. Дишан за тоа напишал: „Главна одлика е кратката реченица којашто ја вметнував во моите дела. Наместо да го опишувам делото како наслов, таа реченица постои да пренесе порака повербално на оној што го гледа делото наспроти да му го покаже тоа со своите делови. Понекогаш вметнував и детали од графиката за да ја презентирам и задоволам мојата желба за алитерација, а го нареков тоа редимејд”.Еден таков пример е писоарот потпишан со името Р.Мут и насловен Фонтана, претставен на изложбата на Друштвото на независни уметници..[43]

Наводи

уреди
  1. „Dada, Tate“. Архивирано од изворникот 2014-10-26. Посетено на 2014-10-26.
  2. Timothy Stroud, Emanuela Di Lallo, 'Art of the Twentieth Century: 1900–1919, the avant-garde movements', Volume 1 of Art of the Twentieth Century, Skyra, 2006, ISBN 887624604-5
  3. Middleton, J. C. (1962). 'Bolshevism in Art': Dada and Politics“. Texas Studies in Literature and Language. 4 (3): 408–430. JSTOR 40753524.
  4. Trachtman, Paul. „A Brief History of Dada“. Smithsonian Magazine. Архивирано од изворникот 16 January 2017. Посетено на 14 January 2017.
  5. 5,0 5,1 5,2 Schneede, Uwe M. (1979), George Grosz, His life and work, New York: Universe Books
  6. 6,0 6,1 Budd, Dona (2005). The Language of Art Knowledge Cards. Pomegranate Communications. ISBN 9780764915994.
  7. „Dada Performance“.
  8. „Dadaism in Berlin. The radical opponents of the establishment and their (Un)organised contradictions“. 15 March 2013.
  9. „Berlin Dada. The German Dada Artists of Berlin Club Dada Changed Modern Art. They Continue to Influence Modern Artist“.
  10. Francis M. Naumann, New York Dada, 1915–23 Архивирано на 28 октомври 2018 г., Abrams, 1994, ISBN 0-81093676-3
  11. Mario de Micheli (2006). Las vanguardias artísticas del siglo XX. Alianza Forma. pp. 135–137.
  12. 12,0 12,1 Richter, Hans (1965), Dada: Art and Anti-art, New York and Toronto: Oxford University Press
  13. Tzara, Tristan (1920). „VII“. La Vie des Lettres (French). Paris.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  14. DADA: Cities, National Gallery of Art, Архивирано од изворникот на 2008-11-02, Посетено на 2008-10-19
  15. 15,0 15,1 Fred S. Kleiner (2006), Gardner's Art Through the Ages (12th. изд.), Wadsworth Publishing, стр. 754
  16. Elger 2004, стр. 6.
  17. Greeley, Anne. „Cabaret Voltaire“. Routledge. Архивирано од изворникот 31 July 2019. Посетено на 31 July 2019.
  18. 18,0 18,1 „Cabaret Voltaire: A Night Out at History's Wildest Nightclub“. BBC. 2016. Архивирано од изворникот 31 July 2019. Посетено на 31 July 2019.
  19. Marcel Janco, "Dada at Two Speeds," trans. in Lucy R. Lippard, Dadas on Art (Englewood Cliffs, New Jersey, 1971), p. 36.
  20. Wellek, René (1955). A History of Modern Criticism: French, Italian and Spanish criticism, 1900-1950. Yale University Press. стр. 91. ISBN 9780300054514. Tzara second Dada manifesto,.
  21. Jenkins, Ellen Jan (2011). Andrea, Alfred J. (уред.). World History Encyclopedia. ABC-CLIO – преку Credo Reference.
  22. Rasula, Jed (2015). Destruction was My Beatrice: Dada and the Unmaking of the Twentieth Century. New York: Basic Books. стр. 145–146. ISBN 9780465089963.
  23. Europe of Cultures. "Tristan Tzara speaks of the Dada Movement" Архивирано на 4 јули 2015 г., September 6, 1963. Retrieved on July 2, 2015.
  24. World War I and Dada Архивирано на 1 декември 2017 г., Museum of Modern Art (MoMA).
  25. Naumann, Francis M. (1994). New York Dada. New York: Abrams. ISBN 0810936763.
  26. Elger 2004, стр. 35.
  27. Dickermann, leah (2005). Dada. Washington: National Gallery of Art. стр. 443. ISBN 9781933045207.
  28. Dada, Dickermann, National Gallery of Art, Washington, 2006 p99
  29. Schaefer, Robert A. (September 7, 2006), „Das Ist Dada–An Exhibition at the Museum of Modern Art in NYC“, Double Exposure, Архивирано од изворникот на October 9, 2007, Посетено на June 12, 2007
  30. 30,0 30,1 Fountain' most influential piece of modern art Архивирано на 24 јануари 2020 г., Independent, December 2, 2004
  31. "Duchamp's urinal tops art survey" Архивирано на 9 мај 2020 г., BBC News December 1, 2004.
  32. Duchamp, Marcel, translated and quoted in Gammel 2002, стр. 224
  33. Gammel 2002, стр. 224–225.
  34. Marc Dachy, Dada : La révolte de l'art, Paris, Gallimard / Centre Pompidou, collection "Découvertes Gallimard" (nº 476), 2005.
  35. Schippers, K. (1974). Holland Dada. Amsterdam: Querido.Предлошка:Pages needed
  36. „Iliazd“. The International Dada Archive, University of Iowa Libraries. Посетено на 2022-10-26.
  37. „Lidantiu faram“. sdrc.lib.uiowa.edu. Посетено на 2022-10-26.
  38. Zenit: International Review of Arts and Culture. Архивирано од изворникот 2017-09-01. Посетено на 2017-09-01.
  39. Locher, David (1999), „Unacknowledged Roots and Blatant Imitation: Postmodernism and the Dada Movement“, Electronic Journal of Sociology, 4 (1), Архивирано од изворникот на 2007-02-23, Посетено на 2007-04-25
  40. „Chumbawamba“. Архивирано од изворникот 13 June 2017. Посетено на 10 July 2012.
  41. 2002 occupation by neo-Dadaists Архивирано на 1 декември 2008 г. Prague Post
  42. „DADA – Techniques – assemblage“. Nga.gov. Архивирано од изворникот на 2011-07-16. Посетено на 2011-06-11.
  43. „DADA – Techniques – assemblage“. Nga.gov. Архивирано од изворникот на 2011-07-16. Посетено на 2011-06-11.

Извори

Понатамошно читање

уреди
  • The Dada Almanac, ed. Richard Huelsenbeck [1920], re-edited and translated by Malcolm Green et al., Atlas Press, with texts by Hans Arp, Johannes Baader, Hugo Ball, Paul Citröen, Paul Dermée, Daimonides, Max Goth, John Heartfield, Raoul Hausmann, Richard Huelsenbeck, Vincente Huidobro, Mario D'Arezzo, Adon Lacroix, Walter Mehring, Francis Picabia, Georges Ribemont-Dessaignes, Alexander Sesqui, Philippe Soupault, Tristan Tzara. ISBN 0-947757-62-7
  • Blago Bung, Blago Bung, Hugo Ball's Tenderenda, Richard Huelsenbeck's Fantastic Prayers, & Walter Serner's Last Loosening – three key texts of Zurich ur-Dada. Translated and introduced by Malcolm Green. Atlas Press, ISBN 0-947757-86-4
  • Ball, Hugo. Flight Out Of Time (University of California Press: Berkeley and Los Angeles, 1996)
  • Bergius, Hanne Dada in Europa – Dokumente und Werke (co-ed. Eberhard Roters), in: Tendenzen der zwanziger Jahre. 15. Europäische Kunstausstellung, Catalogue, Vol.III, Berlin: Dietrich Reimer Verlag, 1977. ISBN 978-3-496-01000-5
  • Bergius, Hanne Das Lachen Dadas. Die Berliner Dadaisten und ihre Aktionen. Gießen: Anabas-Verlag 1989. ISBN 978-3-870-38141-7
  • Bergius, Hanne Dada Triumphs! Dada Berlin, 1917–1923. Artistry of Polarities. Montages – Metamechanics – Manifestations. Translated by Brigitte Pichon. Vol. V. of the ten editions of Crisis and the Arts: the History of Dada, ed. by Stephen Foster, New Haven, Connecticut, Thomson/Gale 2003. ISBN 978-0-816173-55-6.
  • Jones, Dafydd W. Dada 1916 In Theory: Practices of Critical Resistance (Liverpool: Liverpool University Press, 2014). ISBN 978-1-781-380-208
  • Biro, M. The Dada Cyborg: Visions of the New Human in Weimar Berlin. Minneapolis: University of Minnesota Press, 2009. ISBN 0-8166-3620-6
  • Dachy, Marc. Journal du mouvement Dada 1915–1923, Genève, Albert Skira, 1989 (Grand Prix du Livre d'Art, 1990)
  • Dada & les dadaïsmes, Paris, Gallimard, Folio Essais, n° 257, 1994.
  • Dada : La révolte de l'art, Paris, Gallimard / Centre Pompidou, collection "Découvertes Gallimard" (nº 476), 2005.
  • Archives Dada / Chronique, Paris, Hazan, 2005.
  • Dada, catalogue d'exposition, Centre Pompidou, 2005.
  • Durozoi, Gérard. Dada et les arts rebelles, Paris, Hazan, Guide des Arts, 2005
  • Hoffman, Irene. Documents of Dada and Surrealism: Dada and Surrealist Journals in the Mary Reynolds Collection Архивирано на 13 мај 2011 г., Ryerson and Burnham Libraries, The Art Institute of Chicago.
  • Hopkins, David, A Companion to Dada and Surrealism, Volume 10 of Blackwell Companions to Art History, John Wiley & Sons, May 2, 2016, ISBN 1118476182
  • Huelsenbeck, Richard. Memoirs of a Dada Drummer, (University of California Press: Berkeley and Los Angeles, 1991)
  • Jones, Dafydd. Dada Culture (New York and Amsterdam: Rodopi Verlag, 2006)
  • Lavin, Maud. Cut With the Kitchen Knife: The Weimar Photomontages of Hannah Höch. New Haven: Yale University Press, 1993.
  • Lemoine, Serge. Dada, Paris, Hazan, coll. L'Essentiel.
  • Lista, Giovanni. Dada libertin & libertaire, Paris, L'insolite, 2005.
  • Melzer, Annabelle. 1976. Dada and Surrealist Performance. PAJ Books ser. Baltimore and London: The Johns Hopkins UP, 1994. ISBN 0-8018-4845-8.
  • Novero, Cecilia. "Antidiets of the Avant-Garde: From Futurist Cooking to Eat Art". (University of Minnesota Press, 2010)
  • Richter, Hans. Dada: Art and Anti-Art (London: Thames and Hudson, 1965)
  • Sanouillet, Michel. Dada à Paris, Paris, Jean-Jacques Pauvert, 1965, Flammarion, 1993, CNRS, 2005
  • Sanouillet, Michel. Dada in Paris, Cambridge, Massachusetts, The MIT Press, 2009
  • Schneede, Uwe M. George Grosz, His life and work (New York: Universe Books, 1979)
  • Verdier, Aurélie. L'ABCdaire de Dada, Paris, Flammarion, 2005.

Филмографија

уреди

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Манифести