Графички дизајн
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Графичкиот дизајн (графичко уредување) е процес на визуелно општење со користење на текст и/или фотографии односно илустрации за да се претстави информацијата или пак да се истакне некоја порака. Графичкиот дизајн во голем дел значи познавање на естетски вештини и мојстории, вклучувајќи типографија, фотографија, илустрација, симбол и боја и нивно сложување односно комбинирање. Графичкиот дизајнер има за задача да го визуелизира секое идејно решение со цел другите да можат полесно да го разберат. Неговата задача е комбинирање на вербални елементи во една организирана и ефикасна целина.
Графички дизајн е применета уметност. Како дисциплина дизајнот се занимава со изработка на печатени решенија. Во овие решенија спаѓаат: новини, книги, списанија, билборди, визит карти, брошури, каталози и слично. Поновите дефиниции за графички дизајн вклучуваат и графички продукции кои се прилагодени во електронски медиуми, како интернетот или телевизијата и други медиуми.
Може да се каже дека графичкиот дизајн е колаборативна дисциплина. Писателите ги создаваат речениците и слоганите, фотографите и илустраторите создаваат визуелни елементи, типографичарите различни типографии, додека графичкиот дизајнер ја создава композицијата (целината) на визуелното општење.
Историски развој
уредиИсторија на графичкиот дизајн
уредиДодека графичкиот дизајн како дисциплина има релативно кратка историја, називот графички дизајн за првпат е измислен од Вилијам
Едисон Двигинс во 1922 г. и истите активности се протегаат низ историјата на човештвото: од пештерите на Ласко до
Трајановиот столб во Рим, до украсните ракописи од средниот век, до светлечките неони во Гинза. Во оваа опширна историја и во релативно неодамнешната експанзија на визуелна комуникација во XX и XXI век, понекогаш има заматена разлика и вкрстување на рекламната уметност, графичкиот дизајн и ликовната уметност. Сепак, сите делат многу исти елементи, теории, принципи, вештини и стилови и понекогаш ист добродетел и клиент. Во рекламната уметност главна цел е продажбата на добра и услуги. Во графичкиот дизајн суштината е да и се даде ред на информацијата, форма на идеите, израз и чувство на ракотворбите кои го документираат човечкото искуство.
Историја на печатењето
уредиЗа време на Династијата Танг (616 - 906) помеѓу IV и VII век од н.е. се сечеле дрвени калапи за печатење врз текстил и подоцна за правење копии на будистички текстови. Најраната позната печатена книга е будистички запис од 868 г. Започнувајќи од XIX век биле произведени подолги ролни и книги преку печатење од подвижен тип, правејќи ги книгите широко достапни за време на Династијата Сонг (960–1279). Некаде околу 1450 г. печатачската машина на Јоханес Гутенберг придонела за поширока достапност на книгите во Европа. Со дизајнот на книгата Алдус Манутиус ја развил структурата која станала основа на западнотo издавачко печатење. Оваа ера на графички дизајн се нарекува Ренесансен хуманизам или Стар стил.
Појава на дизајнерската индустрија
уредиВо доцните години на XIX век во Европа, особено во Обединетото Кралство, започнало одвојувањето на графичкиот дизајн од ликовната уметност. Во 1849 г. Хенри Кол станал еден од големите сили во дизајнерското образование во Велика Британија, информирајќи ја Владата за важноста на дизајнот во неговиот Дневник за дизајн и производи (англиски: Journal of Design and Manufactures. Тој ја организирал Големата Изложба како славење на модерната индустриска технологија и Викторијанскиот дизајн.
Од 1891 до 1896 г. „Печатницата на Вилијам Морис Келмскот“ (William Morris’ Kelmscott Press) издавал книги кои се едни од најважните за графички дизајнираните производи на Движењето за применета уметност. Започнал многу профитабилен бизнис на создавање книги со голема стилска префинетост продавајќи ги на богатите за повисока цена.
Морис докажал дека пазарот постои за делата од графичкиот дизајн и помогнал да се создаде поделбата на дизајнот од производството и ликовната уменост. Работата на „Печатницата Келмскот“ (Kelmscott Press) се одликува по својата опсесија со историски стилови. Како и да е, овој историзам бил важен затоа што придонел за првата важна реакција од страна на државата која била застарена во поглед на графичкиот дизајн од XX век. Работата на Морис, заедно со останатите од движењето на Приватната Печатница директно влијаеле на Арт Нуво (Art Nouveau) и биле индиректно одговорни за развојот на графичкиот дизајн од XX век воопшто.
Дизајн во XX век
уредиНазивот графички дизајн за првпат се појавил во весник во есеј од 1922 г. наречен „Нов вид на печатење бара нов вид на дизајн“ од Вилијам Едисон Двигин, американски книжевен дизајнер во раниот XX век.
„Рафовиот графички дизајн“, издадена во 1922 г. се смета за првата книга што го искористила поимот во својот наслов.
Натписот на Лондонското подземје е класичен пример за дизајн во современата ера и употребен фонт на букви дизајниран од Едвард Џонстон во 1916 г.
Во 1920 г. советскиот конструктивизам го вметнал „интелектуалното производство“ во различни сфери на производството. Во револуционерната Русија, движењето ја гледало поединечната уметност како бескорисна и така продолжила напред кон создавање на предмети за утилитарни цели. Тие дизајнирале градби, театарски сцени, постери, материјали, облека, мебел, логоа, менија итн.
Џен Шехолд ги координирал принципите на модерната типографија во неговата книга „Нова типографија“ од 1928 г. Тој подоцна се одрекол од
фашистичката филозофија поткрепена во неговата книга, но сепак таа останала доста влијателна. Шехолд, Баухаус и други графичари како Херберт Бејер, Лазло Мохоли-Наги, Ел Лециски се татковците на графичкиот дизајн каков што го знаеме денес. Тие првo ги вовеле производните техники и стилски уреди употребени низ XX век. Во годините што следеле графичкиот дизајн станал дел од современиот стил и се здобил со распространета прифатеност и употреба. Напредната економија во Америка по Втората светска војна утврдила поголема употреба за графички дизајн, главно рекламирање и пакување.
Преселбата на Германското училиште за дизајн „Баухаус“('Bauhaus') во Чикаго во 1935 г. го донела „масовно произведениот“ минимализам во Америка фрлајќи оган врз современата архитектура и дизајн. Позабележливи имиња од областа на дизајнот во средина на минатиот век се Адријан Фрутигер, дизајнер на фонтовите Универз и Фрутигер; Пол Ранд кој од доцните 30-ти години до неговата смрт во 1996 г. ги применил принципите на Баухаус во популарното рекламирање и дизајнирање на логоа, притоа помагајќи во создавањето на единствениот американски пристап кон европскиот минимализам, станувајќи еден од главните изумители на подгрупата на графичкиот дизајн позната како корпоративен идентитет. Алекс Штајнвајс е заслужен за изумот на корицата на албумот и Јозеф Мулер-Брокмен кој дизајнирал постери на груб, но сепак достапен начин типичен за ерата на 50-тите и 70-тите години.
Примена
уредиОд сообраќајни знаци до технички шеми, од интерканцелариски меморандуми до упатства за употреба, графичкиот дизајн го зголемува пренесувањето на знаење. Читкоста е зголемена со подобрување на визуелната презентација на текстот.
Дизајнот може да помогне во продавање на производот или идејата преку ефикасна визуелна комуникација. Тој се применува на производи и елементи од идентитетот на компанијата преку логоа, бои, амбалажа и текст. Сите овие се дефинираат како брендирање. Во рамките на услугите понудени од многу графички дизајнери, брендирањето доби поголемо значење. Додека поимите се менливи, брендирањето е исклучиво поврзано со марката за идентификување или заштитното име на производот или услугата, каде корпоративниот идентитет може да има пошироко значење поврзано со структурата и етосот на една компанија, како и за нејзиниот надворешен изглед. Графичките дизајнери често се дел од тимот којшто работи на корпоративниот идентитет и брендирањето на проектите. Другите членови од тој тим го сочинуваат комерцијалисти, консултанти за комуникација и рекламни автори.
Учебниците се дизајнирани за да претстават предмети како географија, наука и математика. Овие изданија содржат нацрти кои илустрираат теории и дијаграми. Како пример на графика упоребена за едукација ќе го спомнеме дијаграмот на човечката анатомија. Графичкиот дизајн се применува во образовни материјали со цел да ја направат информацијата подостапна и поразбирлива.
Графичкиот дизајн се применува во забавната индустрија, односно во декорирањето, сцената и визуелното раскажување на приказната. Дизајнот за забавни цели се применува и во романи, стрипови, ДВД корици, при најава и завршеток на филм и програми, и реквизити на сцена. Може да вклучи и илустрации (печатење) на облека и други испечатени предмети за продажба.
Од научни списанија до пренесување на вести, презентацијата на мислењето и фактите често се пренесува графички и преку мисловни композиции на визуелни информации, познати како информациски дизајн. Дневните весници, списанијата, блоговите, телевизијата и документарните филмови можат да употребат графички дизајн при информирањето и забавата. При употребата на веб страните информациските дизајнери ја користат програмата Адоб Флеш (Adobe Flash) за илустрација на изгледот на нови вести.
Способности
уредиЕден графичко-дизајнерски проект може да вклучи стилизирање и презентација на еден постоечки текст и која било веќе постоечка изложеност во слика или слики создадени од графичкиот дизајнер.
На пример, за една сторија во дневен весник се задолжени новинарите или фоторепортерите, а потоа работата на графичкиот дизајнер е да создаде прифатлив изглед за страната и да воочи ако се бараат некои други графички елементи. Во натписите во списанијата или рекламите графичкиот дизајнер или уметничкиот директор често им даваат задача на фоторепортерите или илустраторите да создадат оригинални дела за да се здружат во создавањето на дизајнерскиот нацрт. Дизајнерот може да употреби веќе постоечка слика или фотографија. Современите дизајнерски вештини се проширија преку современиот компјутер. На пример, при употребата на ТШГТКД (тоа што го гледате тоа и го добивате - англиски: WUSIWUG - what you see is what you get) корисникот се соочува со интерактивен дизајн или мултимедијален дизајн.
Визуелна уметност
уредиПред да бидат употребени во дизајнот, графичките елементи мора да настанат со помош на визуелно-уметнички вештини. Овие графики се често (но не секогаш) создадени од страна на графичкиот дизајнер. Визуелната уметност вклучува изработки кои по природа се визуелни, користејќи сè, од традиционален медиум до фотографија или компјутерски применета уметност.
Типографија
уредиТипографијата е сочинета од уметност, занает и техники на типот на дизајн, приспособување на стилот на глифови и тип на подготовка. Типот на глифови (букви) се создадени и приспособени за користење на разновидни илустрациски техники. Подготовката на определениот тип вклучува избор на печатарски слогови, големина на точки, должина на линии, простор меѓу редови и простор меѓу букви.
Типографијата се изведува од страна на графичари, сложувачи на текст, типографичари, уметнички директори и канцелариски работници. Пред појавата на дигиталната ера, типографијата била специјализирана струка. Дигитализацијата ја направи типографијата достапна за новите генерации на визуелни дизајнери и нестручни корисници.
Изглед на страница
уредиАспектот за изгледот на страницата на графичкиот дизајн претставува уредување на елементите (содржината) на страната, како што е вметнувањето на слика и текстуалниот нацрт и стил. Започнувајќи од раното рачно украсување на рачно напишани книги во средниот век и продолжувајќи со усложнување на современите нацрти на списанија и каталози, структурното дизајнирање на страници веќе долго се изработува во испечатена форма. Во печатените медиуми, елементите обично вклучуваат букви (текст), слика (фотографија) и графичко пополнување на текст за елементи кои не се печатени во боја, како со калап/ласерско сечење, печатење со станиол или релјефно врежување.
Интерфејс дизајн
уредиУште од појавата на светската интернет мрежа и еволуцијата на компјутерскиот софтвер, многу графички дизајнери се вмешаа во интерфејс дизајнот. Ова вклучува веб и софтверски дизајн, каде интерактивноста на крајниот корисник се зема предвид за нацртот или интерфејсот (поврзувањето). Комбинирајќи ги визуелно-комуникациските вештини со интерактивно-комуникациските на корисникот и онлајн (англиски: online) брендирањето, графичките дизајнери често работат со софтверските и веб програмери за да го создадат изгледот на веб страната или употребата на софтверот и да го прошират интерактивното искуство на корисникот или посетителот на истата. Важен аспект на интерфејс дизајнот е дизајнот на симболи.
Печатење
уредиПечатењето е процес на изработување на уметнички дела преку печатење на хартија или други материјали и површини. Освен во случај на монотипивање, процесот е оспособен за произведување на многубројни примероци од истото дело и се нарекува печатење. Секое парче е оригинално затоа што не е копија на друго уметничко дело и технички е познато како отпечаток. Боењето или пак цртањето создаваат уникатно единствено уметничко парче. Графиката се создава од само една едиствена површина, технички позната како матрица. Познати типови на матрици се: метални плочи, обично од бакар или цинк за гравирање или офорт; камен кој се користи за литографија, дрвени блокови за гравури, линолеум за линолеумски гравури и фабрички плочи за отпечатување на екран. Испечатените дела од една плоча, секое потпишано и изброено, формираат едно ограничено издание. Печатените дела може да се издадат во книжна форма како уметнички книги. Едно печатено дело може да биде производ на една или повеќе техники.
Хроматографија
уредиХроматографијата е област која објаснува како очите ја перцепираат бојата и како да се објаснат и организираат боите во печатачот и на екранот. Мрежницата на окото е покриена со два светлосни рецептора наречени стапчиња и конуси. Стапчињата се чувствители на светлина, но не и на боја. Конусите се помалку чувствителни на светлина, но одлично ја перцепираат бојата.
Алатки
уредиУмот можеби е најважната алатка на графичкиот дизајн. Покрај технологијата, графичкиот дизајн бара осмислување и креативност. За дизајнерските нацрти и изведби се бара критично, надгледувачко, квантитативно и аналитичко мислење. Ако извршителот целосно го следи само решението (на пр. скицата, сценариото или инструкциите) овозможено од друг дизајнер (уметничкиот директор), тогаш тој нема потреба да го ангажира дизајнерот.
Методот на презентирање (уредувањето, стилот, медиумите) може да е еднакво важен за дизајнот. Нацртот е создаден со користење на традиционални или дигитални алатки за менување на слика. Соодветното усовршување и алатки за презентација може да го сменат начинот на тоа како публиката прифаќа еден проект.
Во средината на 80-тите години со појавата на компјутерското издаваштво и апликациите за софтвер за графичка уметност донесоа генерација на дизајнери за ракување со компјутерски слики и дела кои претходно биле рачно изведувани. Компјутерскиот графички дизајн им овозможува на дизајнерите веднаш да ги воочат ефектите на раликите во нацртите или типографијата и да ги симулираат ефектите на традиционалните медиуми без потреба од голем простор. Како и да е, традиционалните алатки, како што се моливи и маркери се користат дури и кога компјутерите служат за крајниот производ; дизајнерот или уметничкиот директор можат рачно да скицираат бројни концепти како дел од креативниот процес. Некои од овие скици можат да му се понудат на клиентот за одобрување на почетната фаза, односно дизајнерот тоа го прави пред да ја развие целосната идеја користејќи компјутерски и графичко-дизајнерски софтверски алатки.
Компјутерите се незаменлива алатка во индустријата на графичкиот дизајн. Креативните професионалци ги сметаат компјутерите и софтверските апликации за поефективни алатки, отколку традиционалните методи. Како и да е, некои дизајнери продолжуваат да ги користат вообичаените и традиционални алатки за продукција како што тоа го прави Милтон Глejсер.
При процесот на експериментирање со алатки и методи може да дојде до раѓање на нови идеи. Некои дизајнери ги истражуваат идеите користејќи молив и хартија за да ги избегнат ограничувањата при користење на какви било компјутерски фонтови, графика и стандардни слики, или изведувачки филтри (пр. Каис Пауер Тулс - англиски: Kai’s Power Tools) кои се достапни во секаков облик.
Други дизајнери користат многу поразлични алатки и извори, од компјутери до застарени техники со цел да дојдат до инспирирачка креативност. Една од главните особини на графичкиот дизајн е тоа што од една сликовна селекција се создава алат со цел, на најдобар начин да се пренесе правото значење.
Компјутери и креативниот процес
уредиПостојат дебати за тоа дали компјутерите помагаат при зголемување на креативниот процес на графичкиот дизајн. Брзата компјутерска обработка им дозволува на многу дизајнери брзо да доаѓаат до повеќе идеи, со повеќе детали отколку што би можело да биде постигнато преку традиционална рачна изработка или прекопирање на хартија движејќи го побрзо дизајнерот низ креативниот процес. Сепак соочувањето со неограничените избори не може да помогне во изборот на најдобро дизајнерско решение и може да доведе до бескрајни повторувања, без крајно дизајнерско решение.
Графичкиот дизајнер може да користи скици со цел да добие побројни или комплексни идеи побрзо без софтверските попречувања и компликации. Рачно изработените концепти често се користат со цел да се дојде до одобрување на идеја, пред дизајнерот да посвети време за да ги создаде завршните визуелни ефекти на компјутер или со прекопирање. Истите кратки скици или груби нацрти на хартија можат да бидат употребени за побрзо да се усоврши и изведе идејата на компјутер преку комбиниран процес. Овој комбиниран процес посебно е корисен во дизајнирањето на лого каде софтверската научна крива може да одземе многу од креативниот мисловен процес. Традиционално комбинираниот процес на дизајнерско-компјутерска преработка може да се употреби за слобода во нечија креативност при нацртот на страната или создавањето на сликата.
Во почетоците на компјутерското издаваштво, многу „традиционални“ графички дизајнери немале потреба од познавање на компјутерската технологија при реализирање на своите идеи, затоа што најчесто се потпирале на компјутеските вештини на продуцентите. Сепак оваа вештина не била многу употребувана заради појавата на компјутерското издателство пред 30-тина години.
Денес употребата на компјутери и графички софтвер се изучува на повеќето курсеви за графички дизајн.
Надворешни врски
уреди- About.com graphic design page
- American Institute of Graphic Arts
- Design Encyclopedia (The)
- Graphic Arts Guild
- Government Graphic Design Statistics Архивирано на 11 јануари 2012 г.
- Graphic design job definitions Архивирано на 1 декември 2008 г.
- Icograda (International Council of Graphic Design Associations)